Потребно време за читање: 7 минути

23. Вистина-Вистинољубие

Македонски народни пословици

Лагата поарно ја веруаат одошто вистината.

Мене лага, тебе вистина.

Сон е лага, Бог е вистина.

Вистината е посјајна од сонцето.

Вистината е како пипер в очи.

Повреди ме со вистината, ама никогаш не ме теши со лагата.

Маслото излагат над вода. (Овде масло-зејтин. Кога поради завист некој кодоши, но после вистината се дознава).

Вистина на чистина.

Вистината боцкат.

Ако се изм`мит, та вистината да ти ја кажит.

Справедлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној што ја кажува вистината.

Пословици од народите на светот

Кој ја бара вистината, мора да умее да ја поднесе. (Кинеска)

Вистината и маслото секогаш излегуваат на површина. (Арапска)

Пред да ја испуштиш стрелата на вистината, нејзината острица натопи ја во мед. (Арапска)

Вистината не е во еден, туку во повеќе соништа. (Арапска)

Вистината има само еден одговор, а лагата седум. (Африканска)

Од страв пред луѓето не смее да се говори вистина, од страв пред совеста не смее да се лаже. (Азербејџанска)

Вистината е како света вода: секој ја фали, ама никој не сака да му ја прскаат в очи. (Германска)

На вистината не ѝ е потребен сапун, таа има природна убавина. (Германска)

На вистината не ѝ се потребни многу зборови, а лагата никогаш ги нема доволно. (Германска)

Вистината има убаво лице, ама лоша облека. (Англиска)

Беше еднаш една вистина, ама ја изеде `рѓа. (Малоруска)

Вистината се разјаснува постепено, како што постепено настанува утрото. (Етиопска)

Латински изреки и пословици

Очигледната работа не треба да се докажува. (Manifestum non eget probatione.)

Вистината победува. (Veritas vincit.)

Секој е најдобар толкувач на својата вистина.

Светлината фрла сенка, а вистината открива тајна.

Кога би се потрудиле да бидеме онакви какви што би требало да сме, би ни требало помалку напор да се претставиме поинакви одошто сме.

Домисла- Гесло- Мисла водилка

Вистината купувај ја, никогаш не продавај ја!
Библија

Почнете на луѓето да им ја кажувате вистината в очи и ќе дознаете многу нешта за себе.
Литературная газета

Вистината треба да се живее, а не само за неа да се зборува.
Суфистичко учење

Некои луѓе трагаат по вистината за подлабоко да ја закопааат.
Nepszabadsag

За вистината е добро кога има различни гледишта.
Талмуд

Оној што ја спознал вечната вистина не гледа ниту болка, ниту болест, ниту смрт.
Упанишади

Само вистината води до успех, никако невистината. Вистинољубието ја открива патеката на среќата-патека по која одат мудрите ослободени од жедност, која ги води во вечното живеалиште на вистината.
Упанишади

Нека моите зборови не се разликуваат од моите мисли и нека моите мисли не се разликуваат од моите зборови.
Упанишади

На вистината ѝ е судено да се бори против лагата. Вистината ќе победува, ама лагата секогаш ќе се враќа, па вистината секогаш повторно ќе мора да се бори со неа. Ако не го прави тоа, ќе биде засекогаш изгубена.
Етиопско предание

Рекле, издумале

Ти си каков што си кога никој не те гледа.
Анонимус

На живите им должиме обѕирност, а на мртвите вистина.
Анонимус

Вистинољубивоста е срце на моралноста.
Алдоус Хаксли

Честа судбина на новите вистини е да почнуваат со ерес, а да завршуваат како празноверие.
Алдоус Хаксли

Човек кој секоја ствар би ја нарекол со вистинското има, одвај би минал низ улица, а на него да не укажат како на општ непријател.
Џорџ Халифакс

Устата нека ти биде верен орган на срцето.
Платон

Кога еднаш си ја стекнал силата на вистинољубието, повеќе не ќе можеш да кажеш невистина ни на сон.
Шри Рамакришна

Во присуство на вистинит човек, маската на лажниот човек паѓа.
Шри Рамакришна

Кога е човек во недоумица кое мислење е највистинито, треба да се определи за она што е најчесно.
Жозеф Жубер

Она што е вистина при светлина на ламба, не е секогаш вистина при светлина на Сонце.
Жозеф Жубер

Качувајќи се на планината на вистината, никогаш не се качувате залудно: ако денес не сте достигнале повисока точка, вие сте ја тренирале својата сила, така што утре ќе можете да се искачите повисоко.
Фридрих Вилхелм Ниче

