Потребно време за читање: 14 минути

150. Вина

Вината е тежок, ма најтежок товар за човек што е човек. Кој со признание може да му стане полесен, но не и сосем да се ослободи од него. И тоа доколку со признанието иде и казна.

За виновникот вината е иста, сеедно колку е голема или мала. Кога е свесен за неа, кога свесно ја кренал на плеќи со намера да ја поноси некое време и од овде до онде.

Има ли разлика меѓу чувството на вина и нејзината тежест? Тие се обусловени и последователни. Со таа разлика што чувството на вина обично трае подолго од самата вина кај оној што е виновен зашто не успеал да ја одбрани својата невиност.

Без вина виновен? Нема друго, освен тоа да го докажува сè додека не го докаже.

 Македонски народни пословици и изреки

Кој е крив, а кој прав?

Криво и слепо.

По крив пат тргна.

Кој не е тука, крив е.

Виновен си ти или секогаш некој друг.

Вината не издржува во среќен живот.

Вината за душата е исто што и болештината за телото.

Луѓето се криви за светот што им е таков, а не каков што треба да биде за луѓе.

Или си виновен или не си. Трето нема кај што има правина.

Јас те обвинувам тебе, ти ме обвинуваш мене, значи обајцата сме виновни.

Мора да се идржува товарот на вината. Сеедно колку е голем.

Чувството на вина не треба да се крие.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако знаеме дека сме сториле зло, а одбиваме да го признаеме тоа, виновни сме двојно. (Кинеска)

Ако премногу тврдиш дека си во право, ќе бидеш виновен. (Еврејска)

Кој се оправдува, тој се обвинува. (Француска)

Проклет е светот во кој ти си секогаш во право, а другите се секогаш виновни. (Руска)

Не си виновен затоа што не си совршен. (Индиска)

Вината кога-тогаш ја стигнуваат простувањето и заборавањето. (Турска)

Вината го прави човекот нечовек ако брзо не се ослободи од неа или не ја надвладее. (Германска)

Вината го уништува човекот сосе неговото минато и неговата иднина. (Хрватска)

Латински изреки

Признанието е лек за виновникот.

Кучето е виновно, но свињата се казнува. (Canis peccatum, sus dependit.)

За цел живот или до првата вина. (Ad vitam aut culpam.)

Кој ги знае своите пороци, лесно ги оправдува другите. (Facile aliis ignoscet, qui sua vitia noverit.)

Моја вина (моја многу голема вина). (Mea culpa-Mea maxima culpa).

Не е вино виното, туку тие што го пијат. (Non est culpa vini, sed culpa bibentis.)

Кој простува една вина, им помага на многумина. (Qui culpae ingnoscit uni, suadet pluribus.)

Кој се оправдува, се обвинува. (Qui se excusat, se accusat.)

Вината и праведноста се и едновремени и наспоредни.

Вината е бессилна, обвинувањето со докази дава сила.

Вината е бескорисна ако не те натера да менуваш и да се менуваш.

Единствено полош од вината е стравот да не те фатат.

Ако те улови вината, ќе ти ја порази совеста. А со признаената вина оди и срамот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Кога размислувате за животот, запомнете го ова: ниедно количество вина не може да го реши минатото и ниедно стравување не може да ја промени иднината.
Анонимус

Вината на преживеаниот е крадец на радоста-уште една секундарна загуба од смртта.
Анонимус

Вината на човекот е индивидуална, таа не е колективна.
Анонимус

Простувањето го симнува товарот на омразата, вината и горчината од вашите плеќи и, со полесен товар, можете да се качувате сè побрзо и побрзо, и да бидете многу посреќни во тој процес.
Анонимус

Вината може да ве задржи да не раснете или да ви покаже што треба да промените во својот живот.
Анонимус

Рекле, издумале        

Почетокот на оправдувањето е признавање на вината.
Луциј Анеј Сенека

Не обвинувајте и не фалете никого избрзано.
Публилиј Сириј

Виновниот моли, а невиниот е гневен.
Публилиј Сириј

Свињата ја учи Минерва.
Плутарх

Ниту да се обвинувате, ниту да се фалите.
Плутарх

Колку повеќе се развивате како слободно и критичко суштество, толку повеќе вина чувствувате.
Ернест Бекер

