Потребно време за читање: 19 минути

158. Процес

Животот, каков-таков и сè во него, е процес кој не престанува до смртта, а неретко продолжува и по неа. Не каков било процес, не бесцелен, туку  создавачки и насочувачки. Процес кој резултира со оформено, создадено дело или со трага како дел од постоење на смисловен живот.

Имаат ли или не право оние што нагласуваат дека процесот е важен, а не резултатот од него? Имаат кога се има предвид континуумот на нечие или некое постоење, што значи дека резултатот од него никогаш не е конечен. Немаат ако е тој за растеж и развој, а не за блиска или скорашна неизвесна иднина, и ако значи крај без нов почеток.

Процесот како процес во која била сфера на животот и во која било негова етапа е суштествен за сегашен човек со свое минато и согледлива иднина, а најпрвин како спојно ткиво меѓу стварноста и заумноста, меѓу замислата и докажаноста со дело, меѓу минливоста и трајноста.    

Македонски народни пословици и изреки

Семето изртува, па ко никулец прима сончевина и се крева кон небото.

Си го собрал во животот сето знаење што ти треба? Ќе ти биде собрано пред самоти смрт.

Ако се бориш со чудовишта може да се претвориш во чудовиште.

Вистината никогаш не е цела. И од неа и од други по прва иди втора, па трета, па…Исто ко што со ништењето на старото се раѓа новото.

Пословици и изреки од народи на светот

Лесно ќе го прикажеш она што го правиш оти знаеш што правиш. (Индиска)

Творештвото е секогаш процес на меѓусебни и обусловени творци и светови. (Италијанска)

Тежок процес олесни, не го отежнувај. (Арапска)

Од знаењето и паметњето многу зависи процесот на стекнување ново знаење. (Руска)

Животот во најголема мера е осмислување, богатење и постојано обновување на процесот на живот. (Француска)

Латински изреки

Во процесот на работата и создавањето човекот се открива себеси.

Секој процес вреди колку што трае, колку што се прави или обработува предметот, до неговото именување и самодокажување и во неговото признавање.

Животот е доживотен процес на промени кон подобро или полошо.

Домисла, гесло, мисла водилка

Самоусовршувањето е неповратен процес. А во услови блиски до борбите е уште и неизбежен.
Анонимус

Процесот на опит и грешки трае сè додека идејата не се оформи и реализира.
Анонимус

Мисли додека се движиш, па процесот на постигнување резултати ќе ти биде непречен и брз.
Анонимус

Процесот е просто незабележлив кога постојано правиш едно исто, живееш и работиш на едно и исто место. Ако не ги забележуваш неговите детали, како разликата меѓу деновите, нема ни да забележиш колку животот брзо си се троши.
Анонимус

Рекле, издумале        

Ако сакаме општество без дискриминација, тогаш не смееме да дискриминираме никого во процесот на градење на тоа општество. Ако сакаме демократско општество, демократијата мора да стане и средство и цел.
Бајард Рустин

Ако сакате да постигнете успех, препуштете се на процесот на „акумулирање заслуги“ (исполнете си го животот со добри дела, братски чувства спрема луѓето околу вас, добродетелни мисли и внатрешно богатство-тоа ќе биде вашиот вистински капитал).
Џон Бејнс

Ако можете да го претворите процесот на претворање на напорот во основен извор на среќа, значи сте успеале во најважниот предизвик во вашиот живот.
Кен Моги

Ако не го контролирате целосно процесот, тогаш не контролирате апсолутно ништо.
Томас Ериксон

Ако се сфатите себеси како жртва на вашите внатрешни процеси, тогаш контролирањето на сопственото однесување станува невозможно за вас.
Нина Рубштајн

Ако премногу се држите до логиката, никогаш нема да можете да бидете дел од живиот процес, какво што е ова постоење. Животот е повеќе од логика: животот е парадокс, животот е мистерија.
Ошо

Ако се сосредоточите на процесот на искачување, ќе се најдете на врвот.
Ивон Шуинар

Ако си поставите цел, тогаш заборавете на неа и наместо тоа фокусирајте се на создавањето пријатен процес што го сакате и го сметате за лично надградуван; она што се случува е дека на крајот на краиштата се справувате подобро при постигањето на целта што сте ја поставиле на почетокот.
Такер Макс

Ако сонот не дава зазбележителни придобивки, тогаш тоа е најголемата грешка што ја направил еволутивниот процес.
Метју Вокер

Без разлика колку подобрувања се направени, секој процес е сè уште полн со загуби, изобилства и со можност за подобрување.
Џефри Лајкер

Благодарение на некаква необјаснива универзална сила, ние ги губиме најважните нешта со тоа што ги фрламе како што змиите ја фрлаат кожата. Во основата на животниот процес се загубите и тие не престануваат додека во нас не остане само чистиот екстракт од човековото постоење.
Рохинтон Мистри

Благодарам за читањето. Ние имаме многу заеднички нешта. Пишување и читање-овие процеси вклучуваат осаменост и затоа се интимни. Ми го даде твоето најголемо богатство-твоето време.
Себастијан Фицек

