Почетна Создадени дела АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ XII

АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ XII

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    И како уште на власт, изрод(и)?!  

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    Еден може да направи многу добра за сите. Со мисла, со збор и со дело за паметење.  

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    На голема мака се властодршциве. Никако да домислат како да престанат, а да продолжат да крадат и корумпираат.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    За никаде сме ако не знаеме каде и со кого.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    Си легна на брашното и потона во длабок сон.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XII

    Големо ни е името, та едни го присвојуваат, други се обидуваат да го збришат, а платенички изроди го предаваат.