17.
Нежности и грубости
од стварен до заумен свет,
во корен на лична борба
за опстанок.
Собирани во него
со години, со векови,
низ секакви времиња
на докажување
на смислата на животот
создателен.
Не можат да се добројат,
ниту одново,
уште еднаш да се живеат,
пак да се преживеат.
Лична борба за опстанок
човечен
во корен помеѓу нив.