Благосостојбата е развоен процес. Развојот е поврзан со одредена цел. Постигнувањето на целта е поврзано со љубовта и великодушноста.
Вејн Даер

Важно е да се радуваме на процесот на животот, а не на постигнувањето на животните цели.
Еверет Шостром

Важна е не среќата, туку процесот на движење кон неа.
Мајлин Фармер

Вашата потсвест ги контролира сите витални процеси на вашето тело и го знае одговорот на сите проблеми.
Џозеф Марфи

Вашиот живот е гигантска работа во процес.
Мајк Дули

Вашите цели нема да доведат до вашиот успех, туку вашата ангажираност во процесот.
Џон Гордон

Веројатно има моменти кога творечкиот процес не е потпомогнат од соработката.
Филипа Пери

Верував дека креативниот процес треба да се одвива без употреба на сила, без монархија и инквизиција. Според мене, тој треба да биде либерален, бирократски и благороден.
Салвадор Дали

Верувам дека процесот на преминување од конфузија кон разбирање е вредно, дури и емоционално преживување кое може да биде основа на самодовербата.
Брајан Грин

Верувајте му на процесот. Глупаво верувајте дека работите се такви какви што треба да бидат и ќе бидат во ред едноставно благодарение на тоа верување, дури и да знаете подобро.
Пол Трембли

Вие ја подржувате сопствената реалност и овој процес се случува автоматски, додека не му обрнете внимание.
Стефани Штал

Визуелизацијата и мисловната претстава едноставно не се само ненужни мечти, туку творечки процес кој помага човек да ги контролира и насочи енергетските текови.
Џон Кехо

Вистинската историографска историја претполага разоткривање на заедништвото на својот народ со луѓето кои исчезнале или се на маргините на историскиот процес.
Мирчеа Елијаде

Вистинската љубов секогаш се раѓа како резултат на свесен, насочен процес, но никогаш како резултат на прв контакт.
Џон Бејнс

Вистинското простување е процес на самолекување кој започнува од вас и постепено се проширува на сите останати.
Роберт Холден

Вистинското долгорочно размислување е бесцелно размислување. Не станува збор за некакво едно достигнување. Станува збор за циклус на бескрајно усовршување и непрестано усовршување. На крајот на краиштата, вашиот ангажман во процесот ќе го одреди вашиот напредок.
Џејмс Клир

Во главите на различни луѓе се случуваат сосема различни процеси, кога мислат дека прават едни исти нешта, дури толку едноставно како сметките.
Ричард Фајнман

Во дејствувањето медитацијата е процес на свесност без осудување.
Јонги Мингјур Ринпоче

Во животот го добиваш она што го создаваш. Очекувањето го движи креативниот процес. Што очекувате? Очекувате што и да мислите. Вашиот мисловен процес, разговорот во вашата глава е во основата на резултатите што ги создавате во животот.
Дарен Харди

Во логиката процесот и резултатите се еквивалентни.
Лудвиг Витгенштајн

Во производите на човечкиот ум едноставноста го означува крајот на процесот на рафинирање, додека сложеноста означува примитивна етапа.
Ерик Хофер

Во процесот на еволуција човештвото треба да се развива, а наместо тоа ние се движиме наназад… Луѓето сè помалку личат на луѓе.
Т.Р. Ричмонд

Во процесот на подобрување не може да има врв, точка за одмор. Невозможно е да се постигне целосно совршенство, освен за момент што се дави во потокот на промени.
Всеволод Овчиников

Во процесот на собирање податоци може да се појават многу грешки и искривувања, а тоа од своја страна може да доведе милиони луѓе до погрешни заклучоци.
Даниел Левитин

Во процесот на создавање човекот влегува во дијалог со светот.
Ерих Фром

Волјата на народот е производ, а не движечка сила на политичкиот процес.
Џозеф Шумпетер

Војната е процес неопходен на планетата. Како циркулацијата на крвта за живото суштество.
Владислав Крапивин

Воопшто не е прашање на оптимизам, туку побрзо на продолжување на вербата во продолжувачкиот и буквално бескраен процес на еманципација и просветлување, кој според мене ја оформува и насочува интелектуалната вокација.
Едвард Саид

Во секој процес е важна не брзината, туку задоволството.
Џејсон Стејтам

Воспитанието-тоа е процес на учење во кој на почетокот детето го учат да зборува и на крајот да молчи.
Леонард Луис Левинсон

Во процесот има нов ти и стар ти што повеќе не постои. Бидете трпеливи додека се менувате, обновувате и развивате. Практикувајте сочувство спрема себеси кога нештата стануваат непријатни и не сте сигурни кои сте. Се извршува трансформација.
Векс Кинг

Воспитувањето деца треба да биде природен, спонтан, радосен процес.
Адел Фабер и Елејн Мазлиш

Генетскиот инженеринг се разликува од размножувањето само по тоа што е попрецизен и побрз процес со помалку несакани странични ефекти.
Александар Панчин

Главното е дека добивам задоволство од процесот, а инаку нема никаква смисла да се занимавам со тоа.
Сајмон Пег

