Generated by IJG JPEG Library
Потребно време за читање: 2 минути

Станува збор за општествено уредување во кое владеат мајките кај примитивните народи.Ваквото семејно или општествено уредување понекогаш се мозначува и како гинекократија или гинократија. Во нео потеклото на децата и наследното право се одредуваат според женската лоза (матрилинеарност). На пример, во еврејските халашки традиции за Евреин се смета само она лице што го родила Еврејка. Таквата традиција еврејското потекло се пренесува од мајките на нивното потомство.

Матријархатот исто така се разликува и од матрилокалноста која антрополозите, вклучувајќи ги и популацискитер генетичари ја употребуваат за пијавата кога авторитетот на мајката е решаваки во семејните и локалните односи, односно кај што мажи од други семејства илилокални популации се приклучуваат на семејството на жената, односно на локалната заедница. Во балканските прилики таквите сопрузу се познати како домазети. Спротивната појава, т.е. помасовната мажачка (премин) на жените/женките во друга локална популација или група се означува како патрилокалност, а е мошне изразена во руралните локални популации.

Прочитај и за ... >>  Кинеските династии Минг и Ќинг

Јохан Јакоб Баховен (1815-1887), швајцарски антиквар, правник и антрополог, го поставил тврдењето дека луѓето на почетокот живееле во полни односи без никакви огради, дека за сигурно татковството можело да се смета само според мајката и оти на неа, како единствен сигурен родител, ѝ се укажувани посебно почитување и углед.

Меѓутоа, Баховен мисли дека на натамошниот развој влијаело воведувањето на нови божества и култови, па така изградил став дека развојот на реалните животни состојби создал христијански промени во односот на мажот спрема жената.

Во своето дело „Древно општество“ (1871), Луис Хенри Морган (1818-1881), американски етнолог и социолог, во своето дело „Древно општество“, објавено во 1871., посветено на животот на американските Индијанци, открил низа важни докази за постоењето на првобитниот матријархален генс како неопходен развоен степен на матријархалниот генс на културата на народите, па тие промени ги објаснил историско-материјалистички.

Врз тие темели, Енгелс во „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ (1884) смета дека тоа откритие „има за предисторијата исто значење како Дарвиновата теорија на развојот на биологијата и Марксовата теорија на вишокот на вредноста за политичката економија“.

Прочитај и за ... >>  Кратка историја на пушењето

Матријархатот, кој претежно владеел од најнискиот степен на дивјаштвото до средниот степен на варварството, бил укинат дури со појавата на приватната сопственост и новата поделба на трудот, па така промените во општествената и економската структура се одразиле во разни степени на развојот, се до подоцнежниот моногамен брак.

Некои подоцнежни писатели (Фергусон, Леперт, Грос и други) оспоруваат дека матријархатот бил во сите земји првобитен облик на односи во семејството, а некои дури сметаат оти тој воопшто не постоел. Меѓутоа, не можело да се оспори фактот дека бракот пред својот моногамен облик минал низ различни фази на развој, во согласност со променетите форми на материјалното производство и поделбата на добрата, како и со придржуните облици на општествените односи.

Дали денес може да се зборува за „современ матријархат“, макар во зародиш? Судејќи според односите помеѓу мажот и жената (еманципација), „слободите“ во брачните односи, па и научните опити (и практики) во „нови производства“ на мајчинството…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here