60. Така е!
Трезен и пијан творец се тетеварат среде пуста улица во доцен ноќен час.
Трезниот:
-Веќе ништо не ми значи дека творештвото не ми е признато.
Пијаниот:
-Така е! А мене не ми значи дека ми е признато.
Трезниот:
-Да, ама тебе ти е признато совреме.
Пијаниот:
-Така е! Па што?
Трезниот:
-Како што? Ти живееш, а јас живуркам.
Пијаниот:
-Така е! Ама со тебе сум, што значи дека заедно живуркаме.
Трезниот:
-А од кого, пак, да чекам да ми го признае кога-тогаш?
Пијаниот:
-Така е! Ти се чудам. Кога ќе умреме, делата наши или ќе умрат со нас или ќе живеат по нас.
Трезниот:
-Така е!…Ти изгледа многу испи.
Пијаниот:
-Така е!
Завладува молк меѓу нив. Продолжуваат да се тетеварат среде пустата улица.