Сите вистини што ќе се премолчат стануваат отровни.
Фридрих Вилхелм Ниче

За да ја зборуваш вистината, мораш да владееш со лак и стрела. На вистината ѝ е потребна моќ.
Фридрих Вилхелм Ниче

Молњата на вистината го погодува баш она што стоело на највисоко.
Фридрих Вилхелм Ниче

Два елемента се потребни за да се изгради вистина: замисла и факт.
Реми д Гурмон

До најдлабоки и најчисти вистини побрзо се доаѓа со чувство одошто со размислување.
Анатол Франс

Не е доволно само да се разбира вистината, во неа мора и да се верува.
Вилјем Блејк

Оној што не ја познава вистината според изгледот, нема да ја познава ни според значењето.
Вилјем Блејк

Има вистини во кои не е добро да се верува.
Пјер Огистен Бомарше

Вистината постои; се измислува само лагата.
Жорж Дуамел

Доколку соништата се поубави и посмели, дотолку има повеќе валкана вистина.
Иван Цанкар

Соништа имаме затоа што без нив не би можеле да ја поднесеме вистината.
Ерих Марија Ремарк

Ја мамиме својата совест плашејќи се да ја кажеме вистината за другите, а се затвораме во сопствената гордост зашто на самите себеси не сакаме да си ја признаеме вистината.
Окакура Какузо

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 161

Вистината не се наоѓа во фактите, туку во нивната хармонија.
Рабиндранат Тагоре

Вистината е една, но луѓето ја нарекуваат со разни имиња.
Рабиндранат Тагоре

Реката на вистината тече низ канали на заблудата.
Рабиндранат Тагоре

Ако на сите заблуди им затворите врата пред носот, тогаш и вистината ќе остане надвор.
Рабиндранат Тагоре

Најголем пријател на вистината е Времето; нејзин најголем непријател е Предрасудата.
Чарлс Калеб Колтон

Има вистини кои можат да убијат цел еден народ.
Жан Жироду

Неспорната вистина не бара никакви украсувања-таа е едноставна.
Максим Горки

Вистината избива на виделина, иако никој не ја бара.
Менандер

Една вистина-значи, нема вистина.
Фјодор Достоевски

Она што е вистина во едно време, во друго е заблуда.
Шарл Луј Монтескје

Вистината е невешта слугинка која крши чинии кога ги измива.
Карл Краус

Вистини има разни и доволно е секој човек да биде во право.
Душан Радовиќ

Вистината овозможува, а лагата оневозможува комуникација помеѓу луѓето. Како што светлината се открива сама себе и темнината, така и вистината е норма на себеси и на лажното.
Барух Спиноза

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 136

Вистината ја познаваме не само со умот, туку и со срцето.
Блез Паскал

Вистината и чесноста поставуваат граници кои дрскоста и лицемерието лесно ги прескокнуваат.
Вилјем Хазлит

Постои едно оружје многу пострашно од клеветата-тоа е вистината.
Шарл Морис д Талејран

Човекот е слободен само тогаш кога ѝ служи на вистината.
Лев Николаевич Толстој

Оној што секогаш ја зборува вистината, не мора да има добро паметење.
Теодор Хеус

Попустливоста стекнува пријатели, а вистината омраза.
Публиј Теренциј Афер

Вистината е слична на копривата: ако ја допреш, ќе те убоди; ако ја фатиш цврсто, ништо не ти може.
Мориц Готлиб Сафир

Нема полоша лага од вистина која е погрешно сфатена.
Вилјем Џејмс

Вистините кои најмалку сакаме да ги слушнеме се токму оние кои најмногу би ни користеле да ги знаеме.
Жан Д Ла Бриер

Против непријатните вистини има само еден лек-треба со нив да се измириме.
Албер Ками

Луѓето можат да ја величаат вистината; вистината не може да ги велича луѓето.
Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто таа да се знае.
Конфучиј

Оној што наутро ја сфатил вистината, навечер може да умре.
Конфучиј

Остануваме запрепастени колку е мала користа од вистината на овој свет.
Артуро Граф

Никој не поседува монопол над вистината и никој нема повластици да греши.
Артуро Граф

Мојот главен сведок дека ја зборувам вистината е мојата сиромаштија.
Сократ

Да се поддржи вистината може да биде добро, ама да се пронајде е многу подобро.
Џузепе Верди