Глобализацијата подразбира одржлив економски растеж. Во спротивно, процесот ги губи своите економски придобивки и политичката поддршка.
Пол Самуелсон

Глупаво е да викаш на млад даб и да го убедуваш да расте побрзо, бидејќи тоа ѝ противречи на природата. Подобро е трпеливо да ја наводнуваш земјата и да се грижиш за растението. Имено, внатрешниот процес се карактеризира токму со тоа што не може да се забрза.
Мари-Луиз фон Франц

Големи пари може да се заработат во два случаја: при создавање нова држава и при нејзиното разурнување. При создавањето овој процес е побавен, при разурнувањето брз.
Маргарет Мичел

Големите организации не остваруваат само профит, тие ги водат луѓето и го менуваат одот на индустриите, а понекогаш и нашите животи во тој процес.
Сајмон Синек

Ги ставив своето срце и душа за работа, го изгубив својот ум во процесот.
Винсент ван Гог

Да живееш, значи да ги усовршуваш процесите на кои си подложен.
Бертолт Брехт

Да се ​​научиш одново да го сакаш животот е долг и сложен процес.
Хан Канг

Движењето е живот. Животот е процес. Подобрете го квалитетот на процесот и го подобрувате квалитетот на самиот живот.
Моше Фелденкрајс

Демократскиот процес при управување со една држава не е нужно зајакнат со демократизирање на помошните делови од процесот.
Роберт Дал

Долгото, бавно мелење на работа кон нешто е поврзано со љубов спрема процесот. Ако не ви се допаѓа процесот, мелењето е тешко.
Крис Гилбо

Донесувањето одлука е тежок и ризичен процес, поради што често се избегнува, дури и кога тоа не е неопходно.
Бруно Бетелхајм

Другите наши пороци се само процеси на други, основни: тие ќе отпаднат како гранки на дрвја штом ќе го отсечете стеблото.
Блез Паскал

Дури и за ништожен процес треба долги години созревање.
Емил Зола

Дури и многу мала количина на корисна интелигенција, вградена во постоечки процес, ја зголемува неговата ефикасност до сосема друго ниво.
Кевин Кели

Еволуцијата на сопствената душа е процес. Тоа не е брзо решение. Тоа не е петдневна работилница. Тоа е процес во текот на целиот живот, при што ние пуштаме, откриваме и потоа даваме можност за постоење на иднината.
Деби Форд

Единствениот начин процесот да се движи напред беше преку човечко заемно дејствување.
Крис Вос

Едноставниот процес на фокусирање на работи кои обично се земаат здраво за готово е моќен извор на творештво.
Едвард де Боно

Епохата во која живееме може да се окарактеризира само како варварство. Нашата цивилизација е во процес не само да биде милитаризирана, туку да биде и брутализирана.
Алва Мјурдал

Желбата е творештвото, магичниот елемент на овој процес. Ако имавме инструмент за мерење на желбата, ќе можевме да го предвидиме достигнувањето.
Вила Катер

Живите суштества не наследуваат черепи, ‘рбети или клеточни слоеви од своите предци-тие ги наследуваат процесите за нивно градење.
Нил Шубин

Животот е битка! Стремеж кон среќа, а не нејзино достигнување. Сета смисла е во процесот, пријателе.
Мајкл Џ. Саливан

Животот е луд низ целото време. Наша задача е да не дозволиме да нè полуди во процесот.
Сара Меклејн

Животот е неповратен процес и поради оваа причина неговата иднина никогаш не може да биде повторување на минатото.
Волтер Липман

Животот е непрестан процес, а неговото делење на минато, сегашност и иднина е примамлива, широко распространета грешка.
Наталија Солнцева

Животот е нешто повеќе од збир на физиолошки процеси.
Дејл Карнеги

Животот е процес на бури и закрепнување, на пожари и закрепнување, на загуба и добивка.
Лиза Вингејт

Животот е процес на правење грешки и исправање грешки.
Џонас Солк

Животот е процес на учење.
Лорин Хил

Животот е процес не од задоволство кон задоволство, туку од надеж кон надеж.
Едвард Халовел

Животот и „умот“ се системски процеси.
Грегори Бејтсон

Животот ја менува Земјата, Земјата го менува животот, и сите ние живеејќи на планетата ги носиме трагите од овие процеси.
Нил Шубин

За да преживеете, треба да поминете низ процесот на преживување.
Ники Френч

За едно дете е важен не резултатот на неговата активност, туку самиот процес.
Масару Ибука

За жал, фактот што некој процес е морално неприфатлив или политички непожелен не значи дека е невозможен.
Ричард Докинс

За мене, телото и умот се различни аспекти на конкретни биолошки процеси.
Антонио Дамасио

Западниот свет минува низ сериозна криза, процес на распаѓање, чија причина е секуларизацијата на духот, одвојувањето на светскиот дух од неговите религиозни корени.
Ерик Фогелин

Заработувањето пари наликува на процесот на создавање нешто друго во твојот живот. На никаков начин не бидува да се приврзуваш кон нив и да им даваш власт над твојот живот.
Вејн Даер