Кога убиваат без вина, можеби и пуштаат без оправдување.
Меша Селимовиќ

Покајничките солзи ги бришат дамките на вината.
Свети Августин

Најлошо чувство на вина е да прифатите незаслужена вина.
Ајн Ранд

Секој човек е пред сите и за сè виновен.
Фјодор Достоевски

Вина е збир на сите негативни чувствувања што сме ги имале спрема себеси, во која било форма на омраза спрема себеси, самоотфрлање, чувство на безвредност, грешност, инфериорност, неспособност, неуспех или празнотија. Чувство дека во нас постојат нешта кои или недостасуваат  или се нецелосни.
Кен Вапницк

Вината е секогаш гладна, не дозволувајте да ве изеде.
Тери Гуиллементс

Само тоа ќе го речам: јас сум виновен за вината. Вината е добра. Вината ни помага да останеме на прав пат зашто станува збор за наше однесување. Тоа се случува кога ќе споредиме нешто што сме сториле-или не сме успеале-со нашите вредности.
Брене Бровн

Вината не е секогаш рационална ствар и среќа. Вината е тежина која ќе ве скрши без оглед дали сте го заслужиле тоа или не.
Морин Џонсон

Одрекувањето, паниката, заканите, бесот-тоа се мошне човечки одговори на чувството на вина.
Џошуа Опенхајмер

Вината е длабоко конзервативни чувствувања и како таква не е особено корисна за промена. Од позиција на несигурност и вина, луѓето не се менуваат, ниту поттикнуваат други да се променат.
Мајкл Кауфман

Вината е рак. Вината ќе ве заузда, ќе ве мачи, ќе ве уништи како уметник. Таа е црн ѕид. Таа е крадец.
Дејвид Ерик Грол

Ништо не е појадно од умот на човекот свесен за вина.
Плаут

Ниедна работа или љубов нема да процути без вина, страв или шуплина на срцето, како што ни оние што сега немаат способност за живот не можат да направат добри планови за иднина.
Алан Вилсон Вотс

Вината не може да нè спречи да поставиме граници кои би биле во наш најдобар интерес и во најдобар интерес на други луѓе.
Мелоди Бити

Оној што е свесен за вината, не може да поднесе невиност на други. Па ќе се обиде сите останати да ги сведе на нивно ниво.
Чарли Џејмс Фок

Вината е деструктивна и на крајот бесмислена емоција.
Лин Крили

Без оглед на тоа колку фрустрирано и разочарано можеме да се чувствуваме соочени со своите неуспеси, тоа е само привремено. И колку можете да престанете да се валкате во вина или огорченост, побрзо можете тоа да го ставите зад себе.
Фабрицио Мореира

Ако се сомневаме дека темел за внатрешна работа е сочувствувањето со себе и однесувањето кое се чести, треба само да се потсетиме дека спротивниот пристап, чувствување на вина или осудување на себеси всушност никогаш не успеало.
Џон Ерл

Секој светец има минато, а секој грешник иднина.
Оскар Фингал Вајлд

О, колку е тешко да се прикрие злосторство на своето лице.
Овидиј

И нема кој да биде виновен освен мртовецот.
Карен Есекс

А прашањето е: дали сме виновни дека нашите желби предизвикуваат болка кај другите луѓе?
Алесандро Барико

Адвокатите ја отстранија едноставната концепција за правилно и погрешно, претворајќи ја во степени на вина.
Питер Ф. Хамилтон

Јас сум скогаш виновен за сопствената несреќа.
Даниел Дефо

Не станав адвокат затоа што разбрав: повеќето адвокати одлично знаат дека клиентот што го бранеле бил виновен.
Метју Меконахи

Не сум способен ни за момент да се видам себеси ниту како целина, ниту во поединечни карактеристики. По природа, како и сите други луѓе, можам да се сакам себеси (и најчесто) или да се мразам (често го правам и тоа), можам дури и да се клеветам, но не знам и не умеам спокојно да се набљудувам. праведно и вистински да се истражувам, да се обвинувам, судам и во согласност со решението на овој суд-да се поправам.
Иво Андриќ

Не чувствувам вина за мојот успех. Глупаво е да чувствуваш вина за стремеж и посакување.
Џастин Тимберлејк

Јас сум виновен за својата несреќа. И јас треба да одговарам за последиците на своите постапки. Не можам да ги натерам другите да ја плаќаат цената за она што сам сум си го направил, без разлика дали умислено или неволно.
Тери Гудкајнд

