541. Од никого не барам помош, ни внимание ни признание. Па и старечково живуркање ко да ми било пишано.
542. Секој се дава и дава колку може дури е жив. Јас многу, та премногу.
543. Кога ќе исчезнам, ќе ме нема оној со кого ќе бидам уште.
544. Ѕверот во човекот долго го умира човекот во него, бришејќи ги трагите на човечката цивилизација.
545. Ако не живееш со вредности и за нив, преживуваш бесмислено.
546. Идиотски е Интернет да се смета за најголемо зло за човештвото. Зло е неговата употреба за антицивилизациски цели. Како сè друго напредно.
547. Безумна власт се плаши од ум што не е под нејзина власт.
548. Веќе предоцна за вас. А имавте време да научите да паѓате и да станувате откако ќе паднете.
549. Секогаш имам да кажам и да докажам за љубовта. Но, и да молчам и премолчувам.
550. Ти си крајно глупаво човече штом за туѓа жена велиш дека е грда, а својата ја истакнуваш како убава и паметна!
551. Бруко една, ги брукаш твоите сопартијци, а тие, пак, кој од кој поголема брука од тебе.
552. На кратко паметење на народот најмногу се надеваат политикантите и политичките шутраци.
553. -Те прашав нешто?
-Не.
-Па зошто молчиш?
-Затоа.
554. Пеколен план-неоколонијалистичко сценарио на „стратешки партнери“, реализирано со помош на домашни велепредавници, туѓински платеници, мафијашка власт и покорни слуги:
На исконската земја Македонија формирање нова нација-северномакедонска, со уништување на исконски народ-македонски!
555. Прости ако сум ти згрешил, сум те повредил, како било сум ти наштетил. Од мене и од Бога за исто нека ти е простено.
556. Несомненио, со оглед на моиве години јас сум деноноќно најактивната мислечка и творечка личност на светот! Бесполезно!
557. Реконструирана власт за следни избори со „демократско“ гласање и наместени победнички резултати.
558. Доследноста е суштествена за секоја долгорочна политика.
559. Многу повторливо, малку неповторливо во животот.
560. Во центар не можеш без лево и десно, ниту без пред и зад.
561. Во партија независен?! Долго тешко, речиси невозможно. Може некое време како поддржувач и споделувач на заложба или заложби.
562. Сиромашен народ, богата власт.
563. Не е никаков проблем тоа што многумина од мојата фела не постојат за мене. Затоа што јас не постојам за нив.
564. На крајот од патот може нов без крај и несогледлив.
565. Самосвесен, самобитен, слободен, слободоумен, свој на свое и достоинствен.
566. Скоро може ќе ме бараш, а не ќе можеш да ме најдеш. Ни во празнината меѓу помнењето и заборавот.
567. Зло безмерно те обзело штом си рамнодушен пред велик човек во години, со грандиозно мислечко и книжевно творештво.
568. Што ако бидеш на нозе и при ум до последен час?!
569. Сеедно јас денес и утре.
570. Таа може да не е жива, но тој е уште жив со неа.