Зрелоста е во суштина процес на учење да се дисциплинираш себеси и да носиш лична одговорност.
Џеј Е. Адамс

Израснувањето е ужасен процес на загуба на бесмртноста.
Витли Стрибер

Има мртви мисли и има живи мисли. Мртвата мисла се споредува со камен што човек може да го посади во почвата. Ништо нема да излезе. Живата мисла е како семе. Во процесот на размислување, одговорот без прашање е лишен од живот. Може да влезе во умот; нема да проникне во душата. Може да стане дел од нечие знаење; нема да се појави како творечка сила.
Абрахам Џошуа Хешел

Има нешто во тоа да бидеш комичар, што значи дека не треба да се плашиш од неуспех бидејќи неуспехот е дел од процесот.
Дејвид Валијамс

Има само еден процес на исцелување, а тоа е верата. Има само една исцелителна моќ: вашата потсвест.
Џозеф Марфи

Има три взаемно зајакнувачки елементи кои дефинираат фер процес: ангажираност, објаснение и јасност на очекувањата.
В. Чан Ким

Именувањето на една емоција го започнува процесот на нејзино регулирање и размислување за неа.
Сузан Џонсон

Интуицијата го восприма светот без да се потпира на сетилата-тоа е нејзината клучна разлика. Интуицијата не е ништо друго освен процес на собирање информации што не се потпира на вашите сетила, памет, опит, преживувања или други умствени процеси, иако се потпира на нив при толкување на тие информации.
Лора Деј

Истражувањето е спазматичен процес: квалитативните промени настапуваат само по долго натрупување на квантитативни.
Лиу Цисин

Како што современото масовно производство налага стандардизација на стоките, така и општествениот процес изискува стандардизирање на човекот, што се нарекува „еднаквост“.
Ерих Фром

Кога вашиот непријател е во процес на самоуништување, стојте настрана.
Стив Бери

Кога гледаш во лицето на Смртта, тоа многу го забрзува мисловниот процес.
Кресида Кауел

Кога капитализмот се одрекува, социјалните процеси веќе не се потчинуваат на слепите закони на природата.
Херберт Маркузе

Кога ќе го направите процесот поудобен, вие го исцедувате од неговото значење.
Оливер Беркман

Кога ќе ја разберете суштината на процесите во сопственото тело, полесно е да одите кон зацртаната цел.
Наталија Зубарева

Колку повеќе размислувате за иднината и она што навистина сакате да го постигнете, толку поинтензивен станува мисловниот процес што ве држи на место.
Гери Џон Бишоп

Лепакот што ги држи заедно институциите и процесите, додека се подложени на масовно децентрализирање, е евтина, сеприсутна комуникација.
Кевин Кели

Личноста е помалку завршен производ, отколку минлив процес. Иако има некои стабилни карактеристики, во исто време непрестано се менува.
Гордон Олпорт

Логиката е прекрасна работа, но како што покажа процесот на нејзината еволуција таа има свои слабости.
Даглас Адамс

Луѓето се само маргинален производ на процесите што се случуваат во светот.
Сол Белоу

Љубовта има етапи зашто љубовта е процес и сите сакаме да сакаме и да бидеме сакани.
Џеј Шети

Медитацијата не е процес на ослободување од нешто, туку на отворање и разбирање.
Џек Корнфилд

Мешањето на високо диференцирани популации е процес кој се повторува во нашата историја.
Дејвид Рајк

Мирољубивиот човек, човек кој сака вистински да го разбере целиот процес на човечкото постоење, не може да биде обврзан со вера, нели?
Џиду Кришнамурти

Мислам дека стареам, но уживам во процесот.
Шерон Стоун

Мислам дека учењето е процес кој продолжува вечно.
Рејмонд Муди

Митовите не треба да се примаат буквално, туку е неопходно да се интерпретираат како своеобразна метафора за природните фази на процесите на формирање на личноста.
Џозеф Кембел

Многу од најголемите нешта кои човекот ги постигнал не се резултат на свесно насочена мисла и уште помалку производ на свесно координирани напори на многу индивидуи, туку на процес во кој индивидуата игра улога која никогаш не може сосем да ја разбере.
Фридрих Хајек

Модерноста, со други зборови, не беше социолошки процес-премин од „традиционално“ во „модерно“ општество-туку геополитички процес: прашање на стекнување на неопходното за да се приклучите на големите сили или да станете нивна жртва.
Стивен Коткин

Може да не успеете да го автоматизирате целиот процес, но можете да го направите првото дејствие бесмислено. Олеснете го стартувањето и останатото ќе следи.
Џејмс Клир

Можеме да го забрзаме, забавиме и подобриме секој физиолошки процес.
Лин Мектагарт

Моите проблеми започнаа кога се обидов да се вклопам во животот на некој друг, уште повеќе кога тоа значеше откажување од дел од себе во тој процес.
Лора Дејв

Му верувам на процесот на животот. Во мојот живот се случуваат само правилни и добри дејствија.
Луиз Хеј

