Потребно време за читање: 2 минути

28. Време-Невреме

Македонски народни пословици

Без време е дошел, па не знам како ќе го биде.

Без време ништо не зрее.

Врват саатите, дните и годињето, како по реките воѓето.

Времето е најголем чорбаџија.

Времето продава дрвата, а скапотијата ги купуве.

Времето си врви, нам ни се куси.

Дури да му дојди времето, не пукнуат грнето.

Секое нешто си има и времето.

Цвеќето се бере додека му е времето; помине ли му времето, никој го не траже.

Чафките, кога грачат, времето ќе го расипат.

Пословици од народите на светот

Времето нема само заб, тоа има и јазик. (Руска)

Времето им е господар на оние што немаат други господари. (Арапска)

Времето им е адвокат на недолжните. (Германска)

Времето е часовник на животот. (Португалска)

Она што треба да го стори времето, нека го стори умот. (Шпанска)

И оној што има најмногу време, најмалку го има за губење. (Англиска)

Времето ги учи луѓето како треба да се живее. (Француска)

Кога еднаш ќе се изгубат времето и честа, повеќе не се наоѓаат. (Португалска)

Времето ги лекува старите рани, но не и оние што се обновуваат. (Руска)

Луѓето ги слават старите времиња, но не работат како старите луѓе. (Швајцарска)

Кога е бурата силна, секое пристаниште е добро. (Американска)

На трпеливиот човек времето му минува брзо. (Кинеска)

Времето никого не чека. (Српска)

Со време се дознава сè и сè се заборава. (Српска)

Латински изреки

Штеди го времето! (Tempori parce!)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 23

Времињата се менуваат и ние со нив.

Тешките времиња ублажувај ги со убаво време.

Домисла, гесло, мисла водилка

За да научите да ги цените минутите, потребни ви се години.
Анонимус

Рекле некои

Точноста е крадливец на времето.
Оскар Вајлд

Безвредните луѓе и беззвредните книги ни одземаат драгоцено време.
Оскар Вајлд

Да се избере вистинско време значи да се заштеди време.
Френсис Бекон

Времето ги лечи раните кои не може да ги излечи разум.
Сенека

Времето ги зацелува раните доколку ранетиот упорно не ги повредува.
Жорж Санд

Времето е добар лекар, но лош козметичар.
Франсоаз Саган

Времето му ги олеснува грижите само на лудиот; на мудриот разумот.
Епиктет

Додај му малку на малото, умерено на многу малото-за кратко време ќе стане голем куп
Овидиј

Времето нема заби, но сè нагризува.
Овидиј

Има моменти кога наеднаш времето запира и станува вечно.
Фјодор Достоевски

Има еден часовник кој или брза премногу или премногу заостанува зад она што сакаш да го направиш.
Жан Пол Сартр

Времето изрекува правда и ги става нештата на свое место.
Волтер

Иднината нè мачи, а минатото нè задржува. Ете зошто сегашниот момент ни бега.
Гистав Флобер

Времето не постои, постои само момент и во тој момент е нашиот живот. Поради тоа во тој момент треба да ја вложиме сета своја сила.
Лав Толстој

Времето ги однесува световите и еден ден останува само ткиво; ако е тоа лошо, се гледа само крпа.
Оноре де Балзак

Од сите судии најнепогрешливо е времето.
Висарион Белински

Дојде време кога паметниот молчи, будалиот зборува, а фукара се богати.
Иво Андриќ

Сите времиња се добри кога му припаѓаат на минатото.
Џорџ Гордон Бајрон

Секое време има своја вистина, како што секој човек има свое лице.
Маријано Хосе де Лара

Наутро се будиш и што да видиш! Твојата торба е магично наполнета со 24 часа драгоцени добра.
Алберт Бернет

Времето нема да го изневери оној што умее да го искористи.
Жозеф Мари Девондел

Времето го прави своето, а ти, човеку?
Станислав Јержи Лец

Паметните и зрелите луѓе имаат само онолку време колку што можат да го потрошат. Вишокот слободно време ги расипува луѓето.
Душан Радовиќ

Нашите души ги преминуваат границите на Животот што не се мерливи со Време, овој човеков пронајдок.
Калил Џибран

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here