Почетна Создадени дела АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ I

АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ I

    АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

    Започната љубов го заживува, го придвижува, го продолжува и го богати животот. Но и го бранува, но и го урамнотежува.

    АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

    Ми се повраќа од лигавење и понизност на партиски послушници пред избрано, а политички недокажано лидерче. Зад кое стои трчи-лажи човече.

    АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

    Партија или какво било здружение се формира, а движење се втемелува и спонтано се омасовува.

    АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

    Ретко велам дека не знам. Најчесто дека не сум знаел.