ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 246-250

Потребно време за читање: < 1 минута

246. Пакосни во заборав

Имало пакосни кон него, веќе неживи.

247. Слободна мисла

Гулаб освојува слободно небо.

248. Разбирливо

Мораш сам низ свои неизвесности.

249. Неосвестен

Мислиш дека уште можеш како било.

250. Последно време

 Ех, кога сè од тебе би завршило скоро.