Потребно време за читање: 2 минути

Официјални лица во ЕУ, задолжени за безбедноста во сообраќајот, се обидуваат да ја реализираат идејата за укинување на сообраќајните знаци, а што возачите и пешаците во градовите би ги принудило да комуницираат на “природен начин”-со мавтање на рацете, со кимање на главата или со погледи.

Еден германски бизнисмен дошол на оригинална идеја како да заработи: отворил агенција за раздвојување на парови. Кој не знае како, може да му се обрати. Адресата нека ја побара во Германија.

Важи за мажите: што почесто гледајте големи женски гради (голи, а може и “облечени”). Ептен е здраво. Го породолжува животот!

Европска визија: сообраќајна „саморегулација“

-Не би имало забрани на ограничување на брзината и знаци на предупредување. Ваквиот проект моментно е во тест фаза во 7 градови и региони на Европската унија, каде што е “расчистена” шумата од сообраќајни знаци што се укинати. Помеѓу пилот-градовите се Ејби во Данска, Ипсвич во Англија и Остенде во Белгија.

Прочитај и за ... >>  Живот во согласност со вредностите

Психолозите сметаат дека регулацијата на сообраќајот, каква што денес постои во ЕУ, е претерана. Само во Германија постојат 648 различни сообраќајни знаци. Тоа е, тврдат тие, сосема контрапродуктивно, оти истражувањата покажаа дека возачите игнорираат околу 70% од предупредувањата и известувањата.

Заговорниците на новиот модел на сообраќај веруваат дека единствен излез е да им се даде на возачите повеќе слобода и да се охрабрат самите да преземат повеќе одговорност. Тие бараат улиците да бидат како средновековните, а тоа го правдаат со тврдењето дека возачите возат повнимателно само кога ситуацијата е несигурна.

„Откачена“ агенција

-Господинот Бернд Дреслер во својата агенција им нуди помош на сите кои сакаат да прекинат со своите партнери, а не знаат како тоа да им го соопштат. За услугата „Вест за прекинот преку телефон” Дреслер, кој самиот се нарекол „Терминатор“, наплатува 20 евра. Доколку странката сака тој лично да се соочи со нејзиниот партнер ќе треба да плати 50 евра.

Прочитај и за ... >>  Знаењето и волунтаризмот*

Дреслер смета дека неговата агенција е еден вид „контра агенција за спојување“, па смета оти и спротивните агенции ќе профитираат од нив. За да почнете нова врска, морате да ја прекинете старата.

Оние што му се обраќаат на Дреслер не сакаат да ги видат своите партнери поради што бараат помош од агенцијата, а во формуларот мораат да наведат 3 причини поради кои сакаат прекин на врската.

Мажи, спас за вас од инфаркт и мозочен удар: гледајте бујни женски гради!

Во три болници во Франкфурт Д-р Франц Епинг со своите колеги 5 години истражувал колку е здраво и лековите гледањето на бујни женски гради од страна на мажите, особено за продолжување на животот.

Според нивното мислење односно покажаните резултати, мажите постари од 40 години можат значително да го избегнат ризикот од инфаркт и мозочен удар ако секојдневно гледаат големи женски гради. Тие препорачуваат барем 10-тина минути гледање дневно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here