Се чувствував виновен што веќе не верувам во концептот на вина.
Иен Бенкс

Јас сум виновен за многу работи во овој свет на полугревови и грешници, но не и за недостиг на љубов.
Катја Кету

Ако верен коњ се сопне на патот, не обвинувај го коњот, обвинувај го патот.
Џорџ Данелија

Ако вие не можете да бидете господин, барем не бидете свиња.
Чарлс Буковски

Ако верувате дека околу вас се виновни за сè што ви се случува, вие сте наивни.
Владимир Рудолфович Соловјов

Ако вам како родители ви е срам за вашите деца, вие сте виновни за тоа.
Мерилин Менсон

Ако вината е луксуз, тогаш јас сум плутократ.
Фриц Лајбер

Ако сите осомничени се прогласат за виновни, речиси е невозможно читателот сам да дојде до дното на вистината. Тогаш крајот ќе изгледа премногу произволен.
Алекс Павези

Ако зборовите на наредбата се нејасни, виновен е генералот. Но, ако зборовите на наредбата се јасни и наредбата не се изврши, виновни се командантите на војските.
Р.Ф. Куанг

Ако жената е принудена да ја признае својата вина, таа секогаш ќе се чувствува жртва.
Етјен Реј

Ако ja изгубите довербата само со признавање на вина, тогаш никогаш не сте ја имале.
Еичиро Ода

Ако сами не си ги простиме грешките, а на другите за раните што ни ги нанеле, завршуваме осакатени од вина. И душата не може да расте под покривката на вината зашто вината е изолирана, додека растот е постепен процес на повторно поврзување со себеси, со другите луѓе и со поголемо цело.
Џоан Борисенко

Ако се опкружуваме со лошо друштво, тоа не е наша вина.
Семјуел Бјорк

Ако нема жртви, нема ни вина. Љубовта-тоа е живот во кој нема место за чувство на вина.
Бајрон Кејти

Ако дозволиме чувството на вина да расте и да зазема сè повеќе и повеќе место во нашите емоции, тоа ќе стане причина за депресија која ќе знаеме каде започнува, но не и каде завршува.
Бернардо Стаматеас

Ако продолжите да ги обвинувате другите луѓе дека ве „натерале“ да се чувствувате виновни, тие сè уште имаат моќ над вас и велите дека ќе се чувствувате добро само кога ќе престанат да го прават тоа. Вие им давате контрола над вашиот живот. Престанете да обвинувате други луѓе.
Хенри Облак

Вината е еден од најтешките проблеми со кои се соочуваме духовно и емоционално. Нè држи повеќе загрижени да бидеме „добри“ отколку да бидеме искрени.
Хенри Облак

Ако слепец се сопне на камен, паѓајќи на земја тој секогаш ќе го проколнува каменот, иако за тоа е виновно неговото слепило.
Хенрик Сјенкјевич

Ако сте обвинети за грешки на други луѓе, не двоумете се да го идентификувате вистинскиот виновник.
Луис Франкел

Ако има Ѓавол, најверојатно негова омилена тортура е чувството на вина.
Глен Кук

Бескрајниот циклус на вина: неопходноста да се избега од него и подеднакво очајната потреба да се вградиш во него.
Тами Хоуг

Би било премногу едноставно кога само политичарите би биле виновни.
Светлана Алексиевич

Бог го наоѓа виновникот.
Хомер

Во бегството на престапникот секогаш постои имплицитно признание на вината.
Торнтон Вајлдер

Во секоја женска грешка има и машка вина.
Јохан Готфрид Хердер

Во депресијата е забележливо комбинирање на навидум некомпатибилни нешта. На пример: јас не сум виновен за ништо, и тоа е само моја вина.
Џулијан Барнс

Во животот нема виновни; има само страдални.
Лиз Бурбо

Во извесна смисла да умреш е полесно отколку да живееш со вина.
Мајкл Панке

Во мали дози, чувството на вина го изострува духот.
Феј Велдон

Во мојата смрт барајте ја вината за мојот живот.
Генадиј Малкин

Како одговор, главата е таму кај што раката е виновна.
Пјер Корнеј

Во пропаѓањето често сме виновни сами.
Алма Кацу

Во случај на самоубиство, тежината на вината ќе ја почувствуваат сите роднини на починатиот, без разлика дали е тоа заслужено или не.
Рејчел Абот

