Потребно време за читање: 3 минути

141. Будност

Будноста најчесто ја врзуваме со внимателност, претпазливост, предупредување. Иако е најпрвин, многу ретко ја изедначуваме со умора, грижа, болештина. За мене е најважна како лична и колективна одбрана од навалици на зломисла, злодело, злостгорсво. Особено кога нè обзема мрачнина и кога сме на раб на бездна.

За мене будноста неретко е за создавање и досоздавање, како дел и продолжение на животворноста.  

Македонски народни пословици и изреки

Варди се да не заспиеш на конопот оти напати во него се кријат змии.

Стори се мукает.

Опасности го демнат на секој чекор.

Имај ја мукает невестичката.

Буден на стража ноќум, буден без стража денум.

Демневме со ноќи.

Сакам да го имаше баш него на мукает.

Волк демне стадо овци.

Пословици и изреки од народи на светот

Ловецот е да лови, а потполошката да се варди. (Српска)

Никој со отворени очи нема да проголта мува. (Индиска)

Латински изреки

Цената на слободата е вечната будност.

Верувањето во нечии емоции бара постојана будност.

Кој паметно оди, не паѓа од мост.

Домисла, гесло, мисла водилка

Поспаноста ги предизвикува телото и мозокот да се разбудат или да не ја изгубат будноста.
Анонимус

Се сокриле, а после за да им се прости будни ја разоткриле дрскоста и  махерството на капиталистите.
Анонимус

Рекле, издумале

Нека секогаш биде буден твојот ум! Сонот на духот е брат на стварната смрт.
Питагора

Она што се предвидува, може да се спречи.
Николо Макијавели

Отворај добро очи и уши, а не уста.
Калил Џибран

Постојаната будност е цената на власта.
Алистер Меклејн

Склопи очи и обиди се да гледаш во далечина.
Сарасвати Сатјананда

Еден погрешен чекор-и ти си на целта на други.
Станислав Јержи Лец

Само будала дозволува ист пес да го касне двапати.
Аристотел

Три категории луѓе остануваат будни ноќе: јогини, богини и рогини. Јогинот ужива во блаженството на медитацијата, богинот во сетилните задоволства, а рогинот е буден поради болка и беда.
Свами Рама

Совршенството на воинот е во будноста, во постојаната борбена готовност, во строгоста, во непробивната смиреност.
Лао-Це

Заблудата се однесува спрема вистината како сонот спрема будноста. Забележав дека човекот освежен се враќа од заблуда во вистина.
Јохан Волфганг Гете

Причината зошто изгубив ламба беше таа што крадецот е понадмоќен од мене во будноста. Меѓутоа, тој ја платил таа ламба, што во замена за него се согласил да стане крадец; во замена за него, да се стане необичен.
Епиктет

Врвната будност никогаш не знае што да очекува, но знае да очекува нешто.
Али Ленд

Тој знае дека се неопходни најголема будност и грижа за да се задржи политичката моќ во нејзините соодветни граници.
Бари Голдвотер

Лидерот ќе биде првиот што ќе ја забележи опасноста која демне; неговата будност и реакција ќе им ги спаси животите на повеќето негови другари.
Даниел Вилсон

Има ловци, има жртви. Со својата дисциплина, лукавство, послушност и будност одредувате дали сте ловец или жртва.
Џејмс Матис

Цената на мирот е вечна будност.
Џорџ Маршал

Првиот впечаток е само за целите на приспивањето на будноста.
Жан-Кристоф Гранже

Светот ми дојде на помош и ми покажа дека можам да бидам многу повеќе ако ја поставам будноста и се разоткријам.
Ким Динан

Дури и најглупавиот од мажите не е докрај лишен од будност.
Колин МекКалоу

Не е писател оној што не додал барем малку будност на визијата на човек.
Константин Паустовски

Но, кога најпосле го издвоив тоа време, ја најдов таа храброст, кога најнакрај ја распуштив будноста, открив нешто грандиозно.
Л. Џ. Шен

Цената на слободата, како дополнение на бескрајната будност, е и бескрајно трпение со кое човек треба да се спротивстави на празните глупости што ни доаѓаат.
Мајкл Шермер

Нејзиното молчење не беше слабост; тоа беше пламена будност која кога е неопходно ќе биде заменета со татнеж.
Мари Бенедикт

Не можеме да му дозволиме на патриотизмот да нè лиши од будност, разум, разбирање.
Марио Варгас Љоса

Цената на вечната будност е безразличноста. Сијалицата создава средина само со своето присуство.
Маршал Меклуан

Филозофијата не е некакво знаење, туку будна будност.
Морис Мерло-Понти

Чувството на интелектуална супериорност што им го даваш ќе им ја олабави будноста.
Роберт Грин

Јас сум тука, но не сум ваш. Бессознанието и будноста лошо се искажуваат.
Сара Винман

Рутината ја намалува будноста.
Стивен Амброуз

Вечната будност е цената на слободата.
Тимоти Снајдер

Ноќното време често ја зголемува будноста и секоја мисија треба да ги земе предвид последиците од ноќниот напад.
Вилијам Х. Макрејвен

Вечната будност е цената на отворениот ум.
Хенри Хазлит

Вечната будност е цената на успехот.
Чарлс Ханел