Мудроста не може да нè обогати. Тоа не е процес на придобивање, туку побрзо на ослободување. Луѓето стануваат помудри кога се лишуваат од нешто.
Том Робинс

На некои им е дадено да стојат на маргините на историскиот процес и да набљудуваат, додека други се во епицентарот на процесот и го оформуваат.
Кристофер Карлсон

Најголемите откритија се направени од луѓе кои научиле да размислуваат нестандардно во процесот на играта.
Стив Бидулф

Најопшто кажано, целиот историски процес е прекршување на закономерното преку случајното.
Лав Троцки

Науката и уметноста меѓусебно се поврзани како белите дробови и срцето. Во научното размислување секогаш постои елемент на поезија. Вистинската наука и вистинската поезија изискуваат еднороден мисловен процес.
Алберт Ајнштајн

Науката не е збир на факти; тоа е процес на откривање.
Роберт Зубрин

Научната мисла исто така не е нешто моментно-не е статично. Тоа е процес.
Жан Пијаже

Нашето општество е навикнато да обрнува внимание само на резултатот, а не на процесот.
Џулија Камерон

Нашиот мозок има неверојатна способност истовремено да поддржува голем број процеси.
Андерш Хансен

Нашиот начин на живот е еволуциски нестабилен-и затоа е во процес на елиминирање на сосем обичен начин.
Даниел Квин

Не брзајте да ја следите толпата-може да се покаже дека е погребна поворка.
Робин Шарма

Не верувам во неуспех. Нема никаков неуспех ако сте уживале во процесот.
Опра Винфри

Не е важна целта, туку процесот.
Пол Остер

Не знаеме што ќе донесе иднината, но тоа е затоа што секогаш сме во процес на создавање, а не затоа што e тоа вонземска сила на која треба да се потчиниме.
Марк Кингвел

Не го мерам историскиот процес со критериумот на личната судбина. Напротив, јас не само објективно ја оценувам мојата лична судбина, туку и субјективно ја преживувам во нераскинлива врска со текот на социјалниот развој.
Лав Троцки

Не можеме да го контролираме резултатот. Ние можеме само да управуваме со процесот. Преку нашето однесување, манифестирање на своите умеења и способности.
Игор Ризов

Невозможно е да се измисли научен експеримент кој ќе го опише процесот на создавање или дури да се утврди дали таков процес може да се случи. Создателот не создава по желба на учен.
Хенри Морис

Нееднаквоста не е толку причина за економски, политички и социјални процеси, колку што е последица. Некои од овие процеси се добри, некои се лоши, а некои се навистина многу лоши.
Ангус Дитон

Несомнено, целиот живот е процес на постепено распаѓање.
Френсис Скот Фицџералд

Ние-тоест нашиот живот и нашата душа се во процес на постојано распаѓање и пресоздавање.
Ричард Фланаган

Ние не сме објекти, туку процеси. На крајот на краиштата, јас сум моето себељубие. Постојам затоа што се барам себеси. Не барам да се пронајдам себеси: фактот што се барам себеси е знак дека веќе сум се пронашол себеси.
Мирчеа Картареску

Ние не сме просто „универзум кој се познава себеси“. Ние сме универзум кој се опустошува себеси во процесот на самоспознавање.
Грег Иган

Ние сме во процес на загуба на нешто. Шетаме наоколу оставајќи парчиња мртва кожа на тротоарот, фрлајќи мртви зборови во разговор. Градовите, како нашите тела, како јазикот, се урнатина во процесот на изградба.
Валерија Луисели

Ние создаваме спомени, но и спомените нè создаваат нас, и тоа е постојано променлив, динамичен процес кој е подложен на предрасуди и влијанија од различни извори кои не се поврзани со тековниот настан што сме го „складирале“. Она што прво го доживуваме го филтрира она што ќе следи.
Брус Пери

Никогаш не сум ги разликував загубите од победите. Тоа е непрестан процес.
Валериј Лобановски

Никој не успеал да го дефинира или синтетизира тој несигурен, прекрасен и можеби неподреден момент кога започнува творечкиот процес. Во тоа се состои оригиналноста на уметникот. Трансцендентно право на уметникот е правото да твори, иако тој не секогаш знае што прави.
Норман Казинс

Никој не може да „добие образование“ бидејќи учењето е нужно непрестан процес.
Луис Л’Амур

Ништо не може да биде побесплодно при разгледувањето на долгорочните општествени процеси од обидите да се посочи апсолутен почеток.
Џорџ Рицер

Но, единствената мисла што филозофијата ја носи со себеси е едноставната мисла на умот дека разумот доминира со светот, така што последователно светско-историскиот процес се одвива рационално.
Георг Фридрих Хегел

Обично го сметам процесот на откривање поинтересен од одговорите.
Дин Орниш

Образованието е процес на живот, а не подготовка за иден начин на живот.
Џон Дјуи

Образованието не е производ, туку процес кој никогаш не запира.
Бел Кауфман

Овој процес можеме да го наречеме искуство-знаење (цртичката покажува дека тоа се два неразделни аспекта на едно цело движење).
Дејвид Бом