Веќе знаеме дека сте обвинети. Таквата информација се шири веднаш.
Франц Кафка

Вечноста е долг период на време за да тонеш во вина.
Стефани Мајер

Вина, јас ќе станам земјата под твоите нозе, а ти, во овој среќен крај, ќе станеш мојата единствена планета.
Салман Ружди

Секогаш е полесно да мислиш дека е некој друг виновен!
Екатерина Вилмонт

Секогаш е така: невини луѓе паѓаат во мелница за месо, а оние што имаат власт, кои се навистина виновни, излегуваат од водата суви.
Лоис Макмастер Буџолд

Некој секогаш се казнува кога е извршено кривично дело, но не секогаш виновникот.
Ирса Сигурдардотир

Вината е во нашите мозоци. Иако се навистина добри во градењето синџири, тие се ужасни во нивното раскинување.
Даниел Којл

Вината е гнев насочен кон нас самите-за она што сме го направиле или не. Незадоволството е гнев насочен кон другите-за она што го направиле или не го направиле.
Питер Меквилијамс

Вината е единствениот товар кој човек не може да го понесе сам.
Анаис Нин

Вината е едната страна на непријатниот тријаголник; другите две се срамот  и стигмата. Оваа мрачна коалиција комбинира за да ги вмеша самите жени во злосторствата извршени против нив.
Џермејн Грир

Вината е губење време. Колку и да откриете вина кај друг, и независно од тоа колку го обвинувате, тоа нема да ве промени.
Џек Канфилд

Вината е како санта мраз, од која поголемиот дел е сокриен од љубопитните очи.
Патриша Хајсмит

Вината е како сенка што само ти можеш да ја видиш. Секогаш е таму. Може да те удави. Таа обградува и е невозможно е да се избега од неа.
Алис Келен

Вината е најбезмилосната болест на човекот. Ги обзема сите други области од животот. Го затемнува целото небо.
Џон Д. Мекдоналд

Вината е најголемо чудовиште. Каење, убиец. Но, најлоши се спомените. И сепак, понекогаш тие се единствените нешта што го одржуваат нашиот народ жив.
Мелина Маркета

Вината е нешто како комфорна храна за душата. Тоа нè оттргнува од напорот да носиме одговорност.
Хенри Клауд

Вината е рак. Вината ќе те ограничи, ќе те измачува, ќе те ништожи како уметник. Таа е црн ѕид. Таа е крадец.
Дејв Грол

Вината е вообразеност.
Маријан Кис

Вината е чудно семе: колку подлабоко го закопувате, толку потешко се обидува да изникне.
Холи Рингланд

Вината е она што те прави да си одговорен.
Рошани Чокши

Вината е нешто со што те опиваат за да му дадат некакво значење на хаосот.
Даглас Коупленд

Вината е учител, љубовта е лекција.
Џоан Борисенко

Вината и љубовта се далеку помоќни мотиватори од стравот.
Џејмс Коми

Вината и бесот, омразата и стравот беа патишта кон слабост и несмасни избори.
Џонатан Мабери

Вината има однос кон минатото, а одговорноста кон сегашноста.
Марк Менсон

Вина ли е што насекаде гледам бариери, што сè што е готово за мене нема вредност?
Франсоа Шатобријан

Вината не е најдобриот начин да си ги поправите грешките.
Дејвид Брнс

Вината нè држи заглавени во минатото. Одговорноста го отвора патот кон подобра иднина.
Мерили Адамс

Вината, како огромна црна птица, седи на рамениците на мнозина од нас.
Џејмс Холис

Вината нè учи на одговорност.
Рошани Чокши

Вината одзема многу енергија.
Ана Бикова

Вината е мајстор на убедувањето.
Пол Остер

Виновните секогаш наоѓаат начин да го рационализираат своето однесување така што ќе звучат како да ви направиле услуга.
Мишел Ричмонд

Виновните луѓе понекогаш бегаат дури и ако не се кривично гонети.
Филип К. Дик

Виновникот бега кога сè уште никој не го брка.
Стивен Кинг

Виновникот не може да биде признат за праведен одмаздник.
Пјер Корнеј

Владетелите не треба да го обвинуваат народот за отсуство на патриотизам, а треба да направат сè што е потребно тие да стане патриоти.
Томас Маколеј

