ИЗВОРИ ВО СТЕНИ (НЕКОГАШ ИГРА II), стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

23. Замисла или само желба

Сакам да те видам
да те видам коњ!
И тоа како
бесцелно трча
низ празна улица
од кал и камен,
а по него народ.

Ете, коњ си!

Утре пес што лае
на сенки од дрвја
извишени до небо
во длабока шума
од којзнае
колку векови.

Пес си!

Сакам да те видам
да те видам око!
И тоа дури на полноќ
сум буден
за да не те досонам
надежна, па залезна.

Око си!

Всушност,
само уште една
победа на достојание
и верба
во живот достатен
помеѓу
воздив и издив.

 

Leave the first comment