Думање на голем и мал човек, XXIV, 341-500

Потребно време за читање: 6 минути

341. Се разбира дека ја знам вредноста на моите дела. Но, оставам да ја согледаат и осознаат оние што мислат дека знаат повеќе од мене.

342. Колку да се знае!
Јас сум со и во литературата, естетиката, филозолфијата и комуникологијата веќе шест децении!

343. Непризнаеноста, омаловажувањето и маргинализацијата со децении на мене како мислечка и творечка личност се апсолутно безначајни. Тоа не е ништо друго, освен искажана и изразена инфериорност.
Станува збор за безобразен и безобѕирен однос спрема моето грандиозно творештво од над 120 мислечки, прозни, поетски, сатирични и научни дела. Единствено на светот!

344. Ракопис-краснопис-калиграфија-фонтографија.

345. Мојата лична борба за одбрана на македониумот/македонството/македонизмот е најнапред со лични дела-создадено грандиозно мислечко и книжевно творештво.

346. Јас до смрт и по неа доследен на себеси.

347. Моето творештво-мое неизмерно богатство.

348. Со вас, квазивеличини и празноглави богатници, никогаш и никаде. Ни во заборав.

349. Јас во ниедно време.

350. Јас најдалеку од вас, бездарници.

351. Човек што живурка:
Ни жив ни мртов, со своја сенка ко без сенка.

352. Меѓу работи и учи и учи и работи-работи учејќи.

353. Секое големо дело е најпрвин автентично, неповторливо, недофатно и единствено.

354. Еден убав ден дочекан и почнат со радост.

355. „Што можам јас за тебе?“ истовремено и наспоредно со „Што можеме ние за нас?“.

356. Врв на човечност:
Помагање на човек без никаков личен интерес.

357. Ми минало времето? Зависи за што.

358. Сон не го фаќа човек преуморен од будност.

359. Творецот не престанува да твори меѓу сон и јава.

360. Непорочната љубов отсекогаш била и ќе биде пред сите други љубови.

361. Од што не те бидува, само си штетиш на себеси и им штетиш на други.

362. Не се купува човек за човек со пари. Се купува нечовек.

363. Никогаш сè за пари. Секогаш и за нешто друго.

364. Немаш не зашто не можеш, туку зашто не си на власт или со власта.

365. Ви нема спас од народот, злодејци, мафијаши и предавници!

366. Моето дело ќе го сочува моето потомство и ќе создаде свое.

367. Ништо сработено само за себе. Сè и за друг или и за други.

368. Љубовен сјај во твоите очи.

369. Ново-стари платеници:
Зависни невладини хохштаплери.

370. Прв чекор кон вистинска демократија (владеење на народот):
Сите власти-законодавната, извршната, судската и локалната да ги избира народот на слободни избори. И тоа избор од независни-натпартиски кандидати.

371. Боже, колку многу платенички невладини испрдоци!

372. Стравувам од скорашни пресвртни моменти по кои ќе бидеме разнебитени како исконски народ.

373. Не премолчувај и не одмолчувај. За да не те замолчат или да кренат раце од тебе.

374. Ако совреме не решиш, може ќе мораш со нож под грло.

375. Веќе не знам зошто, но и не се прашувам.

376. Прави како си наумил, но внимавај на зломислениците и злодејците.

377. Ми се случува да советувам добронамерно.

378. Незнајно умирање:
Без последен животен чекор на чекор до смрт.

379. Секогаш некој без оние и овие.

380. Секое ново деноноќие сè потежок товар на старски плеќи.

381. Иста љубов во многу и по многу години.

382. За едни си гениј, за други си лудак, а сите се чудат на твојата огромна творечка енергија.

383. Имај само здравје и сè без што не можеш.

384. Движечки сили на секое општество: култура и економија.

385. -Траеш?
-Траам некако.

386. Мали нешта радуваат, а големи замислуваат.

387. Малодушноста ја следи скептицизмот.

388. Нека биде што било, штом веќе не може да биде.

389. Интересот е суштина на политиката.Која ја ништи и обезличува.

