ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 61-65

Потребно време за читање: < 1 минута

61. Нагорниште

Последно нагорниште до спокој.

62. Ветар

Поддувнува ветар во шепоти.

63. Несоница

Сонува буден уште жив.

64. Чествување

Чествува народ свој голем деец.

65. Скрвавена

Отворена, скрвавена жива рана.