Потребно време за читање: 16 минути

159. Ветување

Што и зошто ветуваш?

Можеш да си ветиш на себеси дека и утре и задутре и позадутре ќе бидеш ист каков што си сега, без оглед дали тоа некому му се допаѓа или не, му е прифатливо или не, го привлекува кон тебе или не? Можеш да им ветиш на твоите ближни, познајници и соработници дека натаму ќе работиш и дејствуваш како сега, за добро на сите и за твое во него? Можеш да ѝ ветиш на земјата, на твојата татковина дека по никоја цена нема да заминеш од неа, да ја напуштиш, да ја оставиш, да им ја препуштиш на изродници, платеници, мафијаши и предавници зашто конечно и тебе ти е дојдено сè преку глава, конечно си обессилен, конечно поразен? Можеш да му ветиш на народот како негов предводник дека никој нема, ниту ќе може да се спаси од раката на правдата?

Што и зошто ветуваш?

Знам, не треба да ме учиш:

Го ветуваш она што можеш да го исполниш целосно или делумно, а доволно за да ти веруваат дека ќе продолжиш да го исполнуваш. Категорично, непоколебливо, енергично, доследно, пожртвувано. А си го ветил не зашто не се може без ветување во сечие дејствување, работење и творење, туку за подобри, поправедни, послободни и просперитетни денес и утре.

Знаеш дека ветувањата не значат ништо, точно е дека тие на лудиот му се радување, ама и добро знаеш што значи неисполнето или изневерено ветување. Исто што и довербата. Равенство помеѓу нив? Секако!

Прво вети си на себеси, а после ветувај им на други. Во името на меѓусебната доверба.

Јас ништо никому не сум му ветил, ниту му ветувам. Дури ни на себеси не си ветувам ништо друго, освен лична заложба и пожртвуваност за пристојна сегашнина со достојна жиеачка во неа.

Не се може без ветување? Не се може денес за утре!

Македонски народни пословици и изреки

Си ветил на себеси оваков живот и живеј си го. Не тражи друг.

Збор збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит.

Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот.

Се раѓаш и прво си веќаваш дека ќе умриш.

Не враќај се од зборо како жена од пазарлако.

Си ветил да не се удајш, та барај некој шо ќе ти поможи да се одречиш од ветуањето.

Ретко има чоек што си стои на зборо.

Дете му веруа на родитело шо исполнуа веќавање.

Од него збор, од магаре прдеж.
                 За него збор нема.

Ветувај помалце, прај појќе а не уште помалце. 

Коа ќе си го даи зборо, душа дава и назад не си го земат.

Пословици и изреки од народи на светот

Слободата и судбината се ветиле една на друга и се врзале една со друга. (Француска)

Избирај меѓу мечти, зборови, не ветувања. (Германска)

Биди чесен, не давај ветувања што не можеш да ги исполниш. (Арапска)

Најпрво, најважно и највредно во љубовта е ветувањето. (Италијанска)

Најлоши лаги се неисполнетите ветувања. (Руска)

Колку потврдо ветуваш, толку помеко не исполнуваш. (Балкански народи)

Латински изреки

Кој умее многу да ветува, му причинува радост на будала.

Опасно е во занес да се даваат ветувања.

Пријателот ќе стане непријател кога нема да го исполниш ветувањето. (Facile ex amico inimicum facies, cui promissa non reddas.)

Глупакот многу му се радува на големо ветување. (Laetificat stultum grandis promissio multum.)

Да ветуваш златни планини. (Montes auri pollicens.)

Пред да ветиш, помисли да си го исполниш ветувањето. (Prius quam promittas, deliberes, ut, cum premtris facias.)

Исполни го ветеното! (Promittas, facito.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Кој најбавно ветува, секогаш најверно го исполнува ветувањето. Праведниците ветуваат малку и прават многу, злите ветуваат премногу, а не прават ништо.
Талмуд

Ветувам промени и знам како ќе ги спроведам во дело.
Анонимус

Животот што се живее не ветува ништо.
Анонимус

Ветувањето како ветување мора да биде исполнето.
Анонимус

Полесно не се исполнуваат ветувања кои не се кажани.
Анонимус

Знам кога никој не може да вети ништо.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако има нешто во вашиот живот што е навистина важно за вас, ветете  ми да не ги правам работите половни. Ветете ми дека ќе се борите и нема да им дозволите стравовите или сомнежите да ве одвратат од одлуката. Во спротивно, ќе се обвинувате себеси до крајот на вашиот живот.
Диего Галдино