Впрочем, доволно е да се потсетиме на минатото: изгубив верба во себе, затоа стекнав безгранично чувство на вина.
Франц Кафка

Секој од нас се искупува за вината на својата младост.
Морис Мерло-Понти

Секој што страда долго време сам е виновен за тоа.
Мишел де Монтењ

Сите страдаме од незадоволство од самите себе и сознанието за сопствена вина.
Луиз Хеј

Сите кукавици се наклонети да ја префрлаат својата вина на рамената на друг.
Орсон Кард

Сè на светот е нечија вина.
В. Брус Камерон

Гневот те уморува, но вината те спречува да заспиеш.
Минди Мекгинис

Големото жалење е донекаде како вина.
Владислав Крапивин

Да се ​​браниш себеси обвинувајќи ги другите е последното нешто.
Анри Шариер

Да ја разделиш вината на сите-најдобар начин евтино да се ослободиш од неа.
Хавиер Маријас

Да се предадеш значи да ја признаеш вината.
Орсон Кард

Да се грижиме за отстранување на проблемот наместо за вината.
Брендон Мул

Да се ​​чувствуваш одговорен не значи да обвинуваш.
Ана Бикова

Да ​​заклучиме дека нема разлика меѓу виновникот и жртвата е да изгубиме секаква надеж. И тоа го нарекуваме пекол.
Милан Кундера

Да, да, јас те сакам. Моја вина е што ти не го знаеш тоа.
Антоан де Сент-Егзипери

Дали камењата се виновни оти некаде под земјата војниците спијат тврдо долго?
Роберт Рождественски

Дури и во сон чувството на вина има значење.
Стивен Ериксон

Дури и кога никој не е виновен, секогаш е некој виновен.
Метју Фицсимонс

Еве едно интересно прашање: колку генерации луѓе треба да ја сносат вината за злосторството што некогаш го извршиле нивните предци?
Џастин Гордер

За да се ослободиш од чувството на вина, доволно е да бидеш свој.
Вадим Зеланд

За човечката природа е карактеристично да обвинува секој друг, но не и самата себе.
Дејл Карнеги

Зад секое чувство на вина се крие незадоволство.
Фриц Перлс

Задачата на историчарот не е да утврдува ничија вина. Но, во исто време тој нема право да ја негира вината доколку ја има.
Глен Кук

Злите не разбираат дека се зли,-каква е тогаш нивната вина?
Вилијам Саројан

И ако не ја обвинувам судбината за тоа што се случи, тогаш кого можам да обвинам?
Бриџит Кемерер

Има два вида на вина: едната е онаа која те дави додека не станеш бесполезна, а другата е онаа која ти ја разгорува душата со нова цел.
Саба Тахир

Вистината се заслужува само кога имаш волја да ја признаеш својата вина.
Николас Спаркс

Вистинската љубов доаѓа од знаењето, а не на чувство за долг или вина.
Алан Вотс

Историјата ја пишуваат богатите и затоа сиромашните се виновни за сè.
Џефри Сакс

Кога душата е полна со мрак, во неа зрее грев. Виновен е не тој што греши, туку тој што создава мрак.
Виктор Иго

Кога сте уверени во вашата невиност, вашата вина е очигледна.
Џејмс Балард

Кога некој е неправедно обвинет за нешто, тој веднаш почнува да се однесува како виновен.
Елена Колина

Колку повеќе се обвинувам себеси, толку повеќе имам право да ве осудувам.
Албер Ками

Кај што нема умисла, таму нема вина.
Тит Ливиј

Мислам дека смртта понекогаш е полесна од вината.
Бет Ревис

Многу е полесно да обвинуваш, без да си направи ништо, отколку да направиш нешто.
Валерија Вербинина

Многу луѓе се чувствуваат „виновни“ за нешта за кои не треба да се чувствуваат виновни, за да го исклучат чувството на вина за нештата за кои треба да се чувствуваат виновни.
Сидни Харис

Може да има потреба од простување само кога има вина за првпат. И може да има вина само кога прво има недоразбирање.
Мајк Дули

Може ли младоста да биде обвинувана дека сака промена?
Алистер Рејнолдс

Навистина верувам дека нема кого да обвинуваме за тоа што го правиме со нашите животи.
Труман Капот

