14. Душман-Непријател
Македонски народни пословици
Водата спие, душманот не спие.
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш.
Два душмана лежат во една постеља.
Дин-душман не биди на брата си.
Душман је за пари арџење по лоши работи.
Душман ми је пијанио, кога да го стретам на патот.
Напрај добро и на душмано.
Пријатело те гледа у главата, душманино-у ногата.
Стар пријател душман не бидуат.
Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.
Пословици од народите на светот
Опасен е непријателот кој носи маска на пријател. (Лезгинска)
Малите непријатели и малите рани не треба да се потценуваат. (Германска)
Среќен е оној што нема непријател, а уште посреќен оној кој никому не му е непријател. (Германска)
Подобро е да се има илјада непријатели надвор од куќа, отколку еден в куќа. (Арапска)
Не му посакувај смрт на непријателот, туку на себеси долг живот. (Арапска)
Гневот преоѓа во бес само кога е непријателот слаб. (Индиска)
Дури кога ќе почне да пука мразот, ќе знаеш кој ти е пријател. (Ескимска)
Илјада пријатели се малку; само еден непријател е многу. (Турска)
Поранешен пријател е полош од непријател. (Руска)
Тешко на оној што злотвори нема. (Српска)
Домисла, гесло, мисла водилка
Својот непријател носи го на грб, сè додека не го добиеш од него она што го сакаш (Махабхарата, староиндиски еп)
Преживеаниот непријател е како неизгаснат пожар или ненаплатен долг: тој со време расте. (Махабхарата)
Својот непријател носи го на грб сè додека од него не го добиеш она штпо го сакаш. (Махабхарата)
Преживеаниот непријател е како неугаснат пожар или ненаплатен долго: тој со време расте. (Махабхарата)
Подобро е паметен непријател, одошто будалест пријател. (Панчатантра, староиндиска збирка на басни, приказни и доктрини за управување со држава.)
И непријателот ако ти зачука на врата достојно нагости го: дрвото не му ја ускратува својата сенка на дрвосечачот. (Хитопадеша, збирка басни на санскрит)
Не се радувај на паѓање на непријателот свој и нека не ти заигра срце кога премалува. (Талмуд)
Латински изреки
Плевелот брзо расте. (Mala herba cito crescit.)
И од непријателот треба да се учи. (Fas est et ab hoste doceri.)
Рекле, издумале
Кога зборуваш за својот непријател, не заборавај дека еден ден можеш да му станеш пријател.
Периандер
Секој што размислува мој е непријател.
Наполеон I Бонапарта
Кој му е на човекот најголем непријател? Друг човек.
Луциј Анеј Сенека
Единствената пречка на човекот, неговиот единствен непријател-тоа е тој самиот.
Епиктет
Сакајте ги своите непријатели, зашто тие ви укажуваат на грешките.
Бенџамин Франклин
Фактот што имаме непријатели докажува јасно дека имаме и заслуги.
Лудвиг Берне
Никој нека не се фали дека нема непријатели, зашто е тоа само доказ на неговата безвредност.
Алфред Бугард
Вистинскиот непријател никогаш нема да те напушти.
Станислав Јержи Лец
Лицето на непријателот ме плаши тогаш кога гледам колку е слично на моето.
Станислав Јержи Лец
Кога би можел човек да се роди дури по смртта на своите непријатели!
Станислав Јержи Лец
Потребни ти се и непријателите и пријателите за да те ранат в срце: едните да те клеветат, а другите тоа да ти го јават.
Марк Твен
Ако веќе не можеш да го озбегнеш непријателството, барем избери благороден непријател.
Гуру Пурана
Можете да откриете од се плаши вашиот непријател посматрајќи ги начините со кои се служи за да ве заплаши.
Ерик Хофер
Противникот не е глупав: тој не напаѓа таму кај што сме јаки, туку кај што сме слаби.
Алфред Рени
Од непријателот ќе се ослободиш ако го направиш пријател.
Хенрик IV
Нема посигурна пропаст од потценување на непријателот.
Лао Це
Не треба да се потценуваат ситните непријатели: лавот веднаш го забележувате, но вирусот тешко.
Роберт Лембке
Мислењето на нашиот непријател за нас е поблиско до вистината одошто нашето сопствено.
Ла Рошфуко
Човевковата големина може да се мери според бројот на неговите непријатели.
Дон Пјат
Верувајте ми: илјада пријатели не ви се доволни, додека еден непријател е повеќе од доста.
Насим Николас Талеб
Лукавство или храброст-кој те прашува кога имаш работа со непријател.
Фридрих Ниче