Ако ви ветат награда, задачата ја гледате како пречка што ве дели од наградата.
Алфи Кон

Ако ви е ветено „реално решение“-очекувајте некоја неволја.
Мери Мекарти

Ако секоја нација е целосно концентрирана на стекнување предност пред секоја друга, не може да има доверба, никакви специјални односи, никаква награда за помош и никаква казна за цинизам-бидејќи цинизмот е сè што ветуваме и сè што очекуваме.
Медлин Олбрајт

Ако има пекол, можеби тој се состои во исполнување на сите ветувања.
Џон Брунер

Ако сакаме да достигнеме ситуација на вистински мир, вистински мир, мир за поколенијата, ќе треба да направиме болни отстапки. Не во замена за ветувања, туку поскоро во замена за мир.
Ариел Шарон

Ако сакате да имате успех во светот, ветувајте секому, не давајте никому.
Наполеон I Бонапарта

Ако ме прифатиш, ветувам дека ќе поминам секој ден од остатокот од мојот живот обидувајќи се да ги исполнам твоите мечти.
Сара Морган

Ако не можете да ги исполните ветувањата што ги давате, не давајте ветувања.
Ричард Бренсон

Ако ветувањата не се остварат, луѓето обично не ги помнат.
Маргарет Атвуд

Ако сакаме да се обидеме да им покажеме на најсиромашните луѓе на светот дека се грижиме за нивната положба и сакаме тие да се приклучат кон еден свет со останатите од нас, треба да дадеме ветувања и да ги исполниме.
Дејвид Камерон

Алејата на неисполнетите ветувања беше тесна, темна уличка, постојано потоната во сенка и преполна со ѓубре.
Кристи Филипс

Ангажманот е она што го претвора ветувањето во реалност.
Абрахам Линколн

Бев жив на начин на кој никогаш порано не бев, во свет кој веќе не се чувствуваше остарен, наместо тоа пукаше од зазбивтани ветувања.
Маргарет Роџерсон

Бев избран да бидам независен. Бев избран затоа што немав политички обврски. Бев избран да ја „вршам работата“, а да не ги поминам првите четири години во канцелариска кампања. Го одржав тоа ветување-и затоа гледаме кон иднината со нов оптимизам.
Мајкл Блумберг

Бедните секогаш гласаат за партија која гласно им ветува леб и спектакли, а потоа не успева да ги испорача.
Вилхелм Швебел

Без разлика колку идните ветувања се примамливи, моментот секогаш попушта на потребата.
Карл Уве Кнаусгор

Беше видел првична невиност во тие очи и ветување за воскресение.
Волтер Милер

Беше една од топлите ноќи на крајот на летото што дава ветувања кои нема да се исполнат.
Синда Вилијамс Чаима

Библиската надеж е увереното очекување дека Бог сака и може да ги исполни ветувањата што им ги дал на оние кои му се доверуваат Нему.
Ли Стробл

Благодарете им на Вишите сили што имате тело, сакајте го и галете го. Ветете си дека ќе го направите уште подобро.
Наталија Правдина

Бог ветил прошка за вашето покајание, но не ветил утре за вашето одлагање.
Свети Августин

Болеста е лекарот кого најмногу го слушаме: со добрина и знаењение умееме само да ветуваме; се потчинуваме само на страданието.
Марсел Пруст

Болно е да се видат мажи и жени кои се впуштаат во луд порив кон ветената земја на печалба, каде што сè околу нив-природата, предметите, другите човечки суштества-не предизвикува интерес.
Нучо Ордине

Брендовите се две нешта: ветување и исполнување.
Скот Галовеј

Ветувајте го само невозможното и нема да има за што да ве укоруваат.
Жак Девал

Вети ми дека никогаш нема да дозволиш твоето срце да надвладее над твојот ум.
Џин Калогридис

Вети ми дека никогаш нема да престанеш да сонуваш.
Мелина Маркета

Вети си пред себеси дека ќе го правиш она што го сакаш и да го сакаш тоа што го правиш. Уште денеска!
Вејн Даер

Ветувајте си на самиот себе, најмногу на самиот себе.
Ежен Јонеско

Ветувањето е јаже околу вратот.
Дот Хачисон

Ветувањето е лага што сакаш да ја исполниш.
Никола Јун

Ветувањето е ветување, дури и ако е тоа единственото што сте си го дале на себеси.
Елизабет Берг

Ветувањето за вечен живот ги тера луѓето да го напуштат животот што им е даден.
Џејмс Фреј

Ветувањето за еднаквост не е исто како вистинската еднаквост.
Шерил Сандберг

Ветувањето за слобода не е напишано со крв или врежано во камен, туку е вградено во ткивото на нашата нација.
Лора Кеј

Ветувањата беа како лоши чекови, лесни за пишување и тешки за плаќање.
Роберт Вилсон

Ветувањата дадени на пријателите не се прекршуваат.
Џоди Пико

Ветувањата се безвредни, особено кога си уверен дека не можеш да ги исполниш.
Џулиет Бензони

Ветувањата никогаш не се заборавени од оние на кои им се дадени и секогаш од оние што ги даваат.
Вилијам Сомерсет Мом

Ветувањата ги обврзуваат само оние кои веруваат во нив.
Бернар Миние

Ветувањата обично чинат малку.
Дејл Карнеги

Ветувањата се за поетите.
Џеј Кристоф

Ветувањата се замки во кои паѓаат глупаците.
Балтазар Грацијан

Ветувањата се поевтини од подароците и многу поценети. Ништо не може да биде дадено толку штедро како надежите.
Анатол Франс

Ветувањата се само зборови.
Џеј Кристоф

Ветувањата се даваат само за да се прекршуваат.
Џонатан Свифт

Во мојот свет не верувам во вечни ветувања. Не мислам дека е реално.
Еванџелин Лили

Важно е да им се ветува нешто на луѓето, а не да ги одржувате тие ветувања. Луѓето отсекогаш живееле само со надеж.
Херман Брох

Вие не го убедувате мајмунот да сподели банана со вас, како што и ветувате толку многу банани по вашата смрт во рај за мајмуните.
Јувал Харари

Во војна секакви ветувања умираат толку лесно, колку мажите.
Џон Шорс

Големото ветување без дела е ништожно и пусто.
Демостен

Го направив она што никогаш не сум го направил во целиот мој живот-клекнав и му се помолив на Бога да ми го исполни ветувањето дека ако Го повикам во денот на беда, Тој ќе ме избави.
Даниел Дефо

Глупаци, тие не разбираат дека нашиот свет е најлошото место. Така, Бог им ветил рај на оние кои страдаат за утеха.
Ека Курнијаван

Главната работа-ние ветивме никогаш да не се повредиме еден со друг.
Салвадор Дали

Да даваш ветување на деца е опасно дело.
Халед Хосеини

Да ветите дека нема да правите ништо е најсигурниот начин да се принудите себеси да сакате да го направите тоа.
Марк Твен

Да ветиш дека ќе останеш неутрален и инертен, воопшто не е тешко.
Семјуел Бекет

Демоните не даваат ветувања. А ако ги дадат, тие не си стојат на зборот.
Клајв Баркер

Денот вети дека ќе биде топол. Денот ветуваше многу. Секој нов ден ветува многу. Самиот живот е ветување.
Андреј Рубанов

Денес е утрешниот ден што ви беше ветен вчера.
Шон Тан

До пред осум години секогаш си ветувавме. Како луѓе кои не можат да не даваат ветувања. Толку многу ветувања кои не ги исполнуваме и дури не ги паметиме. Ветувања дадени небрежно на врвот на другите неисполнети ветувања. Одложување на нашата разделба преку ветувања.
Кјун-сук Шин

Додека воскресението ни ветува нов и совршен живот во иднина, Бог нè сака премногу за да не остави на мира, да се бориме со болката, вината и осаменоста на нашиот сегашен живот.
Џош Мекдауел

Додека таа се вљубуваше во мене, можев да почнам да ѝ давам ветувања што немав намера да ги исполнам.
Мајкл Шејбон

Доволно е во овој свечен момент да го преземеме ветувањето за посветеност во служба на Индија и нејзиниот народ и на уште поголемата кауза на човештвото.
Џавахарлал Нехру

Е, да, ветив дека ќе ја кажам вистината. Но јас излажав, секогаш лажам. Сериозно, ако ми поверуваш за секунда, немаш кого да обвинуваш освен себеси.
Кристин Терел

Единственото ветување што ни го дава детството е дека завршува.
Ричард Пол Еванс

Животот не ветуваше ништо за напред и со сигурност немаше смисла да живее.
Маргарет Мичел

За да бидете одговорни, одржувајте си ги ветувањата кон другите. За да успеете, одржувајте си ги ветувањата кон себеси.
Мари Форлео

Запознавањата се како ветувања.
Грегоар Делакур

Запомнете, политичарите добиваат гласови ветувајќи сè на секого, секогаш на сметка на некои други невидливи даночни обврзници.
Рон Пол

Затоа што ветувањето останува ветување-особено на човек што умира.
Барбара Дејвис

Злото често ги привлекува слабите преку своето ветување за чувство на сила.
Ерик Хофер

Знаете дека не треба многу памет да се обраќаш на толпи и да даваш ветувања.
Едуард Шеварднадзе

Знам дека е лошо да се прекрши ветување, но мислам дека сега е полошо да дозволиш едно ветување да те прекрши.
Џенифер Донели

И на крајот на краиштата, ниту еден грандиозен гест не може да се споредува со тоа да дадеш ветување…и да го исполниш.
Ана Хуанг

И плодовите ќе го надминат она што го ветија цвеќињата.
Франсоа де Малерб

Исполнете ја својата должност, исполнувајте ги вашите ветувања и мирот ќе ви биде дарен.
Фиона Мекинтош

Има луѓе кои даваат ветувања и ги прекршуваат од забава.
Вилијам Хазлит

Имам проблеми да ја одржам основната претстава дека исполнувањето на ветувањата е важно во свет во кој сè што ме учеле изгледа ненужно. Самата поента е сè понејасна.
Џоан Дидион

Иднината секогаш може да ветува, но едно и само едно: изненадува.
Стивен Ериксон

Јас сум за спас на светот, ќе се борам со средства кои ветуваат помош.
Вилијам Бут

Јас не сум од оние кои даваат ветувања што не можат да ги исполнат.
Ангела Меркел

Каде е политичарот кој не вети дека ќе се бори до смрт за пониски даноци-и кој не продолжил да гласа за самите сметки за расходи кои го оневозможуваат намалувањето на даноците?
Бери Голдвотер

Како што општеството станува сè поцинично, политичарот се чувствува сè помалку обврзан сериозно да ги сфаќа своите ветувања.
Бери Голдвотер

Како можеш да им веруваш на ветувањата на човек на власт? Неговото однесување зависи само од неговите лични интереси и од ништо друго.
Кристијан Жак

Кој најбавно ветува, најверно ги исполнува ветувањата.
Роберт Луис Стивенсон

Кокошките никому ништо не му ветуваат; тие кокодакаат дури откако ќе снесат јајце.
Душан Радовиќ

Колку што е благородно да се прават услуги без ветувања, толку е ниско да се ветува без да се прават услуги.
Е.П.Бошен

Кога почнав да работам од дома, си ветив дека ќе излегувам барем еднаш дневно.
Џејн Фалон

Кога ќе одземете сè друго, технологијата не е ништо повеќе од ветување за полесно утре. Тоа е ветување за надеж. И како да ја запрете надежта?
Стивен Котлер

Кога се губат премногу сили за ветувања, остануваат премалку за исполнување.
Константин Симонов

Кога ти се случиле ужасни нешта, понекогаш ветувањето за нешто добро може да биде исто толку застрашувачко.
Маргарет Роџерсон

Кој ви вети дека сте донесени на оваа земја само за радост?
Ана Фројд

Кој сака да се врати во загушливите, зли градови на цивилизираниот човек кога огромните пространства на големата џунгла ветуваат спокој и слобода?
Едгар Бароуз

Кој е внимателен во своите ветувања, тој е точен во нивното исполнување.
Жан-Жак Русо

Колективните ветувања никогаш не се исполнуваат бидејќи никој не чувствува одговорност за нивно исполнување.
Жан Тирол

Колку пророци талкаат по земјата, сите исполнети со надеж, секој е дарежлив со ветувања, но ниедно сè уште не се исполнило.
Владимир Тендрјаков

Колку се поубави ветувањата, толку е позаглупувачки неуспехот.
Бернард Бекет

Лесно е да ветувате кога немате што да дадете.
Џон Фаулс

Лесно е да се даваат ветувања-тешко е да се исполнат.
Борис Џонсон

Лошото ветување нема да биде подобро, ако го одржите.
Корнелија Функе

Луѓето не треба да бидат намамени со ветувања за слава. Затоа што во смртта нема ништо славно.
Мелинда Салсбери

Луѓето постојано даваат ветувања кои немаат намера да ги исполнат.
Р.Ф. Куанг

Луѓето прво ветуваат, а потоа забораваат.
Даниел Кис

Љубовта е секогаш ветување, а јас сакам да давам ветувања.
Ник Кејв

Љубовта никогаш не би ветила градина со рози, освен ако не била облеана со светлината на верата, водата на искреноста и уметноста на страста.
Џек Канфилд

Љубовта која првично ветува малку добро, на крајот може да се покаже како извор на голема среќа.
Оливер Голдсмит

Мајка ми еднаш ми рече: „Треба да ветиш дека ќе бидеш среќен; тоа е најголемата услуга што можеш да им ја направиш на другите“. Тоа ме водеше во целиот мој живот.
Стефан Хесел

Малите добри постапки се подобри од најсвечените ветувања да се направи невозможното.
Томас Маколеј

Малку по малку се одвикнав од глупавата навика да им ветувам на пациентите дека ќе закрепнат.
Луј-Фердинанд Селин

Мислам дека наследството не треба да постои. Мислам дека треба да им дадеме сè на луѓето што ги сакаме додека сме живи. Нашето време и нашите пари. Ѓаволот ги измислил наследствата за да ги натераат семејствата да се разделат. Верувам во дарителството само додека е човек жив. Не во ветувања за по смртта.
Валери Перин

Многу ли вредат ветувањата? Воопшто не, тоа се само зборови кои не значат ништо.
Клајв Баркер

Многу е подобро да ветувате малку и да испорачате многу, отколку обратно.
Ричард Бренсон

Можам да ви кажам дека се вратив затоа што имав ветувања кои требаше да ги исполнам, но можеби и затоа што никој не ме замоли да останам.
Џоан Дидион

Можам да составам цела книга со ветувања кои мажите ми ги дале во кревет.
Барбра Стрејсенд

Мртвите не се враќаат, дури и aко ветиле.
Корнелија Функе

На 23 години не постои нешто како „убавица ветена на друг“.
Френсис Скот Фицџералд

Најсигурниот знак за неисполнување на ветувања е леснотијата со која тие се даваат.
Аксел Оксеншиерна

Најлошото нешто што можеме да си го причиниме е да не ги исполниме своите ветувања.
Лариса Парфентиева

Најмногу од сè ме нервира кога луѓето даваат ветување што одлично знаат дека не можат да го одржат.
Франсоа Моријак

Науката ни ја вети вистината… Никогаш не ни ветила ниту мир, ниту среќа.
Густав Лебон

Не треба да ветувате нешто што можеби нема да се исполни.
Изабел Аљенде

Не може да се стави цена на ветување.
С. Џеј-Џонс

Не можеш да си ветуваш дека нема да се вљубиш во некого. Не сум експерт за врски, но не мислам дека тоа функционира така.
Сара Оклер

Не ветувам дека можам да го променам светот, но ветувам дека можам да најдам зборови кои навистина го менуваат светот.
Тупак Шакур

Ништо не е ветено во вашиот живот. Никој не склучил никаков договор со вас.
Чарлс Буковски

Неодговорноста е белег на секој европски политичар кој им ветува подобар живот на имигрантите и ги охрабрува да остават сè и да си ги ризикуваат животите за да тргнат кон Европа.
Виктор Орбан

Не треба да го ветувате она што не можете да го исполните.
Педро Калдерон

Неподносливо е да го гледаме народот изневерен одвреме-навреме од политичари кои не ги исполнуваат ветувањата и од технократите во Европската унија.
Марин Ле Пен

Немаме други мотиви кои ќе нè поттикнат да ги исполниме ветувањата, освен чувството на должност. Ако одлучивме дека ветувањата не се суштинска морална обврска, немаше да чувствуваме желба да ги исполниме.
Дејвид Хјум

Ние осудуваме секакви измами, секое прекршување на зборот, бидејќи сметаме дека слободата и широчината на комуникацијата меѓу луѓето се целосно зависни од верноста на ветувањата.
Дејвид Хјум

Ние сме како сите други, претполагам. Ветуваме дека нешто е вечно кога навистина е само онолку долго, колку што ни е неопходно за да се умориме од него.
Џенифер Линч

Никогаш не ветувајте ништо. Зошто? Затоа што на тој начин ја отворате вратата за разочарување.
Даглас Кенеди

Никогаш не откривајте чувства што може да ве постават во неудобна положба, и не давајте никакви ветувања што не би можеле да ги возвратите во соодветен момент.
Вилијам Текери

Никогаш не сум ти ветил градина со рози.
Трајан Басеску

Никогаш не ти е ветен следниот здив.
Лени Кравиц

Никогаш не треба да ветувате нешто кога сте среќни и да донесувате одлука кога сте јадосани.
Максим Батирев

Никогаш порано не сум сакала ветување, бидејќи ветувањата се засекогаш, а засекогаш е невообичаено долго време.
Кетрин Еплгејт

Никој не ветил дека иднината ќе биде добра. Ќе има иднина и тоа е сè.
Степан Вартанов

Никој не ветува дека ќе биде лесно. Никој не ветува дека ќе успеете првиот пат (најверојатно не, па дури ни вториот). Но е факт дека само дејствието ќе ви даде нова информација.
Лариса Парфентиева

Никој од нас не ветил ништо, освен последниот здив што го земаме.
Тад Вилијамс

Ништо во животот не е ветено освен смртта.
Канје Вест

Но, има договори и има ветувања. Договор што можете да го склучите со секого. Ветувањето е нешто што му го давате некому кому му верувате.
Џон Скалзи

Но, ветувањата засновани на незнаење секогаш се покажуваат како разочарувачки.
Јуси Адлер-Улсен

Но, понекогаш ветувањата се претвораат во најлошо бреме на болно срце.
Марио Ескобар

Но, пред да ветиш треба да поверуваш.
Кир Буличев

Нема да исчезнам од твојот живот без борба. Ветувам.
Џенифер Л. Арментроут

Нема ништо поскапоцено од даденото ветување и ништо посрамно од тоа да го прекршите.
Пабло Ескобар

Никогаш не треба да се ветува работа што не може да се сработи. Неправедно е на тој начин да се подигаат надежите на луѓето.
Бил О’Рајли

Ова за мене не е информациона ера. Ова е век на мрежна интелигенција, епоха на големи ветувања.
Дон Тапскот

Основно правило на човековата природа е дека ветувањето за неочекуванo богатство кратко го соединува како разумот, така и здравиот разум.
Викас Сваруп

Од другата страна, другата страна на мојот свет. Другата страна е секогаш ветување. Гледаме на тоа како да фрламе мрежа: за да ја закотвиме сигурноста дека ќе го видиме еден ден.
Силвен Тесон

Одамна не верувам во ветувања. Биолошки инстинкти-да. Природни фактори-да. Ветувања-не.
Џеф Вандермир

Одржувањето на благодатта ветува не отсуство на борба, туку присуство на Бог.
Макс Лукадо

Подобра стратегија за менување на очекувањата на другите за вашата работа е постојано да го исполнувате она што го ветувате, наместо постојано да објаснувате како работите.
Кал Њупорт

Повеќето од нас се доста добри во исполнувањето на ветувања кон другите и доста лоши во исполнувањето на ветувањата кон себеси.
Лоренс Лешан

Под предавство подразбирам ветување дека ќе бидам на ваша страна, а потоа да бидам на страната на некој друг.
Џенет Винтерсон

Политичар е оној што ветува дека ќе изгради мост каде што нема никаква река.
Грегори Дејвид Робертс

Полната чаша е празно ветување.
Скот Линч

Понекогаш искреноста ветува некаква непријатност.
Вилијам Пол Јанг

Постои огромен јаз помеѓу ветувањето за работата и нејзината реалност. Кога ќе влеземе во неблагородниот свет на работа, набрзо сме шокирани од унижувањата што ги среќаваме таму.
Том Хоџкинсон

Пријателството се заснова не на подароци, туку на ветувања.
Жорж Масон

Прагматичен политичар секогаш ги прекршува сопствените предизборни ветувања. Дури само затоа што ветувањата се пишуваат еднаш на четири години, а светот се менува секоја минута.
Павел Амнуел

Прекрасното е само ветување за среќа.
Роберто Каласо

Природата не ветува слабост и не простува грешки.
Ралф Валдо Емерсон

Рајот што го ветуваат револуционерите е изгубен рај. А патот кон пеколот е поплочен со убави ветувања. И првите што стигнуваат дотаму се самите револуционери.
Григориј Климов

Родителите не треба да даваат ветувања што немаат намера да ги исполнат.
Барбара Шер

Сакајќи да утешите човек, понекогаш му ветувате нешто што потоа не може да се исполни.
Анатолиј Алексин

Сакаше да му угоди на секого и на сите, но бидејќи не можеше да даде речиси ништо, даде ветувања.
Бенџамин Франклин

Само вети дека нема да ме заборавиш.
Ребека Занети

Се чини дека никој не го ветува невозможното.
Франц Кафка

Се чудам зошто ветувањата што им ги давам на други луѓе секогаш стануваат поважни од оние што си ги давам на себеси.
Алисон Ноел

Сè што имаме е сега. И нашето ветување дека ќе го подобриме.
Рене Ахдие

Секоја приказна му ветува на читателот. Всушност, две ветувања, едно емоционално и едно интелектуално, бидејќи функцијата на приказните е да нè натераат да чувствуваме и мислиме.
Ненси Крес

Секоја влада која може да ви вети сè што ќе посакате, може да ви одземе сè што имате.
Бери Голдвотер

Секој може да биде богат со ветувања.
Овидиј

Секогаш нешто ни недостасува и затоа му се доверуваме на секој што ни ветува нешто повеќе отколку што имаме.
Лоренс Краб

Сè уште не можете да го разберете тоа, но тоа е поголемиот дел од животот: ги нарушувате сопствените ветувања.
Кетрин Сентер

Секој ден беше како ветување.
Федерико Андахази

Секој политичар се јавува како многуветувачки политичар.
Гилберт Честертон

Секој производ и услуга се продава со ветување за подобра иднина. Целта на бизнисот е да го исполни ветувањето, а печалбата е награда за тоа.
Патрик Диксон

Секој што ви ветува нешто што не сте го заработиле, се стреми да ве пороби.
Џејмс Васерман

Секој достоинственик е должен да почитува две правила: секогаш да ги зaдржува своите чувства и никогаш да не ги исполнува своите ветувања.
Џонатан Свифт

Се покажа дека е многу полесно нешто да ветиш, отколку да исполниш ветување.
Даниел Стил

Си ветувам дека ќе уживам во секоја минута од денот која ми е дадена да живеам.
Тик Нјат Хан

Сите филозофски системи, сите религии, сите духовни учења ни ветуваат едно и исто-слобода.
Џон Паркин

Сите мажи лесно даваат ветувања, но никој од нив никогаш не ги исполнува.
Дејвид Херберт Лоренс

Сите мажи ветуваат дека ќе умрат од љубов, но се стремат да умрат од нешто друго.
Константин Леонтиев

Сите зоние држави кои ги исполнуваат своите ветувања за помош, треба да се гордеат со тоа што го направиле.
Дејвид Камерон

Само пустината не поставува прашања, не предлага ништо и не ветува ништо.
Курбан Саид

Светоста на секое ветување е обратно пропорционална на бројот на оние кои го даваат тоа ветување.
Томас Де Квинси

Сега времето ги крши ветувањата.
Рик Јенси

Смртта е ветување кое сите мораме да го исполниме. Порано или подоцна.
Џеј Кристоф

Спокојството на зората нуди секојдневно ветување дека сите нешта ќе се вратат на нормалното.
Џин Рајан

Способноста да си давате ветувања и да ги исполнувате е основа за развивање на основни навики на ефективноста.
Стивен Кови

Страшно е колку лесно се прекршуваат ветувањата.
Џени Хан

Совршенството е ветување и уверување дека не грешиме.
Лорен Оливер

Судбината скапо го продава она што ветува дека ќе го даде.
Клод Адријан Хелвециј

Создавањето можности за поединци е само првата фаза, а вистинското ветување е овластување на луѓето да имаат трајно влијание врз сопствените заедници и држави.
Алек Рос

