94. Не дорекувам
Сеедно е што било
во мене
и што ќе биде од мене
во некое почин време
само да останам достоен
да не легнам
та да не станам
та да нема од што било
од кој било да се бранам
едно сѐ е во овој јазол
молчание
што не може ниту ден
ниту ноќ да го одврзе
ниту со меч и оган
велик да го пресече
уште да ми е да узнам
ќе има ли кој да спомне
во ниедно најдено доба
дека има макар миг
неподречен недоречен
кој без мене и од мене
и во мене сам
ќе се докажува
само да ме има макар здив
помеѓу сенки од луѓе
доблесни
качени со мене на врвов
на мојава планина
заедно што ја искачивме
за последен пат
без запир и бол