ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 393-444

Потребно време за читање: 3 минути

393. Војната

Војната е бизнис на богати на сметка на сиромашни, во која животот и смртта се безвредни.

394. Страв од мудроста

Од мудроста се плашат неарни во умот што се богатат владеејќи со народ.

395. Играње со оган

Си играат со оган, надевајќи се дека нема да задува ветриште што ќе го насочи кон нив.

396. Задуман

Голем и мал човек во пустошна земја задуман дали во неа некогаш одново ќе почне живот.

397. Крајот

Ниеден крај без почеток нема крај.

398. Себичен властољубец

Му требаш дури земе власт в раце, а потоа или те отфрла или владее со тебе.

399. Спомен

Бледнее споменот на тебе. Дека немаме наше утре.

400. Ние и политиката

Ние можеме без политика, но таа не може без нас.

401. Безизлез

Сега и овде си зашто не си за никаде.

402. Во лажовен свет

Не барајте ништо верно и чесно во лажовен свет.

403. Борба

Најпрвин во борба против партии и партизација на државата. Со знаење, искуство и вредности.

404. Каков живот

Не материјално богат, а духовно беден, туку живот здрав, развиен, организиран и вреден.

405. Партиите денес

Партиите се политикантски маши во рацете на богаташи, за недемократско владеење со народ и држава.

406. Лична борба

Дејствувај, работи и создавај исклучиво натпартиски. По никоја цена член на партија.

407. Само без

Вистинска демократија и лична и колективна слобода-само без партии!

408. Лавина

Тргна лавина прудолу од гол врв на стара планина.

409. Бранители и непријатели

Идентитетот, културата, јазикот и историјата на еден народ ги бранат негови зналци, умни, опитни и творечки личности. Од асимилаторско-окупаторски непријатели, изроди, неписмени идиоти и полуписмени политиканти на власт.

410. Познато

И за нас веќе одамна:
Квазидемократија со партии на власт и опозиција-партократија.

411. Нечовечки

Нечовечки е стремежот да се освојува туѓо и да се владее со друг.

412. Не можеме

Не можеме заедно ако секој од нас само со себе и само за себе.

413. Недоверба

Не си веруваме и нема да си веруваме зашто си верувавме.

414. Властодржец

Ем неписмен и полуписмен кому му пишуваат, ем медиокритет кого го советуваат.

415. Јас и они

Не им фалам зашто они не ми требаат.

416. Ретко

Умноста и гласноста ретко се едновремени.

417. Тајната

Тајната се открива кога не треба да биде.

418. Молчам љубов

Молчам една моја тајна љубов.

419. Живуркање

Јас живеам овде исто како да не живеам.

420. Предоцна

Сè за мене предоцна зашто сè од мене предвреме.

421. Во неврат и заборав

Моето мислечко и книжевно грандиозно творештво сосе мене во неврат и заборав.

422. Мојата сенка

Мојата сенка сосе мене и во мрачнина.

423. Сè со сè

Во мојот свет сè со сè меѓузависно.

424. Жалам

Жалам за она што не било меѓу нас, а сум сакал да биде.

425. Исто

И со љубовта е исто како со сè во жив свет:
Неугаслива е додека е жива.

426. Твоја политика

Не ти треба партија за да водиш своја политика.

427. Жално и страдално

Само лична борба за одбрана на македонството/македонизмот. Однапред изгубена.

428. Повик

На Северџганија и на неписмените и полуписмените политикантски Северномакедонци културата и уметничкото творештво не им требаат.

429. Уште еднаш

Времето за будење и освестување забрзано изминува. Или прифативте да сте Северномакедонци?!

430. Неверување

Навистина сте се продале за многу пари!?

431. Бесрамие

Слушам и гледам големо политикантско бесрамие. За неверување.

432. Прашање

Каде ви се слободоумноста и доблеста, млади? И вие со свиткан `рбет и платеничко коленичење?!

433. Ако

Ако не ме читате и не ме слушате. Ќе ви се врати.

434. Велепредавничко злосторство

Се брише, одзема, краде и присвојува сè македонско. Од искони до денес.

435. Нација без народ

Во Северџганијава насилно и забрзано се формира северномакедонска нација-Северномакедонци, и тоа разнебитувајќи го македонскиот народ.
Пеколен план на „стратешките партнери“, платеничките велепредавници и изродите на власт, предводени од Америте.
Цели 70 години траеше формирањето на југословенска нација-Југословени, но „проектот“ пропадна преку ноќ. За ука и поука.

436. Сила

Силата на слабите е во постојаноста, достојноста и сплотеноста.

437. За љубов и почит

Зрачи со добрина и ведрина на духот. Со стамен чекор, исправен.

438. Трошење

Трошиш ум и снага за ништо? Не! Трошиш за себе, за до смрт да бидеш она што си.

439. Зошто?

Зошто против себе само за да си против мене!?

440. Поразително

Што подалеку во себе.

441. Едни со други

На итри, пакосни и будали им е најлесно со недоветни, неучени и приучени.

442. Докажано

Да, јас сум единствен мислител и творец на светот! Ти научи, проучи и провери зошто.

443. Не биди наивен

Кога би дозволиле „стратешките партнери“, државава може да се с(у)реди за 24 часа!

444. Квазиисторичари

Дефинитивно, платенички квазиисторичари, на чело со академик (!), беспоговорно учествуваат во создавањето некаква дебилна „заедничка историја“ на македонскиот народ и асимилаторско-окупаторски и наци-фашистички сосед.