Овие три елементи-истражување, отстранување, извршување-не се дискретни собитија, туку цикличен процес. И кога ги применуваме последователно, можеме да извлечеме уште поголеми придобивки.
Грег Меккјун

Она што се случува на пониско ниво е одговорно за она што се случува на повисоко ниво, но сепак е без значење за повисокото ниво. Повисокото ниво може лесно да ги игнорира процесите на пониското ниво.
Даглас Хофстатер

Организирањето е процес; организацијата е резултат на овој процес.
Елеонор Остром

Оригиналното и необичното не може да се измисли-може да се појави само во процесот на работа над поставената задача.
Артемиј Лебедев

Осаменоста, претходник на досадата, го поттикнува творечкиот процес, па вистинскиот уметник свесно се доведува до таков степен на очај што ќе му дојде инспирацијата.
Харлан Кобен

Осознавањето на вашите желби е првиот чекор во процесот. Вториот е да поверувате во можноста за нивно исполнување. Третиот е да ги примените.
Чери Картер-Скот

Осознавањето на сопствените ограничувања е дел од процесот на одгледување.
Лари Нивен

Откривме дека учењето не е нешто што го прави учителот, туку природен процес кој се развива спонтано во човекот.
Марија Монтесори

Паметта, јазикот, имагинацијата и расудувањето се водечки учесници во културните процеси.
Антонио Дамасио

Патот до успехот е секогаш во процес на изградба.
Стив Мараболи

Перформансот е процес, а не резултат.
Марина Абрамович

Пишувањето е креативен процес и треба да ги отворите вратите и прозорците на вашиот ум за да имате можност за промена.
Хокан Несер

Пишувањето за мене значи смирение. Тоа е процес кој вклучува страв и сомнеж, особено ако пишувате искрено.
Киран Десаи

Повеќето од нас ретко се мачат да мислат. Тоа е проблематичен и уморувачки процес и често води до непријатни заклучоци. Но, кризите и безизлезите, кога ќе се појават, имаат барем предност да нè натераат да мислиме.
Џавахарлал Нехру

Повеќето од нашите таканаречени мисловни процеси се посветени на изнаоѓање извинувања за да продолжиме да веруваме како што веќе веруваме.
Херберт Шелтон

Под мир ја разбираме способноста да ги трансформираме конфликтите во емпатија, без насилство и творечки-бесконечен процес.
Јохан Галтунг

Познанието на вистината не се достигнува често преку процесите на разумот. Тоа се должи на духовниот увид.
Волс Д. Вотлс

Политиката е процес со кој едно општество ги избира правилата што ќе го управуваат.
Дарон Аџемоглу

Понекогаш постои процес кој вклучува прилагодување на нашето вистинско Јас на ситуацијата или улогата во која сме, кога избираме кои основни вредности и особини да ги направиме видливи.
Ејми Кади

Понекогаш процесот на патување е сè уште подобар од пристигнувањето на местото.
Роберт Персиг

Поставувањето цели не е еднократна задача со конкретни резултати. Напротив, тоа е непрестан процес кој трае цел живот.
Џим Рон

Постигнувањето на целта трајно бара многу време, напорна работа, жртви и посветеност на процес кој се подржува со години.
Маршал Голдсмит

Правдата е природен процес.
Роберт Асприн

Правилата на универзумот што мислиме дека ги знаеме се длабоко закопани во нашите перцептивни процеси.
Грегори Бејтсон

Правилниот процес дава правилни резултати.
Џефри Лајкер

Прашањата отсекогаш биле поттикнувани затоа што само низ дискусии и дебати се раѓа вистината, исто како што историјата е процес на револуции и контрареволуции што несомнено води до напредок.
Ентони Капела

Преговорите не можат да бидат добиени или изгубени. Можете и треба да знаете каде, на кое место во преговарачкиот процес сте сега и што да правите понатаму.
Игор Ризов

Преговорите не се борбен акт; тоа е процес на откривање. Целта е да се откријат што повеќе информации.
Крис Вос

Преку љубовта се доближуваме до срцата на нашите браќа-на почетокот, во текот на целиот процес, па дури до крајот на животот.
Доминик Пер

Преосмислувањето на себеси е неопходен процес доколку сакате да растете и да просперирате.
Најџел Камберленд

Пресудата не иде веднаш, туку процесот постепено се претвора во пресуда.
Франц Кафка

Прифаќањето не е пасивност. Тоа е храбар чекор во процесот на трансформација.
Џек Корнфилд

Промената е процес кој треба да се управува.
Кофи Анан

Промената на правилата е многу непријатен процес.
Роберт Родригез

Просветлувањето ќе биде почеток, а не крај. Почеток на бескраен процес во сите димензии на богатството.
Ошо

Просветлувањето е процес кој се одвива со текот на времето и е еден од облиците на еволуција.
Питер Слотердајк

Процесите на донесување одлуки се насочени кон изнаоѓање дејства кои се остварливи или задоволителни во светло на многу цели и ограничувања.
Херберт Сајмон

