Почетна Создадени дела АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ X

АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ X

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Немам ништо против провинцијалци и примитивци сѐ дури не се на власт.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    826. -Што правиш?-Денгубам со тебе.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Ем не знаеш ем не знаат твоите советници!

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    452. Безлични луѓе на висока положба не признаваат авторитетни личности на кои не можат ни да им се доближат.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    802. Признавам пораз само во чесна игра или борба. Достоинствено.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    686. Не барај мудар меѓу улави и шашардисани!