Дома Vox populi - гласот на народот Умност Горделивост – надуеност и суета

Горделивост – надуеност и суета

292
Горделивост - надуеност и суета Gordelivost - naduenost i sueta
Потребно време за читање: < 1 минута

Околку нас толку многу горделиви-надуени и суетни луѓе, што веќе не можеме да ги догледаме достоинствените, умните, вредните – вистински големите. Дури, сѐ потешко ги препознаваме оти се сѐ подалеку од нашата минливост.

Тешко нам со горделиви-надуени и суетни луѓе, а без големи-поголеми од нас. Всушност, ни нема спас.

Рекле за горделивоста – надуеноста и суетноста

Горделивоста не ја исклучува остроумноста, но ја деградира.
Роналд Колман

Горделивоста ги раздвојува луѓето, скромноста ги привлекува.
Анри-Доминик Лакордер

Суетата е ознака на медиокритетот.
Лук д Клапиер Вовенарж

На стеблото на суетата цутат инфаркти.
Душан Радовиќ

Горделивоста на малите е во тоа што непрестано зборуваат за себе; горделивоста на големите е во тоа што за себе не сакаат да зборуваат.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Најопасно оружје-тоа се луѓе со мал калибар.
Виеслав Бруджински

Горделивоста нема да влезе во блаженото престојувалиште.
Мухамед

Прекумерната горделивост е ознака на ситни души.
Иван Тургењев

Лажната понизност е вистинска горделивост.
Блез Паскал

Најлоша е онаа горделивост што се вознесува со лажна скромност.
Марко Антониј Аврелиј

Малиот човек прави голема грешка, ако на голем човек му приговара за мали работи.
„Nepzsabadsag“, унгарски дневен весник

И најголемиот будала изгледа паметен кога не фали.
„Nepszabadsag“

Горделивоста доаѓа пред пропаста, надменоста пред падот.
Библија