ДУМА, ОПИТ, УКА 10

Потребно време за читање: 8 минути

10. Жена

Македонски народни пословици

Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица.

Ако немаш пари, и жената не те чести.

Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата.

Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина.

Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.

Ако имаш убаа жена, не ти треба да одиш црква.

Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена.

Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш.

Ал со жена, ал без жена.
Мака со жена, мака без жена.

Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.

Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка.

Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја.

Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена.

Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари.

Брблаица жена е како некоја празна воденица.

Брблаица жена никој не ја милуа.

Вај, бај* чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
_____
*Тешко му и горко му (од турски)

Галената жена не преди со урка.

Гемија по суо ако можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш.

Гемија по суо да тераш не можиш, нити со жена на војска да одиш.

Грда е жената на онцица, ама работна и е раката.

Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата.

Дај му на жена узда, ако сакаш да ти запусти куќата.

Добрата жена куќата отвора, а лошата-затвора.

Жена без маж и маж без жена-за кауѓери и прилега.

Жена кавгаџија прилега на змија лутица.

Жена, коњ, пушка-не се даат на туѓа рака.

Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?

Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа.

Жена лоша-вечна мака.

Жена мрзелива мезе на вошките бидуа.

Жена недугаа (будала) оди расплетена.

Жена пијана ет како улаа свиња.

Жена прокопсана куќата ја отворат.

Жена работница ноќе `е свети куќата.

Жена работница одит засукана.

Жена со пари се купуа, ама по селата.

Жената Ева сопрво згреши, а после мажо.

Жената ет долгокоса, а краткоумна.

Жената му вели на мажа си донеси, да кај сака нека си најдит.

Жената од Бога е блаосоена да му бидит на мажо помошница.

Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.

Жена што се боит од Бога секој ја милуа.

Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.

Жена што шета по комшии, дома здрава не си иди.

Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.

Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати.

Жените во полки кадифени, а мажите во сенети борчлии потпишани.

Жените в црква вреват, а мажите муабет си чинат.

Жените му баат на болните, ама и му пеат со попоите.

Жените непара се благодарни од мажите.

Жените одат на бања, ако мажите му лежат апсаана.

Жените поеќе од мажите и веруаат маѓиите.

Жените сега и повелаат мажите и си играат со нив како мачките со глувците.

Жените се плачат од мажите, а мажите од жените.

Жените си стојат по портите во празниците, а мажите му си пијат по меаните.

Жените со пари си `и купуаат мажите, ама во градоите.

Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои.

Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.

Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата.

Ја растурила жената куќата како табаана.

Кауѓер да има жена, не го прилега.

Кој си бие жената, тој си бие снагата.

Кој што бара жена без кусур, не ќе можи да ја најдит ни во Стамбол.

Којшто зема жена бесчесна, ќе си ја има дома бељата.

Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.

Којшто има лична жена, не му треба дома икона.

Имај си убаа жена, не ти треба да имаш икона.

Мирна жена секој ја милуа, и блазе кој ја имат.

На арната жена име му вадат.

На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.

На жена не речи е: оти си горда?

Не давај си, мажу, силата на жената.

Не давај узда на жена.

Не фали ми лична жена, ами умна.

Ништите и брдилата сет голема стока на жената.

Од кај што е жената, и мажот.

Ошто ми е болна жената, печена кокошка изедуат.

Поарно да родеше некоа жена камен ошто родила лош син, чунки камено ќе го клаеја на некоја бразда во калта за да врват луѓе и ќе велеа: Бог да прости кој го кладе и го даде, а за лошата челад сите ќе колнат.

Разбој да ткаит жена, дома ќе седит; а урка кога преди, по комшиј одит.

Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.

Си ја најде бељата од жената.

Сиромаштијата ја страв да влези у жена работница.

Сплеткал конците како мрзлива жена косите.

Трудна жена-вреќа подврзана: никој не знаит што има во неа.

Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.

Што бара жена во Света Гора кога ќе умират.

Жена и лисица-како една мајка да `и родила.

Жените отполу удолу му се кажуаат на мажите, а отполу угоре не му се кажуаат.
Жената коа мисли нешто лошо на мажо, не му кажуа.
Жените скришните работи не си и кажуаат на мажите.

Жена не сум, да дома да седам.

Жена, анка (Турчинка), гуска, пајка-се сакаат да се капат.

Жена што оди по комшии здрава дома не си иди.

Жени ќе бара, желки да го опојат околу врато!