Навистина, подобро е да се прости премногу, отколку да обвинувате премногу.
Џорџ Елиот

Највиновните се најмалку дарежливи, тоа е општо правило.
Пјер де Бомарше

Најголема вина е да не си свесен за својата вина.
Томас Карлајл

Најсрамниот начин да ја прикриете вината е сожалувањето.
Хорхе Букај

Најтешко е не се фати криминалецот, туку да се докаже неговата вина.
Агата Кристи

Најужасниот грев е да преземете врз себе незаслужена вина, а вие сте го правеле тоа цел живот.
Ајн Ранд

Науката не може да биоде виновна. Виновни се само луѓето кои ги злоупотребуваат нејзините достигнувања.
Фредерик Жолио-Кири

Не е мала несреќа и срам што ние не по наша вина ниту ја разбираме нашата природа, ниту потеклото.
Тереза Авилска

Не може да има мир без простување. И можете да му простите само на оној што ја признава својата вина.
Ерик де Кермел

Не можете да го обвинувате докторот кој не може да победи неизлечиви болести.
Хипократ

Не можете да обвинувате човек кој знае како да постигне успех.
Џорџ Клејсон

Не можете да обвините цела нација за злосторства извршени од малкумина.
Колин МекКалоу

Не обвинувајте го огледалото ако лицето е искривено.
Николај Гогољ

Не обрнувајте внимание на нечија пофалба или вина. Само следете ги сопствените чувства.
Волфганг Амадеус Моцарт

Несреќните се секогаш виновни: виновни што постојат, зборуваат, им требаат на други и што не можат да им одбијат услуги.
Оноре Мирабо

Ние сите го добиваме она што го заслужуваме. Не треба да обвинуваме никого, освен себеси.
Кнут Хамсун

Ние се престоривме во општество од луѓе кои сакаат да обвинуваат некој друг за нашата состојба.
Џим Стоуел

Ние сме осудени луѓе. Оние кои остануваат секогаш се чувствуваат виновни за оние што заминале.
Људмила Улицкаја

Честопати сме неправедни кон другите кога се чувствуваме виновни.
Розамонд Пилчер

Ништо не ја развива грешноста како нежно постапување со виновните.
Јосиф Флавиј

Но, ако човек сака да си игра со оган, ќе биде сам виновен ако се изгори.
Етел Лилијан Војнич

Но, тоа не е наша вина-сите се болни. Името на оваа болест е фантазија.
Евгениј Замјатин

Дали ние ја носиме вината за гревовите на минатите генерации? Ако е така, дали можеме да ја поднесеме тежината на тоа бреме?
Лиза Вингејт

Нема колективна вина,… вината е индивидуална, како спасението.
Фредерик Форсајт

Нема невини. Некои се повеќе виновни од другите.
Ервин Велш

Нема никој толку добар за да биде ослободен од секаква вина.
Езоп

Нема совршена среќа на земјата; но најголемата несреќа и освен тоа што секогаш може да се избегне, е да бидеш несреќен по своја вина.
Жан-Жак Русо

Не постои вина што не може да се прости.
Валентин Распутин

Обвинението без докази само по себе е кривично дело.
Кристијан Жак

Обвинувањето на нашите постапки, а не на карактерот ни овозможува да чувствуваме вина наместо срам.
Шерил Сандберг

Обвинувањето некого е секогаш знак на немоќ.
Луиз Хеј

Обично луѓето не сакаат да се обвинуваат едни со други за лагата.
Дајан Сетерфилд

Вината обично има три форми во нашиот живот: избегнување, прекумерна компензација и саморанување.
Џејмс Холис

Обично виновниците молчат. Ова е нивна единствена привилегија и единствена разумна стратегија.
Ју Несбо

Вообичаено е оној кој останува жив секогаш да се чувствува виновен.
Џоан К. Роулинг

Главниот парадокс овде-интелектуалната неоснованост на вината и практичната потреба од неа-е нешто што малку луѓе изгледаат подготвени да го признаат.
Роберт Рајт

Осознавањето на вината се распаѓа експоненцијално со растојанието.
Питер Вотс

Одговорноста и вината често се поврзуваат една со друга во нашата култура. А тоа се различни нешта.
Марк Менсон

Отвореното признание ја ублажува вината, но го продолжува рокот на притворот.
Андреј Кудин