Процесот на развој на културата е процес на надминување на тешкотиите.
Максим Горки

Процесот на трудот, ако е тој слободен, завршува со творештво.
Михаил Пришвин

Процесот е живот, а резултатот смрт.
Михаил Жванецки

Процесот е целта.
Џин Рот

Процесот на демократија предвидува политички и општествени промени без насилство.
Аунг Сан Су Чи

Процесот на растење е веќе тежок. Нема потреба да го затрупувате со имагинарни тешкотии.
Алан Милн

Процесот на размислување бара чувства, бидејќи токму чувствата ни овозможуваат да ги разбереме сите информации што не можеме директно да ги разбереме.
Џона Лерер

Процесот на учење продолжува до самата смрт.
Кирк Даглас

Процесот на разбирање е премногу често болен.
Банана Јошимото

Процесот на чување на тајната стана речиси ne поважен од самата тајна.
Рене Најт

Процесот со кој цивилизацијата како апстрактна сушност се разликува од општествата во кои е отелотворена, умира или повторно се раѓа е многу значаен.
Керол Квигли

Психотерапијата не е уметност од дваесеттиот век наметната на природата, туку обновување на природниот процес на лекување.
Патриша Лав

Радоста се јавува во процесот, а не во резултатот.
Џејмс Дин

Развојот е доброволен процес. Потребна ви е позитивна одлука за да ги направите правилните чекори, но тоа започнува со самоанализа.
Томас Фридман

Развојот на човековата личност не се случува изолирано, туку само во процесот на взаемно дејствие еден со друг.
Алекс Мајклидис

Размислувањето е прилично енергетски интензивен процес.
Хенри Марш

Размислувањето изискува балансирана работа на два процеса: сеќавање и заборавање.
Мет Ридли

Размислував за нејзината страст за митологизација, за мене тоа беше болен процес: да се престорам во апстракција, од човек до бог, од љубовник во сонце.
Мирча Елијаде

Растежот е процес на експериментирање, низа обиди, грешки и случајни победи. Неуспешните експерименти се исто толку дел од процесот, колку и експериментите кои функционираат.
Чери Картер-Скот

Реалноста е процес, а не нешто стабилно и неменливо.
Џон Кехо

Сакајте го процесот и ќе ви се допаѓа она што процесот го произведува.
Џон Гордон

Самото стареење е процес кој е невозможно да си го претставиш додека сам не остариш.
Филип Рот

Саморазвојот е суптилен и корисен процес. Нема подобра инвестиција на сопствените сили од таквата инвестиција сама по себе.
Стивен Кови

Се борам против тероризмот како да нема мировен процес, а за мировниот процес преговарам како да нема тероризам.
Хуан Мануел Сантос

Се восхитувам на процесот на стареење бидејќи сакам да бидам несовршена. Стареењето го прави човекот несовршен, а несовршеноста е прекрасна.
Ема Вотсон

Секогаш ме изненадувало колку малку внимание филозофите обрнуваат на хуморот, бидејќи тоа е позначаен процес на умот отколку разумот. Разумот може само да ги организира перцепциите, но процесот на хумор учествува во нивната промена.
Едвард де Боно

Секогаш помнете дека сеќавањето на квалитетот останува долго откако ќе се заборави цената. Тогаш вашиот бизнис ќе просперира низ природен процес.
Хари Гордон Селфриџ

Секој процес е за да се добие нешто.
Јуриј Мухин

Секој творечки разум е доволно сложен за да се замисли, може да се појави само како резултат на долг процес на постепена еволуција.
Ричард Докинс

Секој ментален процес или секое ментално дејство што се случува во нашата широка будна свест, ако има длабочина на чувство или интензитет, ќе влезе во несвесното поле и, откако ќе се развие според линијата на неговата оригинална природа, ќе се врати  во свесната страна на умот.
Кристијан Ларсон

Секој човек се развива и еволуцијата претполага процес, време и грешки. Штом некој ќе сфати дека секој прави грешки и дека тоа е дел од природниот процес на духовна еволуција, простувањето на другите, а и на себеси станува лесно. Откако ќе има простување, настапува внатрешно и физичко исцелување.
Мајстор Чоа Кок Суи

Се разбира, ослободувањето од старите ѓубриња е бескраен процес.
Скарлет Томас

Сепак, сè започнува од вас и најважното во овој процес е вашата енергија, расположение и пристап.
Цезар Милан

Се смета дека љубовта, особено романтичната љубов во процесот на еволуција ни овозможува да се сосредоточиме на еден партнер за да ги комбинираме напорите за одгледување потомство.
Т.Р. Ричмонд

Сè што гледате е во процес на создавање и растворање, на умирање или живеење. Сè е во состојба на промена.
Кели Барнхил

Сè уште во процес на станување, душата прави место.
Амина Кејн

Сите закопани семиња се отвораат во темнината во моментот во кој се предаваат на процес што не можат да го видат.
Марк Непо

Сите наши дејности се разделени на етапи: влезна информација-процес-враќање.
Џон Витмор

