501. ПРЕДЛОГ (остварлив во блиска иднина):
Формирање КЛУБ НА МАКЕДОНСКИ ВЕЛИКАНИ НА ЧОВЕЧКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА.
(Во блиска иднина формирање такви клубови низ целиот свет.)
И:
Македонија да ја доделува НАЈГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА НА СВЕТОТ:
СВЕТСКИ ВЕЛИКАНИ НА ЧОВЕЧКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА.
(Да ја доделува меѓународно жири составено од светски видни личности.)
502. На една дамнешна љубов неугаслива ѝ е роденден. Ѝ го честитам, посакувајќи ѝ најпрвин здравје.
503. Никогаш да не стоиш во место на својот пат.
504. Се смеам кога ќе слушнам или прочитам дека некој е стар, но духот му е млад. Човечкиот дух не старее.
505. Постоиш за оние за кои постоиш.
506. Правам сè што можам и знам, само за никому да не му пречам.
507. Дали човек побрзо старее кога е сам или кога не е со оној без кого не може да живее?
508. Се качуваше од магаре на коњ и паѓаше од коњ на магаре сè дури стоеше на свои нозе.
509. Не си му ни до глуждот, а го гледаш од високо!
510. Може слаб против јак само во борба за слобода и еднаквост.
511. Сè што е за човек му припаѓа на човек.
512. Од чекорот напред зависат стоењето во место и чекорот назад.
513. Кога-тогаш ќе си го повратиш сето она што ти е сосила одземено или украдено.
514. Сосе таена љубов во смрт.
515. На македонското „академско друштво“ (МАНУ) ем не му припаѓам ем не сакам да му припаднам.
516. Од творец колку-толку. Ни многу ни малку.
517. -Ти не си никаков творец!
-А какви се творците?!
518. Почитта не мора да е возвратена. Таа зависи исклучиво од лични критериуми. Не значи дека оние што не ги почитувам не се за почит.
519. Не можете ни да претпоставите колку ми е мило и драго што во Македонија не е признаено моето грандиозно мислечко и книжевно творештво. Несомнено единствено на светот според бројот и разновидноста на создадените дела.
520. Си се смеам зашто ми се смее.
521. Сам сум и самосвесен, па никој не ми може ништо.
522. Не разбирам зошто воопшто се занимавате со идиоти, неписмени политиканти и ветрогони.
523. Обзири, обзири, обзири…и спрема безобзирни.
524. Не што и како натаму, туку кои со кого.
525. Кога јас би се прашувал не би одговарал, туку би решавал прекуноќ.
526. Во чекор со мене само најблиски.
527. Минливо е сè што е менливо. Неминливото трае.
528. Создаден си за без престан да создаваш.
529. Мене ме нема никој. И тој што мисли дека некогаш ме имал.
530. Не е добро моето дело да е препознатливо во твоето.
531. Најважно во бизнисот е тој да не престане да се развива.
532. Човекот е човек кој е секогаш во хармонија со природата.
533. Љубов, спокој, ведрост-смисла на постоење.
534. И така, минуваш, поминуваш, заминуваш, се враќаш и те нема, па те има.
535. Вредноста на една награда најмногу завии од кој ја доделува. Награда од анонимни поединци и жирија е безвредна.
536. Постхумното признание е навреда и за мртвиот и за неговите потомци и наследници.
537. Зависноста најмногу зависи од докажаната независност.
538. И докажаното дело во времиња се докажува.
539. Животен век проживеан некако, измачувачки и докажувачки.
540. Е мој мртов пријателе, сè што си создал и стекнал му оставаш на потомството кое те заборавило уште додека беше жив.
541. Правата љубов живее во тебе и кога отишла во неврат.
542. Секој нов чекор најтежок, како прв.
543. Гнидите првин се истеруваат на виделина од сегде кај што се вгнездиле, па после се ништат.
544. Прашај се до кога и до каде е твоето минато, па потоа пробај да го заборавиш.
545. Утре почна денес, а ти си уште од вчера.
546. Нема „нова нормалност“. Има „нормалност за ново“.
547. Не се поразува сегде во светот досегашната политика, туку досегашното политикантство.
548. Не победува во светот некоја нова идеологија, туку дезидеологизацијата на владеењето со државата и нов квалитет на животот.
549. Еден човек може многу ако е човек.
550. Несомнено:
Беше љубов, одамна не си и нема да бидеш до смрт.
551. Не очекувај чистка однатре. Почни ти однадвор.
552. Реален:
Што да очекува творец за негово огромно творештво, единствено на светот во осма деценија живот?! Баш ништо!
553. Лесно се трошат туѓи пари, но уште полесно се заработуваат. На пример со слуганство и предавство.
554. Бедник се богати на туѓ грб.
555. И најмало и најголемо животно можат да бидат подобри од нечовек.
556. И што со испокраденото од народот? Ќе го криеш до смрт од него?
557. Добар политичар е пред сè друго реален и прагматичен.
558. Една опозициона гласноговорничка на говорница секогаш говори како да е сексуално запалена. А треба да е мртва ладна.
559. Предуслов за здрава власт е таа да знае колку е владеењето саможртвувачко.
560. Ако сме се сакале, нема зошто да се замразиме.
