Потребно време за читање: 2 минути

Сен Џон Перс, (вистинско име Алексис Сен-Леже) е француски поет и дипломат, роден на 31. мај 1887., умрел на 20. септември 1975. година, се смета за еден од најголемите претставници на тн. интелектуалистичка поезија, со главни карактеристики: археолошки, етнолошки и филозофски инвентар, историски евокации, музејски драгоцености и ретки зборови.

Треба да се потенцира неговиот интерес за прадамнешни цивилизации, траги на човекот во песокта на пустината, хиероглифите и гробниците, кинеската епиграфија и легендите на Истокот, Конфучиј и Лао Це.

Неговите книжевни дела се објавени дел под вистинското име, но главно под псевдонимот С. Џ. Перс и Сен-Џон Перс. По песните кои ги отсликуваат впечатоците од неговото детство, во 1924., во текот на престојот во Кина го пишува своето најпознато рано дело „Анабаза“, кое на аглиски го преведе Томас Стренз Елиот.

Станува збор за епска песна која заинтригира многумина критичари и ги наведе да сугерираат дека човек од Азија може полесно да ја разбере од еден западњак.

Прочитај и за ... >>  Историската аргументација

Раната поезија на Перс, пишувана пред неговата дипломатска кариера, го одразува влијанието на симболизмот, а сопствен стил во поголема мера ќе развие подоцна. Поетскиот јазик, што ги одликува јаснотија и прецизност, литургиски метар, егзотични зборови, е тежок и тешко пристапен на пошироката читателска публика. Го споредуваат со Артур Рембо.

Најголемиот дел од неговиот опус е напишан по преселувањето во Америка: „Егзил“- 1942, „Песна за странкиња“-1943, „Дождови“-1943, „Снегови“-1944, „Ветришта“-1946,„Морекази“-1957, „Хроника“-1960.

Оваа поезија поприма и подлабок личен тон. Поетот има силно уметничко чувство за перфекција и симетрија, во исто време интелектуален и страстен. Кај некои критичари е олицетворение на францускиот дух.

Од неговиот животопис мошне значајна е дипломатската кариера, што ја започнал на Далечниот исток на 27 години, како секретар на француската амбасада во Пекинг, а потоа заземал високи позиции во француското Министерство за надворешни работи. Учествувал во сите поважни меѓународни политички конференции помеѓу двете војни. Во 1940. заминува во Англија, потоа во САД, а во 1941. е именуван за конзерватор на Конгресната библиотека во Вашингтон. Во Франција се вратил во 1958. година.

Прочитај и за ... >>  Хипократ

По неговата смрт во 1975. делото на Сен Џон Перс е почестено со бројни награди, вклучувајќи ја и Нобеловата за литература во 1960. година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here