За неа маж не се најде.
Курва бидејќи мажите си `и остава.

Мажо вели: „Дај, Боже, работа“, а жената: „Дај, мажу, пари“.
Како што бери гајле мажо, не бери жената.

Жена работна од Бога е блаосоена.

Сув леб да јадам, жена серсем да немам.

Жена злоблива се стои јадосана.

Да си скочи на врато, грдата жена па не можи да биди лична.

Жена, жена и пол јет, а не така само жена.

Жена убаа со пари не се купуа.

Со многу стока не ме плаши, а со убаа жена секого плаши.

Ако има жена вошлива, од неа друга нема повошлива.

Кај је тој будала што да земи жена како неа?

Ретко има као неа вошлива жена.

Дури је жена тешка, едната нога ји је наземи, другата во гробо.

Сите жени се негои; сите мажи се незини.

Пословици од народите на светот

Кога жените би биле и од стакло, не би биле проѕирни. (Руска)

Покрај добра жена тагата е половина тага, а радоста двојна. (Руска)

Жената е загатка која веќе не не интересира кога сме ја одгатнале. (Француска)

Жена без тајни е како цвет без мирис. (Француска)

Жената го носи мажот на своето лице; мажот жената на својата кошула. (Бугарска)

Да се истепа жената секое утро; ако самиот не знаеш зошто, таа тоа сигурно ќе го знае. (Арапска)

Ако одгледуваш маж, го одгледуваш само него; ако одгледуваш жена, одгледуваш цело семејство. (Арапска)

Жената и златото можат се. (Шпанска)

Во работата роб, на работа дипломат; во добродетелта цврста како земја; во снабдувањето со храна како мајка. Не е ли тоа идеална жена? (Индиска)

Господ нека ве варди од лоши жени, а од добрите вардете се сами. (Еврејска)
Жената е како сенка; ако трчаш по неа се оддалечува, ако трчаш пред неа трча по тебе. (Грузиска)

Со лоша жена мажот поб рзо старее. (Башкирска)

Маж без жена-коњ без седло. (Виетнамска)

Латински изреки

Убавата жена и јакото вино се пртијатни отрови.

Најдобра е онаа жена која слушајќи умее да заповеда.

Оној што орел држи за опаш и жена за збор, не држи ништо.

Домисла, гесло, мисла водилка

Слабиот пол е појак, поради слабоста на појакиот пол спрема послабиот пол.
Селекта

Песот, тигарот и леопардот со добрина можеш да ги припитомиш. Тигрицата со дива грива е уште поопасна кога ѝ се угодува.
Градина на лотосите

Рекле, издумале

Жената е рај за очите, пекол за душата, чистилиште за џебот.
Абел Дифресне

О, жено, прекрасна жено, природата те направи искушение на мажот!
Рабиндранат Тагоре

Жената е онолку пати убава, колку што е мажот околу неа.
Анонимус

Убавината на жената е нејзино оружје.
Лопе де Вега

Слабост, име ти е жена.
Вилјем Шекспир

Бог ги создал жените само за да ги скроти мажите.
Франсоа Волтер

Жените се како ветрокази: престануваат да се вртат дури кога ќе `рѓосаат.
Франсоа Волтер

Жено, не давајќи да се победиш, победи.
Педро Калдерон де ла Барка

Кој може да избира помеѓу памет и убавина, за пријателка нека избере убава, а за сопруга паметна жена.
Педро Калдерон де ла Барка

Немојте многу да се фалите со победа над жените, зашто тие и сами сакале да бидат победени.
Пол Лефевр-Жералди

Кога ранува, жената умее мошне нежно да стави завој.
Жил-Амеде Барбеј д`Оревили

Секоја жена е глумица; колку тоа помалку се забележува, толку е поголема глумица.
Бранислав Нушиќ

Котга очите на жената се замаглени од солзи, тогаш мажот е тој што не гледа јасно.
Мишел Турние

Жена без нежност е поголемо чудовиште од мажот без храброст.
Огист Конт

Убавата жена им се допаѓа на очите, добрата жена му се допаѓа на срцето. Првата е драгоценост, втората ризница.
Наполеон Бонапарта

Жената што ја сакам ретко ги задоволува нашите потреби и ние ја изневеруваме со онаа што не ја сакаме.
Марсел Пруст

Многу жени би биле подобри сопруги кога не би настојувале своите мажи да ги направат подобри.
Марк Твен

Жените се попаметни од мажите зашто знаат помалку, а разбираат повеќе.
Слоан Стефенс

Најглупавата жена може да управува со паметен маж, но да управува со будала може само паметна жена.
Радјард Киплинг

Без причина ги обвинуваме жените: не нè разочаруваат тие нас, туку идеалот што за нив сме го создавале.
Евалд Бухер

Штом ја нема жената дома, животот има повисок стил.
Исидора Секулиќ

Мажот е љубоморен кога е вљубен; жената е љубоморна и кога не е вљубена.
Иманеул Кант

Треба повеќе да се стравува од љубовта на жената, одошто од омразата на мажот.
Сократ

Кога нè сакаат, жените ни простуваат сè, дури и нашите злосторства. Кога не нè сакаат, не ни простуваат ништо, дури ни нашите добродетелства.
Оноре де Балзак

Љубовникот ги има сите добродетелства и сите мани што му недостасуваат на мажот.
Оноре де Балзак

Пријателот те сака и те пушта да бидеш онаков каков што си; жената те сака и постојано се обидува да те измени во некој друг.
Џилбер Кејт Честертон

Тешко е да се поднесе жена совршена во секој поглед.
Јувенал

Што вреди ако е жената млада, а не е убава, или ако е убава, а не е млада.
Франсоа Ла Рошфуко

Ниеден маж не го интересира душата на жената чие тело личи на трупец.
Софија Лорен

Жената може да му биде пријател на мажот само ако постои извесна физичка одбојност.
Фридрих Ниче

Без оглед колку си внимателен спрема жената, никогаш не си претерал.
Фридрих Ниче

Годините не се важни. Жената може да биде прекрасна во дваесеттата, шармантна во четириесеттата и неодолива во остатокот од животот.
Коко Шанел

Пристојната жена личи на кривата кула во Пиза; се ведне, ама не паѓа.
Сомерсет Могам

Малку има такви жени кој барем еднаш дневно не би го потсетиле мажот да се покае дека е оженет.
Ла Бриер

Жената често нè поттикнува на големи работи кои подоцна нè спречуваат да ги извршиме.
Александр Дима

За жената е поголемо понижување ако повеќе не ја сакаме, отколку ако никогаш не сме ја ни сакале.
Морис Донај

Честита жена е само онаа што тоа не е од страв.
Овидиј

Кој се сомнева во искрена жена, ја прави дволична.
Сали Маргарет Филд

Има жени кои никогаш не лажат, но никогаш не ја кажуваат целата вистина.
Јован Дучиќ

Основна грешка на женскиот карактер е недостиг на чувство на правичност.
Артур Шопенхауер

Саканата жена никогаш не старее.
Максим Горки

Самракот и најгрдата жена ја претвора во загадочна кукла.
Мирослав Крлежа

Жената е добра дури тогаш кога е отворена зла.
Публилиј Сир

Жен ата можеод ништо да направи три работи: шапка, салата и кавга.
Саша Гитри

Подобро е да се има жена со која не може да се живее одошто таква без која не може да се живее.
Саша Гитри

На три места жената се покажува како прекрасно суштество: покрај колевка, покрај постела на болен и во гроб.
Франческо Доменико Гераци

Во секој случај почитувајте ја жената зашто таа била и ваша мајка.
Франческо Доменико Гераци

Ниедна жена не носи радо износен фустан на своја соперничка. Кога се во прашање „туѓи“ мажи, не е така избирлива.
Карл Сејган

Женскиот род е таков вид птици кои умеат да се сместат во сите видови кафези.
Геза Гардоњи

Учената жена е вистински бич за својот маж, за своите деца, своите пријатели, својата послуга и за целиот свет.
Жан Жак Русо

Жената е поблагородна од мажот и не се врти како тој само на надворешна убавина.
Луиџи Пирандело

Храброста на самопожртвуваната жена е посупериорна од на мажот, како што сум убеден дека храброста на мажот ѕвер е посупериорна од на жената.
Махатма Ганди

Најсигурен начин да го погодите женското срце е да гаѓате клечејќи.
Даглас Вилијам Џеролдс

Кога ќе се угаснат свеќите, сите жени се убави.
Плутарх

Со жените и необразованите луѓе е најтешко да се излезе на крај. Кога се интимни со нив, тие стануваат дрски, а кога ги игнорирате тие се наверудваат.
Конфучиј

Земете ја жената која не верува во она што го гледа.
Пол Валери

Leave the first comment