252. Признавам само непрофитни (волонтерски) невладини организации. Докажано: СОРОС-овските не се без исклучок такви и во најголем број државни непријатели.
253. Самоизолација-единствена одбрана на личното достоинство и личната чесност. Особено на снеможен од премногу премрежја.
254. Од она што го слушам и следам, ми се чини дека премиерот и Владата се пред решителни чекори.
255. Во секој нов ден барем чекор напред.
256. Постојам додека животворам.
257. Се нашле во љубов млади и стари генерации.
258. Никогаш не сум раздавал мои емоции и тие никогаш не биле заробени во мене.
259. Се изложуваш на големи опасности со искреност и доверба.
260. Со добра мисла и заедно и разделени.
261. Толпа или се предводи или невидливо се организира, контролира и насочува.
262. Откога сум свој, ме обзема убавината.
263. Најнапред со култура и творештво нема стоење во место.
264. СДСМ и ДУИ речиси немаат членство!
Станаа минорни и маргинални партии на кои им претстои скорашна смрт-исчезнување од македонската политичка сцена.
265. Што е заедничко за науките и уметностите во МАНУ? Творечкото-творењето е доволно за заедно?
И натаму живо се залагам за „разделба“ и формирање на Македонска книжевна академија-МКА.
266. Не очекуваме ништо меѓусебно, зашто за нас е предоцна за сè.
267. Исти се животот и смртта само како неминовности.
268. Што можеш да сториш ти за мене? Можеш нешто ако сакаш.
269. Штедроста не е за оној што ја проверува колку вреди.
270. Има тајни кои сами се растајнуваат.
271. Добра година е онаа во која има знајни постојаности, малку исклучивости и краткотрајни неизвесности.
272. Избирам избор од не многу.
273. Тајна политика со далекусежни последици.
274. Најголеми доблести на љубовта: согласност, разбирање, споделување и спомагање.
275. Не прифаќам никакво помагање и ништо за возврат.
276. Во совршен свет сè и секој наместо. Зарем има таков?!
277. Можеби ќе ни беше полесно, мене и на моите блиски, ако не бев што сум.
278. Пишаниот збор е за паметење.
279. Секогаш малку траги на човек со свое потрошено време.
280. Со годините сè повидливо снеможење на ведриот дух.
281. Сакам да верувам, но сомнежот ми е голем, та преголем.
282. Никогаш не било, ниту може да биде нешто лесно за човек што работи за живуркање.
283. Најтешко е да молчиш љубов невозвратена.
284. Те огреало сонце по долга будна ноќ.
285. Родители, не им дозволувајте на вашите чеда да аздисуваат. Вие ќе бидете виновни за нивните гревови.
286. Едвај те препознав, човеку! Мора да си надминал многу големи премрежја што ти оставиле на лице толку длабоки лузни.
287. Во очај:
Жив или мртов-исто му се фаќа.
288. Непризнаено грандиозно творештво на стар бел дедо-бесмислено. Сеедно дали ќе се збрише или не.
289. Црни мисли на виделина.
290. Уште и уште и уште и…На издишување.
291. Недогледна празнотија пред последен збор.
292. Сечиј живот најмногу зависи од личната борба.
293. Пеколно и залудно се трудиш да имаш повеќе од други. Затоа што не те бидува за тоа што си го избрал.
294. Најмногу се лажеш себеси дека ти е сеедно кога воопшто не ти е.
295. Како е, така е кога веќе не може да биде инаку.
296. Обневидува човек кога ненадејно пред очи ќе му излезе занесна убавина.
297. -Што ти се случило, човеку, та да остариш толку брзо?!
-Премногу нечовечко, човеку.
298. Имај убав ден со драги луѓе, убавино.
299. Којзнае каде од никаде.
300. Одамна без престан создавам многу различни дела наспоредно. Со нескротлива творечка енергија.
301. Од мојот живот живот на дела животворни.
302. Освојувањето свои врвови е секогаш голем предизвик за секој творец.
303. Сè понеподнослива леснотија на урбано дивеење.
304. Убијци на улици меѓу богат живот и бедно живуркање.
305. На крајот само едно нешто-последно.
306. Никогаш со мене, зашто ништо од тебе за нас.
307. Немој ако сакаш, а не знаеш како.
308. Никој ништо за никого-никаде.
309. Ниту криеш, ниту правиш нешто скришно, ниту се криеш-а те следат! Да не е оти мислиш?
310. Човек и луѓе бараат човек.
311. Последно од велик:
Никаде го нема.
312. Те предупредував дека треба да достоиш на дадениот збор, но ти…онеме!
313. Се правиш наивен оти си итар.
314. Секогаш сјајна љубов бескрајна.
315. Неменливо против минливо.
316. Македонија треба да се гордее со моето творештво, единствено на светот?! Па таа не само што не го почитува, туку и не го познава!
317. Не ти треба многу ум и труд за никогаш, ни дома ни надвор да не го употребиш натуреното велепредавничко име на твојата земја.
318. Мора решителна и жестока борба за морал, етика, чесност, правда и вредности.
319. Довчерашните страховладеачи бесрамно јавно искажуваат будалаштини за сè и сешто.
320. Само со творечки вредности и дела можеме да бидеме почитувани и признаени во светот.
321. Јас без престан деноноќно создавам мислечки и книжевни дела. Недоволно во овие мои старечки години?!
322. Жив спомен до смрт на безмерна непорочна љубов.
323. Човек исправен и извишен никогаш не стои во место.
324. Без цел ден како година.
325. Тивок глас од далеку се слуша.
326. Времето е најмногу на страната на оној што не стои настрана од случувањата.
327. Беспомошен од петни жили се труди да помогне!
328. Што било било, откога веќе не може да биде.
329. Радувај се, човеку, дека ти е слободна мислата.
330. Љубов до смрт-непореклива жизнена сила.
331. Најлошо е неминовното да се одлага за некои подобри времиња. Затоа што можат да дојдат само полоши.
332. Прави луѓе во право време за право.
333. Пука по шевовите најчесто поради тесно скроено или надраснато во меѓувреме.
334. Народот бара не владеење и работење, туку владеачко работење.
335. Вредно богатство е она што е стекнато со долгогодишна чесна, саможртвувачка работа и создадени дела.
336. Не може вака, не може онака, но не може ни никако ни секако.
337. Секогаш сè зависи од навременоста и брзината на дејствувањето. Најпрвин кога се суди.
338. Мораме прекуноќ или нема спас за нас.
339. Неможна е случајна љубов. Напросто затоа што нема ништо случајно во љубовта.
340. Чесно е да кажете што не зависи од вас. Па и ако сè.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIV