ДУМА, ОПИТ, УКА 9

Потребно време за читање: 4 минути

9. Срце

Македонски народни пословици

Како што му срце сакаше, така и Господ му даде.

Лицето го покажуа срцето.

Не гледај му лицето, туку срцето.

Песна убаа срце разбудуат.

Секое срце ет од месо, а не од железо.

Срцево ми го изеде.

Срцево кастран ми го стори.

Срцево ми премре за јадење.

Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.

Чисто нека ми е срцето, да ако газам на престолот.

Чоекот треби да бидит на срцето амбар.

Види го во лицето, оти му је весело срцето.

Имај си кротко срце, ако сакаш да живееш поеќе години.

Мирно срце бога моли, а немирно солзи рони.

Кисело винце, радосно срце.

Широко срце од се е благодарно.

Во зборо го гледаш благ, а во срцето лукав.

Гладен и жеден во срцето, ами кога си је весел и радосен.

Го жегна до срце. (Му стори големо зло.)

Голема снага чуму ти е, кога имаш шупливо срце.

Пословици од народите на светот

Срцето и јазикот се мали, но ја покажуваат големината на човекот. (Турска)

Срцето се крши со еден разговор, а не се залечува ни со илјада. (Турска)

Не допуштај срцето да стане твој господар, туку ти биди неговиот господар. (Јапонска)

Силата не му може ништо на срцето. Срцето нема старечки брчки. (Јапонска)

Кој има добро срце, треба да има и големо кесе. (Германска)

Како може да биде срдечен оној што нема срце? (Германска)

Срцето е тоа што нè води во рајот и во пеколот. (Африканска)

Срцето не е колено за да може да се свитка. (Сенегалска)

Кога е срцето во пламен, по некоја искра ќе излета низ уста. (Англиска)

Радосното срце го разубавува лицето. (Француска)

Доброто срце и добрата крв не можат да лажат. (Француска)

Ако срцето не ти е на место, тогаш гледаш а не гледаш, слушаш а не слушаш, јадеш а не чувствуваш вкус. (Кинеска)

Кој го познава своето срце, нема доверба во своите очи. (Кинеска)

Илјадници и илјадници реки ќе се влеат во море, а тоа никогаш не е полно. И кога човекот би можел камен да престори во злато, неговото срце никогаш не би било задоволено. (Кинеска)

Колку поблагородно срце, толку посвиткан врат. (Холандска)

Скршената рака уште може да работи, скршеното срце никогаш. (Персиска)

На лицето и во очите се гледаат буквите на срцето. (Португалска)

Лицето ти го гледам, зборовите ти ги слушам, но срцето не ти го гледам. (Руска)

И срцето има уши. (Руска)

Срцето и очите никогаш не се стари. (Шпанска)

Благородното срце со мало јаже се врзува. (Италијанска)

Во разлутено срце мора да има место за измирување. (Арапска)

Срце што сака не гледа на убавина. (Арапска)

Кога тргнуваш некаде, остави го своето срце дома; само кога ти е потребно земи го со себе. (Еврејска)

За човек со широко срце сиот свет е негово семејство. (Индиска)

Рекле, издумале

Премногу долготрајната жртва може од срцето да направи камен.
Вилијам Балтер Јејтс

Ќе ви остане непознато туѓото срце ако не го откриете своето.
Жан-Жак Русо

Која друга зандана е толку мрачна како сопственото срце?
Натаниел Хоторн

Срцето секогаш го изневерува разумот. Разумот не може долго да ја игра улогата на срцето.
Франсоа Ла Рошфуко

Срцето има свои причини кои разумот не ги познава.
Блез Паскал

Разумот може да ни каже што треба да избегнуваме, но единствено срцето ни зборува што треба да правиме.
Жозеф Жубер

Човекот само со срцето добро гледа. Суштината со очи не се согледува.
Антоан де Сент Егзипери

Кој му дава власт на срцето, го заборава гласот на разумот.
Саади Мусриф-ед-Дин

Жедта на срцето не може да се згасне со голтка вода.
Саади Мусриф-ед-Дин

Кога срцето ќе заплаче, виновна е мислата.
Калил Џибран

Додека срцето не заболи, окото не може да заплаче.
Калил Џибран

Оној што го изгубил срцето, изгубил сè.
Калил Џибран

Умот бара, а срцето наоѓа.
Калил Џибран

Големиот човек има две срца: едното крвави, а другото се воздржува.
Калил Џибран

Многумина мислат дека имаат добро срце, а всушност имаат слаби нерви.
Мари Ебнер-Ешенбах

Срцето е астролог кој секогаш ја погаѓа вистината.
Педро Калдерон де ла Барса

Треба да сме подобри во срцето одошто точни во сметката.
Цицерон

Умот, додуша, се просветува, но срцето секогаш останува исто.
Артур Шопенхауер

Срцето на државникот секогаш треба да е во главата.
Наполеон Бонапарта

Треба да се трага по зборови кои ќе го разбудат нашето срце, тој единствен вистински орган на мислењето.
Весна Крмпотиќ

Слабоста на срцето е света.
Леополд Седар Сенгор

На срцето не треба да му се верува. На срцето баш најмалку.
Тин Ујевиќ

Ништо не е посурово од срцето.
Жан-Пол Туле

Умот бара, но срцето наоѓа.
Жорж Санд

Не крвта и месото, срцето нè прави татковци и синови.
Фридрих Шилер

Осаменото срце не е срце.
Антонио Мачадо

Кога имаш срце, не можеш да имаш гаќи.
Бранислав Нушиќ

Срцето е богатство што не се продава и не се купува, туку се подарува.
Гистав Флобер

Човечкото срце е полно со бесмислености, и кога би требало да се помират сите противречнбости што тоа ги има во себе тоа би било многу работа.
Теофил Готје

Невиното срце е најсилно од сите сили.
Виктор Иго

Разсумот не ме научи на ништо; сè што знам ми даде, ми откри срцето.
Лав Толстој

Кога срцето би се исповедало-тоа би била долга и страшна исповед.
Иван Цанкар

Повеќе врееди добро срце одошто сите глави на светот.
Едвард Џорџ Булвер Литон

На мажот светот му е срце. На жената срцето ѝ е свет.
Кристијан Дитрих Граб

Многу зла сум забележал во луѓето, а најлошо е непомирливото срце.
Франц Грилпарцер

Срцето е клуч на светот и животот.
Фридрих Леополд Фрајхерим Харденберг Новалис

Многу срца се губат во општото, само најблагородното му се посветува на едно.
Јохан Волфганг Гете

Срцето на будалиот е во устата; устата на паметниот човек се наоѓа во срцето.
Бенџамин Франклин

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце-порта наjвисока,
срце-куќа наjширока.
Кочо Рацин

Нема ли срце, нема ли
срце-на срца срцето,
срце-ширини широко
срце-длабини длабоко-
цел свет да збере, па да е
за виа гради малечко?
Кочо Рацин

 

Leave the first comment