Потребно време за читање: 2 минути

151. „Модерен“ капитализам:
Неписмени и полуписмени силници со џебови преполни со пари владеат со учени, опитни и мислечки слабаци со џебови празни и дупнати.

152. Слатката власт им го загорчува животот на оние со кои владее.

153. Ма не заслужувате ни да ве пцуе човек!

154. Што се однесува на мојот став во врска со објавувањето дело во печатен формат/книга, од моето грандиозно мислечко и книжевно творештво-поезија, проза, сатира:
Не го менувам! Значи, не прифаќам, ниту дозволувам! А ако станува збор за превод и печатење во странство-сѐ зависи од понудата.
Сите мои дела на мојот творечки веб сајт на Интернет, како електронски книги. (Без каталогизација („официјализација“) во НУБ „Климент Охридски“-Скопје; тоа не ме интересира.)

155. Прашање на FB пријател:
„Што ако бидеш предложен за член на МАНУ? Ќе одбиеш?!“
Одговарам:
Такво нешто просто не може да се случи, па воопшто не размислувам!

156. Авторите на новиот учебник по географија за кое било одделение во  основно образование да не заборават да пишат оти Македонска република се наоѓа во Океанографија!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 361-390

157. Што ми значат моите години живот? Ништо друго, освен мое и наше постоење.

158. Не се заборава оној што помогнал во клучен момент. Благодарноста е безмерна.

159. Наѕирам до кога, ама не до каде.

160. Никој како мене пред мене и по мене.

161. Мои твојата убост, твојата ведрина и твојот спокој.

162. Не влегол неписмен сам во политиката. Го внеле неписмени и полуписмени.

163. Трагикомично и со несогледливи последици:
На власт партија на послушници, слуги, лигуши, платеници и предавници.

164. Често ме прашуваат:
-Жив ли си, човеку?
Јас одговарам:
-Сосем е неважно дали сум жив или мртов.

165. Не може живот без политика, но секако може, треба, дури мора живот без политиканти.

166. Паталец пати од негово испатено, препатено и непатено.

167. Симни ја маската од лицето, па ќе ти кажам сè во лице.

168. Стварно не разбирам како си дозволувате во вашата партија будали да ве прават будали, а сте докажани како умни и достоинствени!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 181-210

169. Добро, јас сум за вас само дребнаво старче кое си пишува и кажува сешто од што нема друга работа. Задоволни?

170. Само тешки будалишта, политикантски идиоти, полуписмени и неписмени на власт!

171. Ти си тешка будала штом си на ум да отвориш фирма во Северџганијава. Особено ако не си член на мафијашкава власт или си со неа.

172. Нема да нè има утре, ако нè нема денес и нè снема до утре.

173. Неодговорност, личен и партиски интерес-корупција и криминал.

174. Надојдува матната, па почнаа бегањата, криењата и исчезнувањата. Ќе ги однесе оние што нема да успеат пред таа да се излее и поплави сè.

175. Во партија непартиски?! Може со партија, и тоа само за.

176. Додека си млад и полетен, секако ти е важно признанието за стореното или создаденото. Во староста, кога со секој нов ден крајот на твојата животна врвица е сè поблизу, тоа за тебе е не само непотребно, туку е и бесмислено.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 909-940

177. Вие од власта треба особено да внимавате на ранетиот лав. Да не веќе тргнал кон вас.

178. Нема спас за сите вас на власт без наш глас.

179. Пензионерско живуркање на дребнав старец-заслужено со грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот!

180. Грмам за вие да згрмите, па да грмите кога јас ќе престанам да грмам.