390. Не слушаш за мене ништо зашто нема што да слушнеш.

391. Пустошна земја на народ раселен низ целиот свет.

392. Играат валкана игра против тебе, поттикнувајќи го гневот на народот, а ти како ништо да не разбираш!

393. Она што вреди-вреди, а ти треба да почнеш борба против сопствената инфериорност.

394. Не е можен пристоен живот кај што владеат медиокритети и туѓински платеници.

395. Кој што стои на зборот, стои исправен и со крената глава.

396. Лесно се препознава човек меѓу луѓе.

397. Збори сам со себе оти не може да молчи гласно.

398. Што да прави човек кој цел живот правел сè и сешто за други, а ништо за себе?

399. Не се трга од мојот пат оти нема свој.

400. Сал љубовта може да биде без мене, а јас да бидам со неа.

401. Многу животи и смрти во еден живот.

402. Големи и мали, силни и слаби во голема игра со затврдени правила.

403. Веруваш зашто ти веруваат.

404. Исчисти пред твојот праг, па тргај на пат.

405. Без сплотени народ и малцинства нема одбрана на своја земја.

406. Нема привилегии за еднакви и рамноправни.

407. Најмногу те учи животот што го живееш.

408. Дамна и сега во љубов долговечна.

409. Не е нигде, а е сегде.

410. Политика и бизнис-умешно и безобѕирно крадење на народот и на наивниот и чесен граѓанин.

411. Човекот во човек во сè потешка и подолготрајна беспоштедна борба за вистината на виделина.

412. Лична борба до смрт со мисла, збор и дело.

413. Сè подлабоко во себе и со себе Јас.

414. Многу повеќе освестен, одошто разочаран.

415. Само ништење од оние, понешто како ништо од овие.

416. Ги жалам оние наши потомци што се и допрва ќе бидат без своите корени.

417. Уште ронка надеж дека на крајот сепак ќе останеме што сме.

418. Во длабока старост сè подлабок молк.

419. Нема ука за љубовта. Само живот за неа и со неа.

420. Македонија пред крај-на делбена крстосница и во беспаќе македонскиот народ?!!?

421. Не сакам да сум во право, но сè ми кажува и ми докажува дека сум.

422. Ќе нема кој да раскажува:
Сите „демократски“ македонски власти во невиден грабеж на пари од народот!

423. Толку сте извалкани, што со ништо не можете ни да се измиете ни алиштата да си ги исперете.

424. Арам да ви е сето богатство што го украдовте од народот!

425. Внимание! Сè е под контрола!

426. Да не сте ми излегле пред очи, идиоти страховладеачки!

427. Не, не! Невозможно е народот да гласал за вакви партиски и туѓински платеници на власт!

428. Не сакам со вас оти не сте ми дораснати!

429. Љубов под закрила на љубов.

430. Да ви се плукнам на политиката, политикантски говеда ниедни!

431. Ако ништо со тебе, барем нешто од тебе.

432. Те има и откога те нема.

433. Богати властодржачки пратеници избрани од беден народ.

434. Бескрајна и безвременска издржливост на кроток народ.

435. Сè повеќе на број полит-бизнисменски олигарси, а сè помалку слободоумни творци.

436. Оној што им пречи или ќе го спречат или од себеси ќе го оддалечат.

437. Богатство неизмерно-од народ испокрадено.

438. Аздисувате оти нема сила која ќе ве развласти.

439. Материјално богати, а духовно бедни властољупци.

440. Барем миг заедно, љубов.

441. Замисливо или незамисливо зад кулисите? И замисливо и незамисливо.

442. Обичен човек со исклучителна доблест и творечки дух.

443. Многу насобрано во животот за паметење додека е живот.

444. За жал, на човек во години сè повеќе му тежат лошите и грдите спомени.

445. Исто секој ден и навик до бесмисла.

446. Слободен и независен додека можат без тебе или не им требаш.

447. Не можеш без љубов жива што не може да заживее.

448. Најмногу си сам виновен оти си сам.

449. Од твое минато во нечија сегашност.

450. Разделени никогаш во заедничко време.

451. Не си човек штом не си за човек.

452. Не постојат европски вредности! Постојат европски стандарди кои владеат во државите-членки на ЕУ.

453. Не знаеш што зборуваш зашто ниту си научил, ниту учиш.

454.Повторувам лична заложба:
Општество на доволност наместо потрошувачко-клучен предуслов за континуирано богатење на квалитетот на животот.

455. Мерлива ли е тежината на зборот? Не толку, колку што е неговата вредност.

456. Се величи творец на живи дела.

457. Изневерена последна надеж-последна неизлечива болест.

458. Не преживува човек без вистинска љубов.

459. Прв чекор кон модерна, ефикана и евтина законодавна и извршна власт:
E-Собрание и E-Влада (он лајн седници-„од дома“).

460. Неминовно ново „прекројување“ на светот:
Бришење на неоколонијалистичката творба „нација“ и држави со народ (најголем, најстар и доминантен етникум) и малцинства (со свои соседни матични држави).

461. Било, па завршило, се оддалечило, исчезнало, се заборавило. Исто и за многу што биле.

462. Скоро ќе бидеме збришани ако не ги почитуваме и чествуваме нашите великани.

463. Моќта на живиот збор:
Се слушаме и читаме, а не се познаваме.

464. Повторуваш и зашто не можеш да заборавиш.

465. Трпението и толеранцијата не се секогаш човечки доблести.

466. Родот (родството) по татко, по мајка или на нов, треба да биде личен избор на зрела личност.

467. Мислам и дејствувам и локално и глобално.

468. Непорочна, спокојна, трајна и непореклива љубов.

469. Мисла на слободоумен-јавна.

470. Да ти е добро, па сè друго со ред.

471. Безгрижно детство и созревачка младост за творечки живот и спокојна смрт.

472. Кој знае нека збори, кој не знае да молчи.

473. Денот и ноќта си имаат свои ритми. Твои не им требаат.

474. Во вашево време важен дел од нашето.

475. Блиски сме зашто сме различни.

476. Во љубов гушнати срца.

477. Се прашуваш, не си одговараш. Никој си и ништо.

478. Те молчам кога ме прашуваат за тебе.

479. Одамна сум овде и сега. Сеедно ми е дали ќе бидам одамна и утре.

480. Годините најмногу нè оддалечуваат.

481. Не веруваш дека секогаш си во мене? Тоа ништо не ми значи.

482. Ништо од дарбата без посветеност.

483. Во секоја убавина јас дека е моја.

484. Да повторам, ако знаеш:
И спокој и возбуда во секоја голема љубов.

485. Мафијашките ЕУ-овци, СОРОС-овци, УСАИД-овци, туѓински платеници, апашишта, лигуши и потрчковци на власт си играат дрндупка со Македонија и Македонците 30 години! Уште колку ќе дозволуваме?!

486. Совршено е завршено што трае и не може ни да се надгради ни да се продолжи.

487. Правила на игра-ред.
Жестоко казнување на каков било престап-свесност и самодисциплина.

488. Недозволиво е богатење на грбот и маките на народот.

489. Во организирана и ефикасна, значи модерна и просперитетна држава власта е власт. Која владее во името на народот.

490. Судејќи според почетокот на разговорите-преговорите за „прекројување“ на светот, Македонија е од стратешки „балкански“ интерес.

491. ЕУ е неважна и бессилна. Затоа нема место меѓу најсилните. Нејзиното ништење-растурање е неминовно.

492. Почнато е ново време. Во кое интересот и мудроста се и допрва ќе бидат првостепени.

493. Наместо академици-великани на човечката цивилизација. Македонски и светски.

494. Многу брзо ни се троши времето разделени.

495. Гледам близу и се обидувам да согледувам што подалеку.

496. Искрено жалам што многу нешта кажувам и докажувам предвреме.

497. За мене е веќе сосем неважно до кога и уште колку.

498. Засекогаш никогаш јас и ти.

499. Само дела и ништо друго од мене.

500. Во МАНУ има многумина кои не што не заслужуваат да бидат академици, туку треба и да се срамат дека се.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIV