Суперјахта „Soverign“ Superjahta Soverign
Потребно време за читање: < 1 минута

Кино, базен, стаклен хелиодром, терен за голф и други придружни „луксузни ситници“ се само дел од суперјахтата „Sovereign“, долга 100 метри. Нејзината цена е 132 милиона долари.

Суперјахта „Soverign“

Фирмата „Gray Design“, специјализирана за суперјахти, лимузини и други визуелни екстраваганции, ја изгради „Sovereign“ (Господар) јахтата за оние кои сакаат да владеат со морето.

Се чини дека ниту големите приватни соби, 10-те апартмани за гости и елегантниот ноќен клуб не се доволни, бидејќи заедно со јахтата по желба идниот сопственик може да добие и лимузина со идентичен дизајн или кој било друг автомобил со кој можат да се возат по палубата. Се разбира, со специјалниот автомобил оди и специјална гаража.

Сопственикот на „Sovereign“ доби мебел што го дизајнирал „Армани“

За „скромната цена“-132 милиона долара, сопственикот на „Sovereign“ доби мебел што го дизајнирал „Армани“.

„Размислувавме за прототипот на лицето кое би се возело на јахтата и помисливме „Како тоа се вози на копно?“. Па, со лимузина. Така и дојдовме на идеја дизајнот на јахтата да го поврземе со дизајнот на лимузината и да направиме неверојатна комбинација која е единствена на светот“, изјавил директорот на „Gray Design“, Едвард Греј.

Прочитај и за ... >>  Изострете го шестото сетило

Јахтата исто така ги исполнува еколошките стандарди, зашто поседува огромни турбини кои произведуваат електрична струја.

Единствена работа која „Господар на морето – суперјахта „Soverign““ не ја поседува е, за жал, брзината. Имено, суперјахтата достигнува најголема брзина од 30 јазли, што е всушност прилично брзо за пловило со оваа големина, но разочарувачко за големите љубители на брзината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here