Потребно време за читање: < 1 минута

Инструментацијата значи сложување, усогласување, спротивставување и меѓусебно комбинирање на одделни инструменти и инструментални групи при компонирање на музички дела за поголем инструментален состав, посебно оркестар, за со тоа да се оствари одредена звуковна целина.

За да се инструментира подобро, потребно е композиторот да е способен верно да ги доловува во главата боите и да регистрира разни инструменти.

Во музичката терминологија поимите инструментација и оркестрација понекогаш се обработуваат како синоними или, пак, се диференцираат, па под инструментација се разбира студија и вештини на употреба на секој одделен инструмент во ансамблот, а под оркестрација усогласување на сите инструменти во целина.

Решавачки фактори на инструментацијата се техничко-изведувачката можност на секој одделен инструмент, неговиот распон, боја, карактер, специфичните звучни својства, како и звучниот учинок на инструментални комбинации; со тоа е тесно поврзана и звуковната рамнотежа, т.е односот на јачината и бојата во рамките на инструментите од иста и различни групи. За разлика од инструментацијата како креативна тонска реализација на музичките замисли на композиторот, постои и преработка за оркестар на дела првобитно напишани за некој помал состав или солист (клавир, квартет).

Прочитај и за ... >>  Каунт Бејзи

Вештината на инструментацијата се развива дури од периодот на барокот напоредно со осамостојувањето на инструменталната музика и со изградувањето на оркестралниот состав. бојата.

Напоредно со развојот на оркестарот и инструментацијата станувала се посложена, за на почетокот на 20. век понекогаш да се сведе просто на маска зад која се криела сосема безначајна музика.

Класичен пример за изучување на уметноста на комбинирање на боите претставува предиграта за операта „Лоенгрин“ на Рихард Вагнер.

Учебници за инструментаицјата меѓу другите напишале Берлиоз, чие дело „Третирање на инструментацијата“ подоцна го модернизирал Рихард Штраус, а делото на Егон Велес „Нова инструментација“ дава важни податоци за стилот на инструментирањето во последните 30-тина години.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here