Сите стабилни процеси ќе ги предвидиме. Сите нестабилни процеси ќе го контролираме.
Џон фон Нојман

Смртта е праволиниски процес.
Даниел Пенак

Смртта е исто толку природен процес како и животот; затоа јас не можам да судам за човек кој се плаши да умре, исто како што се плаши да живее.
Кларк Гејбл

Со возбуда не можеш да победиш процес.
Франц Кафка

Создавањето секогаш се случува. Секој пат кога човек размислува за нешто познато или му доаѓа нова мисла, тој се вклучува во процесот на Создавањето. И нешто ќе излезе како резултат на тие мисли.
Ронда Бирн

Социјализацијата е процес на усвојување на нормите на однесување кои му овозможуваат на човекот да функционира како полноправен член на општеството.
Ана Бикова

Општествениот процес не може да се запре ниту со сила, ниту со криминал.
Салвадор Аљенде

Споделувањето е двонасочен процес.
Силвија Деј

Според извештајот за неговата судска одбрана запишан од Платон, Сократ ја избра смртта наместо да се соочи со живот во незнаење: „Неиспитаниот живот не вреди да се живее“.
Вил Бакингам

Според нашето универзално искуство, неинтелигентните материјални процеси не создаваат живот.
Филип Џонсон

Среќата може да се најде во процесот, а не само во резултатот.
Наполеон Хил

Станува збор за тоа дека размислувањето без движење е само по себе бескорисен процес.
Џулија Ендерс

Стареењето е непријатен процес, болен, но староста има и свои предности.
Христос Циолкас

Стремежот кон едноставност треба да проникне во секој дел од процесот. Тоа е навистина фундаментално.
Џони Ајв

Сфатете дека 1) најголемата закана за донесување добро решение се вредните емоции и 2) донесувањето решение е процес од два чекора (прво обука и потоа донесување решение).
Реј Далио

Сценариото не е литературно дело, тоа е процес.
Абел Ферара

Творечкиот процес се карактеризира со тоа што творецот преку својата работа и неговите резултати од неа покажуваат огромно влијание врз блиските до него.
Василиј Сухомлински

Творешвото не е помалку предизвикувачко или возбудливо кога мистеријата е лишена од творечкиот процес. Најубавите цвеќиња растат при внимателно одгледување од обична почва.
Херберт Сајмон

Творештвото е клучен термин за многу различни мисловни процеси.
Јона Лерер

Творештвото не е осамен процес. Тоа се случува во рамките на мрежи… кога се спојуваат талентирани луѓе, кога се спојуваат идеални системи и менталитети.
Дејвид Брукс

Темпераментот и карактерните црти што сме ги наследиле влијаат на нашето однесување, процес кој веќе започнал во генетската фаза.
Томас Ериксон

Ти и јас, ние секогаш сме биле спомен во процесот на создавање.
Карина Хали

Тој беше толку фасциниран од сложеноста на светот и процесот на разбирање на таа сложеност.
Георгиј Гуревич

Трансформацијата е процес, а не собитие.
Џон П. Котер

Трпението не значи пасивно страдање. Тоа значи да бидете доволно далекусежни за да се верува на крајниот резултат на процесот.
Елиф Шафак

Ќе имате прекрасни скокови напред. Тогаш треба да има време на консолидација пред следниот скок напред. Прифатете го тоа како дел од процесот и никогаш не очајувајте.
Ајлин Кади

Убавината на зајакнувањето на другите е дека вашата сопствена сила не се намалува во тој процес.
Барбара Колоросо

Уживам во процесот на стареење и седата коса и брчките.
Крис Пајн

Учењето е секогаш болен процес.
Лук Бесон

Учењето бара љубопитност, истражување, оценување и дијалог. Да се ​​добие производ на знаење без овој процес би се нарушило тоа што значи да си суштество.
Ренди Алкорн

Филозофијата не е толку поврзана со одговори на фундаменталните прашања, колку што е за процесот на обидот да се најдат тие одговори користејќи расудување; наместо да се примени несомнено прифаќање на конвенционалните гледишта или традиционалните авторитети.
Вил Бакингам

Фокусот ви дозволува да обрнете внимание на она што се случува овде и сега, и тоа го започнува процесот на невропластичност.
Џон Б. Арден

Формирањето навики е процес со кој однесувањето станува сè поавтоматско преку повторување.
Џејмс Клир

Целиот ваш живот е надворешна манифестација на процесот што се случува во вашата глава.
Ронда Бирн

Читањето е исто толку творечки процес како пишувањето, а понекогаш и повеќе. Кога читаме за умирачките зраци на сонцето што заоѓа или за грмотевиците и за шушкањето на плимниот бран, вашата заслуга не е помала од онаа на авторот.
Џаспер Форд

Човекот не е објект и не е субјект, туку процес.
Виктор Пелевин

Човекот-тоа е процес на неговите постапки.
Антонио Грамши

Човечката природа останува непроменета, а ако нешто се промени, тоа е толку бавно што процесот е незабележлив.
Џон Голсворти

Човечкиот ум е процесор за приказни, а не логички процесор.
Џонатан Хајд