Почетна Создадени дела АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ X

АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ X

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Целта е достижна доколку е согледлива.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    503. Слободоумниот никој не може да го замолчи во сегашно сосе идно време.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    316. Ништо не ѝ можете на слугинска власт која ви ја избраа непречено да владее со вас.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    541. Ништо не почнува со тебе, ниту по тебе завршува. Освен твоето време.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    892. Ропски послушниот не мисли, не збори и живурка умирајќи забрзано.