Потребно време за читање: 3 минути

921. Личен став:
Корупцијата во Северџганијава е со епидемиски размери затоа што е таа држава на мафија; со натурена платеничка, предавничка и велепредавничка мафијашка власт (од „стратешкиот партнер“ и „меѓународниот фактор“)!
Не е можна ни краткорочна ни долгорочна борба против епидемиска корупција. Таа мора да се сосече во корен, со еден удар на меч!

922. Нас веќе ништо не може да нѐ изненади!
Од мафија на власт само криминал, корупција и тероризам.

923. Најефикасно комплексно оружје на актуелната мафијашко-велепредавничка северџганска натурена власт:
Лажење, замајување, притајување, молчење, замолчување, застрашување и кратко паметење.

924. Меѓу црно и бело најмногу сиво.

925. За творецот стварноста е секогаш наспоредна со заумноста.

926. Веќе здодевно:
Што ќе се случи со моето грандиозно-огромно мислечо и книжевно творештво? Зошто ниедно објавено кај нас или преведено и објавено во странство во хартиена форма?
Со него нема да се случи ништо!
Значи, тоа ништо не ми значи!

927. Дневната политика е во најголема мера политикантска.

928. Најмалку политика во затврден систем на лични права и одговорности.

929. Задоволството од создаденото или сработеното да е и мое и наше.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 165-206

930. Мафијашки дејанија:
Елиминација-тотална изолација-ликвидација.

931. Секое и најмало чистење мора да почне пред сопствениот праг.

932. Првин на октоподот да му ги исечете пипалата, а потоа да го обезглавите.

933. На пример, јас имам едноставна, а револуционерна идеја за долгорочен развоен “бум” на светската автомобилска индустрија!
Само на пример.

934. Јасно и гласно:
Книжевните „кругови“ не ме интересираат, книжевните награди и признанија не ме интересираат, книжевните манифестации не ме интересираат, издавачите не ме интересираат, ДПМ (Друштво на писатели на Македонија) не ме интересира.
Јас сум човек, мислител и книжевник. Со грандиозно творештво, ЕДИНСТВЕНО НА СВЕТОТ.

935. Не мириса крајот, туку неговиот почеток.

936. За долга борба се потребни решителност упорност, храброст, знаење, мудрост, сила и догледна цел.

937. Знаеш дека ти се ближи крајот, па веќе не знаеш ни што правиш ни што можеш добро само за себе да направиш.

938. На човек во години сѐ повеќе ем мразни ем бессони ноќи и денови.

939. Ако се сретнеме случајно, ќе се разминеме ли како меѓусебно непрепознаени затоа што некогаш сме биле во љубов?

940. Нема кој не знае што се случува и што вам ќе ви се случи скоро. Неминовно.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 557-615

941. Просто да не верува човек! Власта се плаши од старец, виден мислител и творец, па атакува на неговата слободоумност и се обидува да го уплаши!

942. Веќе ви се открива сокриеното и ви се мери откриеното. Скоро ќе почне да си го добивате заслуженото.

943. Јас сум мислител и творец, со грандиозно и единствено творештво на светот, а вие, слуги, платеници и мафијаши на власт, никои и ништо.

944. Од вас ништо, со вас ништо, за вас ништо. Дека сте ништожни.

945. Јас оставам неизбришлива трага, а вие скоро во бестрага.

946. Невозвратена љубов незаборавна. Што трае.

947. Од каде таа горешта потреба на страховладејачите да владеат со народ? Од патолошки страв од него.

948. Човек во борба за живот и свое време.

949. Јас кажувам, а не ме интересира зошто не сакаш да ме слушаш.

950. Како што јас можам со секој самосвесен и слободоумен, така може секој таков со мене.

951. Дворски лудаци за туѓи дворови.

952. Не е демократија да избираш од оние што ти се нудат да владеат со тебе, туку да избираш да те предводат докажани со мисла, збор и дело.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 827-879

953. На чело со крената глава. Не со свиткан ‘рбет.

954. Одамна не сум чул ништо за тебе. Којзнае дали си жива.

955. А некој да објасни што е тоа „стратешко партнерство“ меѓу голем и силник и мал и слабак?!

956. Често слушам од политикантиве:
Ние сме се определиле за Запад.
Кои тоа ние?! Да не тие? И кога?
Јас не сум определен ни за Запад ни за Исток, ни за Север ни за Југ. Што значи дека не сум неопределен!
Јас сум за своја, автентична страна и за на свој, автентичен пат што се вика МАКЕДОНСТВО/МАКЕДОНИУМ!

957. Политиката не е за владеење, туку за предводење.
Политиканството е дневна политика за слуги, платеници, мафијаши, предавници и велепредавници.

958. Нивни платеници, апаши, изроди и предавници против нашиот достоинствен исконски народ.

959. Не Северна, туку Сончева Македонија.

960. Предаден народ, окупирана и испокрадена негова земја.

961. Со пари слобода не се купува. Се изборува со мудрост и јунаштво.

962. Одиме до крај за нов почеток со продолжение.

963. Ветар развева семиња за живот во запустена земја.