ДУМА, ОПИТ, УКА 7

Потребно време за читање: 4 минути

7. Добрина

Македонски народни пословици

Без бога нема добрина.

Добрината брго се забораа, а лошотијата не се забораа.

Добрината со добрина се плаќа.

Имат чоек што добрина не припознаат и имат што ја припознаат.

Којшто се опива, не чекај од него добрина.

Не чекај добрина од чоека што е роден за злоба.

Од ѓаол темјан и од поп добрина.

Радуј се, чоече, кога имаш добриње, оти од бога ти се даени.

Добрината не те прави најдобар меѓу најлошите.

Пословици од народите на светот

Не верувај во добрината на оној што му се весели на пожарот кај соседот. (Корејска)

Добриот човек секогаш го сметаат за ограничен. (Кмерска; Кмерите се кампучиски народ во Индокина-првпат се спомнува како самостоен (во својата држава Ченла) во кинеските извори од 7. и 8. век; има богата култура со влијание врз соседна Индија.)

Добриот човек луѓето го измамуваат, а добриот коњ го јаваат. (Кинеска)

Прекумерната добрина доведува на улица. (Корејска)

Добриот човек е како јагне: дава волна, но не гризе. (Германска)

Добрината и простувањето создаваат само неблагодарници. (Португалска)

Кој ми прави добрина, ме подучува да бидам добар. (Португалска)

Празната добрина е без разум. (Руска)

Добриот човек не живее сам, кај него секогаш доаѓаат луѓе. (Руска)

Кога некому му правиш добро, мисли и на последиците. (Бугарска)

Ако сакаш да сториш добро дело, не прашувај никого. (Турска)

Ако правиш добро, прави го тоа докрај. (Туркменска)

Премногу добар човек за светот најчесто не е добар за своето семејство. (Еврејска)

Кој прави добро, никакво добро не го чека. Така било од дамнина. (Индонезиска)

Латински изреки

Немој да мислиш дека си добар само ако си најдобар меѓу најлошите.

Домисла, гесло, мисла водилка

Немојте да се уморите правејќи добри дела, зашто кога ќе дојде време ќе жнеете благослов.
Библија

Рекле, издумале

Сите луѓе не можат да бидат богати и значајни, ама сите можат да бидат добри.
Конфучиј

Со оној што е добар, јас сум добар; со оној што не е добар, јас сум сепак добар.
Конфучиј

Да се биде добар, значи да се биде во хармонија со самиот себе. Несогласност владее таму кај што човекот е принуден да биде во хармонија со други. Главен е сопствениот живот.
Оскар Фингал Вајлд

Добриот човек полесно може да се стави на местото на лошиот, отколку лошиот човек на местото на добриот.
Јохан Паул Фридрих, ди Жан Пол Рихтер

Неколкумина добри луѓе го прават секогаш топло сопчето и без печка, покрив и прозорец.
Готфрид Келер

Доброто по наредба-не е добро.
Иван Сергеевич Тургењев

Еден овчар му рече на татка си: „Поучи ме на добрина“. Овој одговори: „Биди добар, но не толку за острите волчји заби да станат опасни“.
Мусафир-ал Дин Саади

Добрината е слатка будалштина што се лечи со време.
Адриен Декурсел

Понекогаш добрината е како слепец кој ужива во своите очи што не гледаат.
Џералд Хенлеј

Ништо не е поретко од вистинската добрина; дури и оние што мислат дека се добри, обично се само љубезни или слаби.
Франсоа Ла Рошфуко

Поблизок ми е добриот Кинез отколку лошиот Шпанец.
Федерико Гарсија Лорка

Напорната добрина го победува и најтврдото срце.
Сенека

Оној што сака да прави добро, ќе почука на врата.Onaj ko želi da čini dobro, zakucaće na vrata.
Рабиндранат Тагоре

Кој прави добро, од него се очекуваат повеќе добра.
Иво Андриќ

Добрината многу знае и може, а зборува само со насмевка.
Иво Андриќ

Кој ќе одлучи да прави добро, не треба да очекува дека поради тоа ќе му ги отстранат камењата на патот, туку мора да биде подготвен да го натоварат со уште понекој камен.
Др Алберт Швајцер

Малкумина се оние што умеат да права добро; за зл/о ед секој вешт.
Флавијан Грацијан Август

Проверете дали стѕе навистина добар човек. Помогнете им на оние кој не можат да ви возвратат.
Душан Радовиќ

Добрината е големо здравје.
Душан Радовиќ

Секое Добро е преобразување на некое Зло; секој бог иома по еден ѓавол за татко.
Фридрих Ниче

Најдобар начин да се прави добро е цврста одлука да се сузбие зло.
Имануел Кант

Големо зло е да не се прави добро.
Жан Жак Русо

Лесно е да се биде добар, тешко е да се биде праведен.
Виктор Иго

Секогаш е добро да се прифати мислата дека луѓето се понежни и почувствителни отколку што изгледаат.
Адолф Хофер

Она што почнува добро не мора да заврши добро, но она што почнува лошо ќе заврши уште полошо.
Анонимус

Не сакам да влезам во историјата. Доволно ми е да го завршам животот со убедување дека никому не сум му нанел зло.
Виторио де Сика

Сето добро лежи во младо чувствување и зрело мислење.
Бартелеми Жубер

Добриот човек е секогаш почетник.
Карл Фридриг Филип фон Марциус

Во добро веруваат само оние малкутемина што го прават.
Марија фон Ебнер-Ешенбах

Единствен начион да ги обврзиме луѓето да ззборуваат добро за нас е да правиме добнро.
Франсоа Волтер

Добрината е слатка будалаштина која се лечи со време.
Адријан Декурсел

Правило е најнапред да се биде сам добар, а потоа да се бара друг, сличен на себеси.
Цицерон

Човек е често добар само затоа што нема можност да биде лош.
Шандор Петефи

Нема човек кој не би сакал добро, како што нема вода која не би потекла удолу.
Менг-Це

Понекогаш добрината е како слепец кој ужива во своите очи што не гледаат.
Вилјем Ернест Хенлеј

Ако на свој пријател си му направил мала неправда, нека таа неправда во твоите очи изгледа голема, и исправи ја. Ако на свој пријател си му направил големо добро, нека тоа во твоите очи изгледа мало. Ако тој тебе ти направил мало добро, нека во твоите очи изгледа големо, а големо зло нека ти изгледа мало.
Роби Натан

Да сте исклучиво добри, би биле јагне, шрто е премногу тажно.
Оноре де Балзак

Се плашам од ангели: толку се добро што ќе се согласат да бидат и сатани.
Станислав Јержи Лец

Ништо не е поретко од вистинска добрина; дури и оние што мислат дека се добри, обично се само љубезни или слаби.
Ла Рошфуко

 

Leave the first comment