Негирањето на вината мора да изгледа веродостојно.
Кристин Терел

Преживеаните секогаш се чувствуваат виновни за тоа што се живи.
Артур Кларк

Подобро е да ослободите десетмина виновни отколку да обвините еден невин.
Катерина II Велика

Подобро ли е виновните да загинат или невините да живеат?
Брент Викс

Покажи ми жена која не доживува вина, а јас ќе ви покажам маж.
Ерика Јонг

Солзите на покајанието го измиваат петното на вината.
Свети Августин

Политичар е секогаш човек кој барем еднаш е виновен. Или повеќе од еднаш.
Захар Прилепин

Си помислив: дали е ова вистина? Дали има ситуации во кои само еден човек е виновен за сè што се случува? Сè што се случува во животот зависи од многу различни фактори кои заемно дејствуваат на многу различни начини.
Матијас Едвардсон

Понекогаш чувството на вина се пројавува на сосема спротивен начин: се лутиш на човек кого неправедно си го навредил и започнуваш да го навредуваш уште повеќе.
Крис Менби

Презумпцијата на невиност е заменета со презумпцијата на вина.
Џон Гришам

Просветлувањето е излегување на човекот од состојба на сопствена несовршеност, во која се наоѓа по сопствена вина.
Имануел Кант

Психичките модели кои ги предизвикуваат повеќето телесни заболувања се критиката, гневот, негодувањето и вината.
Луиз Хеј

Прво гледајте ги сите конфликти како своја вина.
Бхакти Тирта Свами

Се разбира, што ќе обвините ако не жртвата!
Џилијан Флин

Се разбира, самата работа е виновна ако не умее да стане сакана.
Виктор Шкловски

Ја разбирам безнадежноста. Чувството на вина. Знаејќи дека светот е скршен и не може да биде поправен.
Хуан Гомез Хурадо

Само добрите луѓе се чувствуваат виновни.
Лаура Шлезингер

Сатирата има една огромен недостаток-таа рано знае кој е виновен.
Генадиј Казанов

Силниот секогаш е виновен за слабиот.
Иван Крилов

Тагата е благо, но чувството на вина е суетно чувство.
Дин Кунц

Понижувањето нè прави виновни за сите туѓи пороци.
Жан Батист Масијон

Споделете ја славата, споделете ја вината.
Сузан Денард

Стравот е олицетворение на вина.
Олег Рој

Стравот е судбина на виновните.
Џоана Линдзи

Стравот и вината се сестри.
Ширли Џексон

Совеста вообичаено не ги мачи оние што се виновни.
Ерих Марија Ремарк

Солзите секогаш означуваат слабост или признание на вина.
Теодор Драјзер

Таму каде што завршува невиноста, завршува и вината.
Џејмс Болдвин

Она што останува недоречено често станува вина што не може ниту да се прости, ниту да се заборави.
Никол М. Келби

Она што те боли повеќе од твојата вина е срамот.
Дајан Чембрлен

Овој рефлекс-да отфрлиме секаква вина од себеси и да ја префрлиме на другите-е знак за целосно распаѓање на моралот во нашето општество.
Неле Нојхаус

Луѓето секогаш ја обвинуваат судбината кога не можат да се справат со животот.
Надја Хашими

Луѓето премногу лесно ги обвинуваат другите за сопственото зло.
Николај Велимирович

Човекот е несреќен само по своја вина.
Франсоа Моријак

Човек не е виновен за своето потекло.
Вилијам Такери

Човек не може да биде сам. Ако е сам, тоа е само по негова вина. Само поради таа причина.
Константин Паустовски

Човекот сам си е виновен ако не умее да биде среќен.
Хенри Џејмс

Да се ​​греши е човечки. Да обвинуваш некој друг е политика.
Херберт Хамфри

Чувството на вина стана речиси уметничка форма во нашата култура. Тоа е една од најсилните емоции и ја користи секој кој не е мрзелив.
Лиз Бурбо

Чувството на вина е моќен мотиватор.
Мери Алис Монро

Чувството на вина е моќно оружје за психолошка манипулација.
Џон Бејнс

Чувството на вина е најпразно од сите.
Греам Џојс

Чувството на вина е тешко бреме.
Луиза Волтерс

Чувството на вина може да те убие.
Џон Ирвинг