Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 6 минути

За многумина идеална жена не постои, дури сметаат дека „потрагата“ по неа е смешна, апсурдна. Одоговорот на прашањето „Што е идеална жена?“ е најчесто личен, тргнува од личното искуство („За мене…“).

Меѓутоа, во светот се правени и се прават обиди, некои со, а некои без поголеми претензии, да се „наслика“ идеалната жена. И тоа не навлегувајќи во општествената, економската, правната или некоја друга положба.

На пример, во Хрватска Центарот за истражување ГФК Фрупа спроведе обемна „проверка“ на мислењето на граѓаните, а посебно на жените, и тоа во 1995., 2002. и 2007. година, за тоа како денес се доживува жената, односно што е тоа „идеална жена“. Добиена е интересна „слика“:

Се помалку луѓе во Хрватска совршената припадничка на поубавиот пол ја опишуваат како вработена жена/ домаќинка која работи на помалку одговорни места и се грижи за семејството и домот. Во 1995. со таква дефиниција на идеална жена се согласувале 39% од испитаниците, во 2002. тој процент се намалил на 35%, а во 2007. само 31% дале таков одговор.

Само 15% од граѓаните на Хрватска сметаат дека идеалната жена е домаќинка/ мајка која првенствено се посветила на своето семејство. Тој процент во 1995. изнесувал 24%, а во 2002. 14%.

Дека идеалната жена би требало да биде успешна вработена жена ангажирана во јавниот и/ или политичкиот живот, а за семејството и децата (ако ги има) да се грижи со помош на сопругот или некој друг, во 2007. мислеле само 5%. Интересно е дека во 2002. тој процент бил нешто поголем- 8%, а во 1995. само 4%.

Исто така, жените почесто од мажите ја гледаат идеалната жена како успешна и деловна- 41%, додека мажите идеалната жена почесто ја наведуваат како домаќинка и/ или мајка која му се посветува на семејството- 17%.

Во делот од истражувањето во кое само жените одговарале на прашања за идеалната жена, најголем процент-34% лани неа ја опишале како вработена жена/ домаќинка која работи на помалку одговорни места и се грижи за децата и семејството. Нешто помал процент-28% неа ја гледаат како успешна деловна жена која гради своја кариера (а за семејството се грижи со помош на сопругот или некој друг). За дефиницијата на идеална жена како жена домаќинка/ мајка која првенствено им се посветила на семејството и децата се одлучиле 24% од жените во Хрватска. Само 1% ја замислуваат како успешно вработена и ангажирана во јавниот и/ или политичкиот живот.

Треба да се наспомне дека испитувањата вршени во меѓувреме ги дале горе-долу истите резултати.

Интересна е и релацијата „добра-лоша девојка/ жена“, при што се „извлечени“ позитивните и негативните страни на едната и другата:

Позитивно кај добрата:

Таа е фина-ретко демонстрира моќ. Во нејзино друштво е пријатно и има позитивни погледи на светот. Внимава на вас кога сте болни или кога имате некој проблем, расправа смирено наместо да вреска само затоа што сте маж. Не бара многу- со ограниченото сексуално искуство нема со кого да ве спореди и нема да очекува да бидете љубовник од светски ранг. Не изневерува- го сака домот, а не журки. Бидејќи не се претставува како сексуално суштество, не морате да се грижите дека мажите ќе и се нафрлуваат. Добрата девојка сака да најде вистинска љубов и да остане со тој маж додека смртта не ги раздели. Ќе ви биде најдобар пријател-ќе ужива во ваше друштво и ќе ви се дава бескомпромисно. Кога ќе заминете на пат ќе и недостасувате, кога сте дома ќе ви подари внимание. Не е комплицирана кога се финансиите во прашање- мошне е извесно дека ќе сака да ги дели трошоците, а ако сте во брак радо ќе извади кеш за заедно да ги платите сметките. Добра е сопруга и мајка-практична, приземна и грижлива. Обожува деца. Обично потекнува од добро семејство и во новото сака да ги пренесе вредностите што ги усвоила во своето матично.

Негативно:

Безбојна е како сладолед од ванила. Радо ќе остане дома и ќе чита книга, отколку да отиде на журка. Сексуално е ограничена, често здодевна в кревет, било поради недоволното искуство или поради недостиг на желба. Сексот со неа е предвидлив. Ретко ќе ве инспирира и веројатно ќе чека вие да ја иницирате љубовната игра. Поради тоа ќе бидете неисполнети. Не се труди да изгледа убаво- обично косата и е врзана и става минимум шминка на лицето. Најчесто носи џемпери и патики, наместо мини здолништа и чевли на штикла. Додека сте со неа, заборавете на танги.

Позитивно кај лошата девојка/ жена:

Забавна е-може да се забавува цела ноќ, пие како смок и следниот ден ќе биде подготвена за уште. Се смее, флертува и прави да се чувствувате како вистински маж. Возбудлива е-го крева нивото на адреналинот. Нејзиниот живот е „ролер костер“ и крвта ќе ви ја разбрани само ако тргнете на возење. Таа нема време за интроспекција или депресија. Презафатена е обидувајќи се да ја фати есенцијата на животот. Го сака сексот- ги сака мажите и тоа не го крие. Повеќе од задоволна е кога ќе добие можност да ви ги исполни сите сексуални желби. Во состојба е да ги искине чаршавите додека го доживува седмиот оргазам во низа (ќе се чувствувате како крал на светот на еротиката). Плус, нема да морате да размислувате оти таа сака да заведува. Згодна е-обично исклучително атрактивна, и тоа не поради убавината во класична смисла на зборот, туку затоа што знае како да се носи. Кога чекори таа лебдее и се витка, а се што ќе облече е неверојатно секси. Сака да биде во центарот на машкото внимание. Обожува накит, високи потпетици, куси здолништа, самодржечки чорапи и секси долна облека (ако воопшто ја носи). Ви го крева рејтингот- кога одите прегрнати на улица сите други мажи се љубоморни на вас, жените се љубопитни, а вашиот рејтинг расте до атмосферата. Ќе влезете во легенда кога на пријателите ќе им ги раскажете случките од спалната соба.

Негативно:

Не може да ѝ се верува-сите мажи ја сакаат и таа е свесна за тоа, па дефинитивно флертува во серии. Со оглед дека е опседната од секс, заведува секого што ќе обрне внимание на неа. Поради тоа не очекувајте да биде лојална. Опасна е-таа е тип на жена која ќе јури со 200 на час таму каде што оганичувањето е 60, само затоа што сака брзина. Можеби консумира дрога или големи количества на алкохол. Спонтана е, непредвидлива и дива. Таа е лош партнер- мошне себична и обземена со себе си. Екстравагантна е и ќе ја потроши последната пара на себе. Не се смирува радо. Поради тоа е обично ужасна сопруга и мајка, и ретко има долготрајни врски. Скапа е-од првиот ден од вас ќе бара да ја водите во скапи ресторани, на патувања и да и купувате накит. Таа на непосреден начин го наплатува сексот и тоа скапо, а ако не сте при кеш ќе има „на лагер“ многу други мажи кои радо ќе ги инвестираат своите пари.

Се разбира, следува дилемата која да се избере.

Според сето наведено за добрата и лошата девојка/ жена, очигледно е дека идеалната би била онаа што ги има најдобрите карактеристики од едната и другата. На пример, добрината и лојалноста на добрата и сексуалната зависност на лошата. Таквата жена во надворешниот свет веројатно постои, но е поголема веројатноста дека ќе морате добрата девојка/ жена да ја претворите во лоша. Како?

Не е лесно, со оглед дека на добрите мозокот обично им го „перат“ мајките, професорите и други авторитети кои ги научиле дека лошото секогаш значи погрешно. Трикот е во тоа да ја охрабрите и поттикнете нејзината природна сексуалност. Направете да се чувствува пријатно додека водите љубов. Додворувајте и се. Кажете и дека е сензуална кога ве заведува или ги исполнува вашите сексуални фантазии и оти уживате кога вие и ги исполнувате нејзините.

Значи, иако лошите девојки се возбудливи, тие обично се за краткорочни шеми. Ако можете да најдете добра девојка и да ја преобразите во некој што одвај чека секс и ужива во него, веројатно ќе ја најдете и идеалната жена за себе. И наскоро ќе дочекате добрата девојка да ве праша: „Кога?“

Ете така, тоа и, во оваа пригода, толку од народот, стручњаците и „стручњаците“ за идеалната жена.

А најчесто присутна-пренесена информација (или повеќе занимливост) на Интернет е онаа со наслов „Идеална жена за 6.800 долари“, објавена во 2008. на сајтот http://www.mtsmondo.com. Да не бидеме „покуси“ од другите, ја пренесуваме и на нашиов:

Замислете русокоса со совршено нежна кожа, која зборува неколку јазици, рецитира поезија, добра готвачка е и уште подобра љубовница. Таа никогаш не префрлува, ги исполнува сите фантазии и не е љубоморна. Верувале или не, таква жена постои, а може да ја поседува секој што има 6.800 долари.

Се работи за андроид кој е направен во Германија, во Нирнберг. „Совршената дама“ има синтетичка кожа која е мошне слична на човечката, вградени сензори со кои го препознава „својот маж“, а освен што оди и готви, таа и зборува, и тоа само она што вие сакате да го слушате.

Куклата се прави по нарачка, па така „младоженецот“ може да и ја избира бојата на очите и косата на својата „драга“, но и фризурата, височината, големината на градите, усните, колковите…

Меѓутоа, со оглед на тоа што не е само за в кревет и во кујна, нарачателот може да избере и какво образование „куклата“ ќе има- колку јазици ќе зборува, кои романи ги прочитала…

Можеби сево ова ви дејствува како научна фантастика, но не е. Дејвид Леви, авторот на книгата „Љубов и секс со роботи“, вели дека еволуцијата на човечкиот род подразбира дека во иднина човекот ќе води љубов со роботи. Тоа ќе се случи по најмногу 40 години, предвидува Леви.

Меѓутоа, секси куклите се многу популарни, за што сведочи бројот на посетители на сајтовите како што е realdoll.

Исто така, 50.000 Јапонци секојдневно доживуваат кулминација (се мисли на оргазам-заб.н.) преку Интернет, со електронска девојка. Дали барем половината од нив би си набавиле андроид само кога би можеле да го платат? Веројатно.

Инаку, првиот андроид е создаден во античка Грција, во 3. век пред новата ера. Пигмалион од слонова коска ја направил Галатеја, на која божицата Афродита и вдахнала душа.

Претходен написЛесно до развод? Ништо полесно. Само изберете и обидете се.
Следен написЧетири договори

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here