ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 171-175

Потребно време за читање: < 1 минута

171. Блажина

Благогласен блесок благотворен.

172. Положба

Исправен пред мојата конечна цел.

173. Задуман

 Ова сè од мене уште може инаку.

174. Стануваме

Со време стануваме сè подалечни.

175. Дамна

Веќе дамна бевме негде заедно.