ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 4 минути

20. Власта

Здраво-живо народецу мој,

Ја знам дека ти најмногу за што не сакаш да те прашаат што било је власта каква што је. Знам и заошто: власта си је каква што је, за народо многу не прај, може и да не прај ништо, а за себе колку може појќе и за неа сè никоаш доста. Да ти кажам прао, и ја не сакам, ама коа морам, коа ми се качила на глаа…Да де, и на мене ко на најмногу од сите не само што ни е качена, ами ми је дојдена дури преку глаа. А заошто морам? Зато што од неа неам ни мир ни спокој и прибидејќи ми прај многу голема секирација и нервозација. Поготово и особено што засеа не можи никој да ја собори, да ја симне, да ја развласти нашава, а нема кој да ја смени со друга, белки асолна. Дури ни ти, народецу мој.

Неам што многу за воведуајне во моево монологизирајне за власта, да не речам неам ништо, па зато ко што се вели ќе почнам од директно во центаро.

Прво и прво, ја сакам да расчистам со нешто што го кажала една умна глаа, сега не ми текнуа како се викаше, а според мене не му је бȇаш умно и наместо. Не моом да го цитирам до збор и до точка, не сум баш по цитиризирајнето, па ќе го парафразирам, ко што се вели стручно: народо си има власт каква што заслужуа.

Ко ќе се задлабочам во мислејне, кажаново ми изглеа поприлично глупоо! Да де, то подразбира оту народо си избира власт, а ја подразбирам дека баш во то је кваката што се вика глупоќа!

Мене лично никој не можи да ме убеди оту народо избира власт. Ко божем демократски, ама само ко божем. Да де, и ова кон тоа: мене лично никој не можи то да ми го примероса. Ако можи, то значи оту је то исклучок што го потврдуа правилото, ко што ја велам коа стануа збор за исклучок. Не тврдам оту нигде немало и нигде нема демократија, ами сум сигурен оту сегде кај што ја има то не је демократија ами мижи Асан да ти баам, ко што знајш ти да речиш народецу за залажуајне и замајуајне. Знам оту и дека нема никој што не знај што е права демократија, што бар то не го научил учејќи пом малу од филозофијата и политиката. Оваа што се прај кај нас и сегде, дури и во најдемократската држава на свето, знам дека знајте на која мислам, со прао стручно се нарекуат квазидемократија. Не ом подалеку, само ќе ве потсетам на сè што се прај при бројањето на гласој по гласање на избори. Гласо на гласачо је врво на демократијата, а баш со бројање тој врв се отапуа, односно оние што го спроведуаат гласањето просто го кратеризираат врво. Се разбираме, нели?

Народо има власт каква што заслужуа? Види мајката! Ај да ве прашам, лујѓе мои, а вие не треба да ми одгоарате оту дамна си имам сам одгоорено: знајте што је то држава на мафија? То је држава во која власта од врво до дното је во рацете на мафијата. И сеа иди логиката: знајте за еден народ во свето кој заслужуа мафијашка власт? А бе ај! И ова: кој поставуа мафија на власт? Нема никој друг, освен друга мафија на власт со која е врзана со папочна врвка и ѝ слугуа. Зато што нема шанца мафија да стане власт, а то значи државата да ја земи во свои раце од А до Ш. Во контексто ве допрашуам уште ова: има народ што сака да го владее, поточно да го страховладее мафија?

Има едно нешто што ми иди ко следствено: натурената власт или ко што се нарекуа стручно-ок-тро-и-ра-на (извињавам се што сричам со мака, ама зборо ми е тотално антинародски македонски). Сакам на неа да посветам мое драгоцено време.

Власт на друга држава на народ му натура стратешки партнер на таа држава. Коа велам стратешки, мислам на држава која стратешки прај од друга држава свој про-тек-то-рат (пак се извињавам заради сричајнево, ама и овој збор ми је ептен за кршејне на јазико), инаку од мене речено мест сричајното држава под негоо управителство односно покровителство.

Ја знам оту и дека тебе ко на мене ти је качена на глаа и ти је дојдена преку глаа баш такваа, натурена власт во моменто. А и друзите пред неа беа исти, само што поранешните беа поприлично прикриени со понешто работено и сработено за тебе. Како ти је на глаа им преку глаа натуренава? Со две незини дејанија: мафијашко, појасно речено тотално крадечко и коруптивно работејне, и страховладение. Во контексто на ова, мене најпојќе ми е разјаснето следново: натуренава власт мафијаши, појасно речено тотално те краде корумпирајќи, народецу мој, и истовремено владеј со тебе втеруајќи голем страв во тебе, зато што је то стратешка цел на стратешкио партнер. То значи и треќо: натуренава власт краде и корумпира многу помалу од стратешкио партнер, а овде-онде можи сметките да им се пола-пола. Значи, патем се заклучуам за ова со ова: ниеден народ не заслужуа стратешки партнер со од него натурена власт!

И на крајо од мене за власта како таква односно ваква што не владеј и мафијаши: заошто на почетоко само потсетив оту засеа не можи никој да ја собори, да ја симне, да ја развласти нашава натурена власт; и дека нема кој да ја смени со друга, белки асолна, дури ни ти, народецу мој? Зато што ја лека-полека се навикна на неа, па си рамнодушен дури и оту напрај велепредавство, ти ја украде државатаи те испокрадер до гола кожа, а тебе те ништи, скоро те уништи, ја се спремаш да избегаш што подалеку од неа. Треќо нема!

Ја ко дедо Громче сега дотолку за власта ко таква и никаква, со акцент на нашава. Ти народецу мој, секако знајш оту дедо Громче кажуа без ниедно влакно на јазико и зато ко ќе кажи кажано је!

Како post scriptum:

Намерно не ни спомнав како је коа народо си ја сака власта. Зато што и поради тоа што нема таква која можи да ја сака сиот народ, ами само оној дел од него што е со неа не од кое-годе љубие, ами само од користољубие.

Leave the first comment