Потребно време за читање: 2 минути

26. Како на чело со медиокритети?!

Со просечни на чело, кои не можат со други, освен со приучени, полуписмени, неписмени, неуки, неспособни, зависни и наудрени? Никако!

Всушност, се знае како без нив:

1. Да се соберат чесни, умни, учени, опитни, слободоумни, самосвесни и видни личности, да промислат, домислат и кажат-напишат што и како треба денес сосе денес за утре, па заедно, на чело со исти или ним блиски да го поведат народот по светол пат. Одејќи по него, пред секој нивен нов чекор заедно да го чистат патот од трње, прав и пепел, кал и буништа што на него ги фрлиле и ги фрлаат, ги оставиле и ги оставаат тие-медиокритетите; приучените, полуписмените, неписмените, неуките, неспособните, зависните и наудрените. Како тоа? И тешко и лесно!

2. Наведеното тешко зашто долго, та предолго медиокритетите владееле и владеат со државава, исполнувајќи ги докрај замислите и наредбите од оние што му ги натурија на народот, (само)именувани како „стратешки партнер” и „меѓународен фактор“. Поготово затоа што со замислите и наредбите се речиси на крајот, пред самата цел: разнебитување на Македонија и македонскиот народ.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 17

Тие многу добро знаат дека можат само со такви зашто се такви самите. Дека како такви не можат ни да им се доближат, а камо ли да ги приберат „под свое“-да ги владеат, купуваат и поткупуваат чесните, умните, учените, опитните, слободоумните, самосвесните и видните личности.

3. Меѓутоа, има едно нешто што треба да го надминат сами во себеси наведените личности, пред и за да застанат на чело на народот; кој сигурно, без никакво сомнение или воздржување ќе им се придружи, со голема надеж и нова неизмерна сила ќе тргне по нив: да се организираат, да се сплотат, ако треба и да создадат движење и да формираат партија (дури уште има време-до следните избори).

Сè додека не се направи сето тоа, со „демократски“, а всушност наместени-режирани избори пак на чело ќе ни изнаредат медиокритети. За со нив ние во неврат.

Сите реакции:

7Dimitrije Simovski, Славчо Размо и 5 други