5.
Се собрале
љубови и надежи
грамадни, изворишни
крај бистри води
меѓу стени, меѓу гори,
како корени
што нема сила никоја
да ги искорени на сонце,
на плодно парче земја
обградено со планини
и нивни врвови до небо;
да му докажат на светот
дека се заедно посилни
од сонувања преполни
со сомнежи.
Дали тоа најпрвин?
Најпрвин се собрале
љубови и надежи
грамадни, изворишни;
зда си докажат на себеси
колку не можат,
а колку можат заедно
едни без други
сè до гаснење
на последен болскот
на умност нескротлива
пред мрачнина.