Се сомневам дека има систем кој нема да ја открие својата цел, кој само нуди ветувања за подобро утре.
Питер Ф. Хамилтон

Со сигурност духовниот водач треба да биде искрен во ветувањата, верен во извршувањето на должноста, праведен во финансиите, лојален во службата и чесен во својот збор.
Освалд Сандерс

Тие ни дадоа многу ветувања, повеќе отколку што се сеќавам, но никогаш не одржаа освен едно; тие ветија дека ќе ни ја земат земјата и ја зедоа.
Ди Браун

Тие се оддалечија, како што прават луѓето кога ветуваат да останат во врска; оние кои ќе останат во врска, не треба да ветуваат.
Едвард Сент Обин

Тие ќе бидат кротки како јагниња, ако им ветите награда за достојно однесување.
Дафне де Мориер

Ти вети да се преправаш дека ќе ме сакаш додека не умрам, а наместо тоа јас се преправам дека сум мртов.
Џонатан Сафран Фоер

Тоа беше единствениот совет за преживување на дедо ми, ако некогаш се најдам заробен во приказна. Одржувајте си ги ветувањата. Лоши нешта се случуваат ако не го направите тоа.
Џулија Хиберлин

Тоа беше ветување кое изгледаше колосално. Во овој живот тие беа родени како непријатели. Во овој живот имаа крв на километри помеѓу нив, доволно широка за да тече река, доволно длабока за да форсира долина. Во следниот можеби ќе има мир.
Клои Гонг

Тој очај, способен да ги скрши остатоците од едно старо ветување и секаков остаток на гордост, треба да бил последниот чекор на достоинството, оштетен од несреќите на уништените животи.
Леонардо Падура

Тоа што го ветија сите мудреци не се случи, а тоа што сите проклети глупаци рекоа дека ќе се случи, се оствари.
Вилијам Лемб

Тој што денес го ветува она што уште го нема, ризикува утре да изгуби сè што има, па дури и самиот себеси.
Вадим Шефнер

Тој што е способен да го одржи своето ветување, може да биде уверен дека ја исполнува волјата на Бог.
Џон Греј

Тој ме погледна со омраза. Тоа беше многуветувачка омраза. На чекор од безумна љубов.
Наталија Андреева

Тој ми се вети себеси-на крајот на краиштата тоа е во основата на бракот.
Јан-Филип Зендкер

Тој ми го вети целиот свет, но ми даде пекол на земјата.
Одри Карлан

Тешко е да се одвратам од ветувањето за одмазда. Дури и да е најголемото ветување.
Сара Меклејн

Треба да преживеам. Имам ветувања што треба да ги исполнам.
Мајкл Морпурго

Треба да запомниме дека тој е голем човек и големите луѓе имаат големи одговорности. Една од нив е да не си ги одржат ветувањата.
Пол Хофман

Треба да си ветите дека од овој ден натаму ќе ја преземете одговорноста за вашите постапки.
Кара Кинг

Таа научи дека бракот значи жртва и неисполнети ветувања и дека тоа е краток и лизгав пат од она што го прави до целосно губење на себеси.
Барбара Дејвис

Убаво се смееш. Како ветувањето за утре.
Рене Ахдие

Убавината е само ветување за среќа.
Мари Анри Бејл (Стендал)

Убаво е да леташ наутро, кога небото е толку свежо и денот ветува дека ќе биде многу исполнет.
Рана Дасгупта

Утрото секогаш ветува чудесија.
Синклер Луис

Флертот е ветување за секс, но без гаранции.
Милан Кундера

Човек никогаш нема да направи ниту еден чекор во насока за која знае дека не е ветувачка.
Пјер Шарден

Ќе најдам нешто друго, ветувам. Но, никогаш нема да те најдам тебе друг.
Ел Кенеди

Што се однесува на ефикасноста на уметноста и теориите за неа, ветувам и очекувам дека во овие томови несомнено ќе покажам дека сум многу важен, не само за творците, туку и за сите учени.
Витрувиј

Што се однесува на мојата работа, и покрај ветувачкиот почеток сега напредувам бавно и тешко. Во фундаменталните истражувања во физиката ние се движиме со допир и никој нема доверба во она што го прави другиот исполнет со големи надежи.
Алберт Ајнштајн