fbpx Прескокни до главната содржина

Беспат

На кое место во беспат е он
дамна пред сите дамна сам
сите други далеку зад него
од што сосем исгубиле сила
макар за чекор кон негде
напред.

Се прашува а нема одговор
дали е во центарот негов
во точка на која некогаш
се вркстувале
времиња без време
и невремиња од невреме
ако воопшто има беспат
по беспат.

Помислува дека е во точка
од која не знае каде натаму
особено откога узна дека
е беспат и лево и десно
е беспат и напред и назад
но истовремено помислува
дека по неа нема зошто
е бесмислено натаму
да преживува без трага
затоа што постоел негде
како социјално битие.

Проблемот со незнаењето
на кое место во беспат е он
е самосвесноста без која
не е можно да се домисли
или догледа нов пат
кон нови хоризонти.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 61

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.