О човечки роду! Зошто толку ја избегнуваш вистината и зошто секогаш сакаш да се мамиш самиот себеси или дозволуваш да бидеш измамен?
Штефан Сечени

Вистината не прави толку добра на светот колку што изигрувањето на вистината прави зла.
Франсоа Ла Рошфуко

Вистината и љубовта се единствените што вредат. Кај што постои тоа, сè на крајот доаѓа на свое место.
Махатма Ганди

За лице в лице да ги види универзалниот и сепроткајувачки дух на вистината, човекот мора да биде способен да го сака најниското суштество како самиот себе.
Махатма Ганди

Вистината не може да ја најде никој што нема развиено чувство на понизност.
Махатма Ганди

Успешно барање на вистината значи целосно ослободување од дуалитетите како што се љубовта и омразата, среќата и несреќата.
Махатма Ганди

Не плаши се на патот на вистината поради малубројни.
Сади Ширази

Најгорчливата вистина е подобра од најслатката заблуда.
Висарион Григорјевич Бјелински

Секое мислење е условено од вистината како со своја причина, и тоа како со постојаната цел пред која човек секогаш се наоѓа. Вистината е однос во кој човекот се одредува на најадекватен начин.
Карл Маркс

Како е страшно да се помисли дека она што луѓето го зборуваат за нас е вистина!
Логан Персал Смит

Оние што не ги отповикуваат своите зборови, повеќе се сакаат себеси одошто вистината.
Томас Карлајл

Не се служи со лаги, зашто е тоа нечесно. Не кажувај секоја вистина, зашто е тоа непотребно. Сè во свое време и на свое место.
Роџер Аскам

Денеска или утре, или по многу години, вистината ќе победи.
Свами Вивекананда

Чудно е дека најголемите вистини се обични и наједноставни.
Чезаре Канту

Вистината ја држат под клуч како најголемо богатство оние што најмалку ја ценат.
Роберт Едвард Ли

Всушност, желбата за вистина е желба за ослободување од незнаењето.
Пол Брантон

Нема поголем извор на заблуда од барањето апсолутна вистина.
Семјуел Батлер

Кога ќе го отфрлите невозможното, она што останува, без оглед колку изгледа неверојатно, мора да биде вистина.
Артур Конан Дојл

Налутениот човек или пијан или дете кажуваат вистина.
Цицерон

Не претерувај со вербата во вистината: нема човек кој на крајот од денот, со причина, не излажал повеќе пати.
Хохре Луис Борхес

Од пророкување може да се живее, но не од вистина.
Георг Кристоф Лихтенберг

Познато е дека вистината донесува неприлики, но јас сепак не можам од неа да се одрекнам.
Син-Јан

Вистината нема потреба ни за некој друг авторитет, освен за оној што го носи во самата себе.
Др Алберт Швајцер

Не постои приватна вистина, како што не постои приватно Сонце ни приватна наука.
Сарвепали Радакришнан

Ако невистината има добра намера, може да биде покорисна од вистината.
Саади (Абу Абдалах Мушрифадин Саади Ширази)

Дури и штетната вистина повеќе вреди од корисната лага.
Томас Ман

Имам инстинкт за љубов спрема вистината, но само инстинкт.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Кога некоја вистина ќе триумфира, толку се преувеличува што на крајот се претвора во лага.
Џ.Ф. Јан

Оној што нешто ѝ додава на вистината, ја намалува.
Раби Нахман од Брацлав

Во вистината не веруваме ако ја изрече сиромав, но ќе поверуваме и во лагата што ќе ја изговори богат никаквец.
Фридрих Рукерт

Пајаковата вистина е мувата.
Жил Ренар

Вистината е обично грда, затоа и нема многу обожуватели.
Микеле Сапонаро

Кога човештвото кога било би дошло до тоа да оперира единствено со вечни вистини, со резултатите на мислењата кои имаат суверено важење и безусловна претензија на вистинитост, тоа би дошло до точка на која бесконечноста на интелектуалниот свет е исцрпена и реално и потенцијално, со што би било извршено прочуеното чудо на изброен безброј.
Фридрих Енгелс

Човек ѝ се обраќа на вистината дури откако ќе му дојдат при крај лагите.
Марсел Леноар

Вистината е секогаш најдобар аргумент.
Софокле

Вистината која треба да се докаже е само половина вистина.
Калил Џибран

Вистината е свирепа, но може да се сака и го прави слободен оној што ја сака.
Џорџ Сантајана

Страста за вистината е најдобар израз на животната сила во човекот и особено облик на негово почитување на самиот себе.
Иво Андриќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here