561. Со моето одење во неврат:
-или уништување (бришење на Интернет) на сето мое мислечко и книжевно творештво;
-или објава на сите мои дела наеднаш, и тоа за прифатлив авторски надомест (милиони евра).
562. Сум кажал-напишал, еве пак:
МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите) мене не ми треба зашто јас не му требам на МАНУ.
563. Моите дела никој не ги чита?! Па добро, и онака тие се маргинални, непризнаени.
Важно е колку се читаат вашите дела, писателишта!
564. Несомнено, се случува коренито престројување на светот. Вклучително или пред сè идеолошко.
565. Он секогаш користи зборови наместо. И кога зборува и кога пишува.
566. Многу често во животот сум стоел сам стамено на ветромет. И стојам.
567. Што од моиве години? Само нивната тежест.
568. Признавам, сè полесно мојата лутина ја совладувам со рамнодушност.
569. Си стојам и на зборот и на молкот во него.
570. Стар бел дедо:
На моиве години само живуркам самотно и создавам дела.
571. А зошто е важно како живеам без тебе?
572. Мојата нескротлива творечка енергија меѓу два воздива.
573. Најдолг растеж човеков: сè додека созрева.
574. Во секоја свесност и совест и лична одговорност.
575. Се вртиш во свој круг или те вртат во нечиј?
576. На достоинството секогаш му е блиска доследноста.
577. Сè повеќе сè на краток и среден рок, сè помалку на долг.
578. Немерлива е единствената љубов на осамен човек.
579. Најбрзо до цел придвижува автентичноста.
580. Нема кој не знае:
Никој не помага со пари без интерес. Макар само за да му биде пишано името. Прво интерес, па пари.
581. Веќе не е важно само со кого си, туку и за кого и за што.
582. Голем ум и творец-голем човек.
583. Ти студи околу срцето? Не е тоа. Голема грижа е.
584. Како е можно блиски да не се видат или слушнат многу време?
585. Само нездрави во умот му веруваат на безочен лажливец.
586. Молчи моја љубов. Не наша.
587. Учи за да разбираш.
588. Политичарите се најмногу контролирани од политикантите.
589. Нема никој што не го боли за никого и за ништо.
590. Времето не се враќа, но може да се повтори.
591. Не треба друго да знаеш за мене, освен дека сè уште постојам.
592. Допир, трепет и нежност. Пред или во занес.
593. За никого не е добро човек да е повеќе во човек, одошто надвор од него.
594. Се случува едновремено ново заедно и ново престројување на светот. За негов напредок.
595. Валкани лица глумат невини и наивни во партиска трагикомедија.
596. Најважни во трката на животот се почетната позиција и со кого си до догледна цел.
597. Никој не е сам во права љубов.
598. Пак од мене за мене како мислечка и творечка личност:
Воопшто не ме интересирта ниту објава на мое дело во печатен формат, ниту превод или препев на кој било странски јазик. Како што ништо не ми значи, а често го потенцирам само како неменлив факт тоа дека моето творештво, според бројот и разновидноста на делата единствено на светот, е маргинализирано и непризнаено во Македонија.
599. Колку помалку големи луѓе во твојот круг, толку тој помал и побезначаен.
600. Продадени души бездушни!
601. Сè што постои околу тебе е за тебе и со тебе.
602. Знам, но засега не сакам да знам.
603. Создателот никогаш не создава само за себе.
604. Пред последниот крај во животот, согледуваш дека нема ништо по него за крај.
605. Каде да си, и внатре и надвор, не дозволувај да излезеш надвор од себеси.
606. Сè што те засега никогаш не е отсега.
607. Саможртва најпрвин за личен и достоинствен живот на ближни.
608. И трае и трае и трае…сал љубов во тебе.
609. Стварно не знам зошто треба да го признаеш и почитуваш моето творештво. Тоа нему не му треба.
610. Искрено се радувам на секоја објава и каков било успех на дело на македонски творец. Тоа нема никаква врска со моите ставови за (не)објавувањето мои дела во Македонија и странство.
611. Зошто не се забранат НВО-ата кои непријателски дејствуваат во Македонија? Да не треба да се преиспитува нивното докажано „невладино“ дејствување?!
612. Ем тресе зелени ем јаде трици!
613. Партиска предаденост:
Ако за лидер на партија е избран идиот, и сите во партијата се идиоти.
614. Слеп при очи ќе остане слеп и ако му го нацрташ она што е очигледно.
615. Македонското новинарство одамна не е на ниски гранки, туку на колена.
616. Не прашува оној што не се прашува.
617. Си остарел, се однесуваш како дете, а детето одамна не е во тебе.
618. Невозможно е само една своја љубов да ја замениш со друга. Единствената.
619. Наеднаш пресврт? Да, за оној што совреме не ги согледал последиците и не ги разбира причините.
620. Сегашност во иднина:
Никакви заедници на држави, туку сестрана соработка на држави и општества.
621. Не барај помош дури не ти снеможи снагата.
622. Разбуди се од самодоволност и медиокритетство.
623. Човек во човек му помага на човек.
624. Кон животни цели со промислени чекори.
625. Материјална доволност-постојано духовно богатење.
626. Убавината на љубовта возбудува.
627. Твоето време слободно и творечко.
628. Твојата земја плодна и благородна.
629. Интерес со ум, разум, пред други и државотворност.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIV