Потребно време за читање: 3 минути

Што е тоа дрво на светот или Космичко дрво?
Станува збор за митолошка претстава во старата сумерска религија која симболички ги поврзува небото, земјата и поднебјето. Со крошната го допира небото (царството на боговите, со кој владее Ану), со стеблото е во нашиот свет (со кој управува богот на молњата, демиургот Енлил), а корените му се во подземјето (царство на богот Енки или на божицата Нинхарасаг, според разни сфаќања на космичката тријада).

Митовите и приказите поврзани со дрвото на светот се преземени во вавилонско-асирското културно наследство.

Дрвото на животот или Дрво на светот е присутно во некоја форма во сите култури. Неговите корени потекнуваат од долниот свет (подземје), каде што живеат демони, стеблото минува низ средниот свет каде што живеат растенијата, животните и луѓето, крошната на дрвото допира до горниот свет на боговите.

Освен во митските космологии, мотивот на Дрвото на светот се јавува и во народните приказни, а особено интересен е култот на дрвото кај сибирските народи.

Сибирските шамани во текот на своите патувања помеѓу световите со помош на него стигнуваат од подземјето во светот на боговите. Еден шаман зборувал за симболот на дрвото на животот кое се наоѓало покрај неговата јурта:

Прочитај и за ... >>  Свети Јован Крстител

„Според нашето верување, духот на шаманот во занес со помош на ова дрво се искачува до возвишеното суштество. Во текот на обредот ова дрво нараснува и невидливо достигнува до небото“.

И во народните песни на балканските Словени се среќава Дрвото на светот, пред сѐ како Чудесно дрво.

Оската на светот, која ги поврзува горните и долните делови, се претставува со објекти кои се стремат кон небото. Додека скалите, тронот, столбот, планината или димот претставуваат нежив свет, дрвото со своето вечно или обновувачко зеленило како оска на светот претставува самиот живот. Во статичните претстави оската на светот како дрво, неговиот врв претставува простор на небото, а коренот на дрвото- долниот свет. Вертикалата поврзува два света во еден објект, ги обединува како свои делови кои се во хармоничен или конфликтен однос, и овозможува посредување помеѓу световите.

Во митските слики и текстовите оската на светот динамично се претставува како искачување или спуштање по дрво или планина. Мотивите на вознесување, летање, паѓање, исто така прикажуваат совладување на вертикалните граници помеѓу световите, но често без опредметување на оската како објект во просторот.

Прочитај и за ... >>  Научно откритие : душата постои, смртта не!

Статичната и динамичката претстава се споени, на пример во бајките, во мотивот на орлицата која од дрвото во долниот свет го однесува човекот кој ги спасил нејзините орлиња на горниот, како и во мотивот на искачување по дрвото (дрво на подемот) или падот од него.

Во бројни книги и студии на словенски фолклористи и етнолози се проучени верувањата и обредите поврзани со одделни растенија и различни видови на дрвја.

Во обидот да се групираат архетипските значења на дрвото во фолклорот на Словените, укажано е на постоењето на типови кои се среќаваат и во фолклорот на други народи- дрвото на плодноста, дрвото на знаењето, дрвото на животот или дрвото на смртта и др. Некои типови на Чудесно дрво, на пример дрвото на знаењето, дрвото на смртта или неплодноста, дрвото на преобразбата, не се поврзани со Дрвото на светот.

Ниту во демонолошките преданија на балканските Словени за самовилите и вештерките, кои се собираат на дрвја, ниту во преданијата за среќата на оние кои ги почитуваат записите (свети дрвја) или за страдањето на оние што ги кршат или сечат, нема вертикални опозиции кои би укажувале на оската на светот. Во бајките се наоѓаат разновидни типови на дрвото на подемот до повисоки суштества и светови, дрвото на плодноста, преобразбата, дрвото на знаењето и др.

Прочитај и за ... >>  Нови сознанија за Библијата

Во обредните песни од паганско потекло, како и во христијанско-религиозните, се јавува дрво израснато до небо, чии златни или сребрени гранки го покриле сиот свет, со чудесни плодови- бисери, дукати, златници или карагрошеви.

Во поезијата на балканските Словени дрвото на светот и дрвото на плодноста не се јавуваат во епски или баладни, туку во обредни и лирски песни. Значи, различните жанри покажуваат специфична поврзаност за одредени типови на дрвја.

Како чудесно дрво кај Словените се именуваат дабот, елката, врбата, јаворот, јаболкото, дафината (мирислива или грчка врба), кипарисот.

Постои талисман Дрво на животот кој наводно му помага на сопственикот да ги совлада пречките во животот, ги придвижува световниот и спиритуалниот напредок и го прави поцврст, поиздржлив и постојан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here