ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 841-867

Потребно време за читање: 2 минути

841. Угул голи

Угул гол силник со угул голи лигуши, коленичари, измеќари и апашишта страховладеат со народ.

842. Се разбира

Сè е чисто меѓу извалкани на власт.

843. Улавост

Градиш мост на соработка со сосед со асимилаторско-окупаторски аспирации спрема твојот народ!

844. Последици

Од незнаење си патиме и допрва ќе страдаме.

845. Врвно мафијаштво

Власта веќе не е послушна и е против силниците што му ја натурија на народот!

846. Страховладеење

Страв да се крене глас, а камо ли да се земе стап в раце.

847. Најголема лична поразија

Кога омразата ја надвладеала љубовта.

848. Најголем срам

Денес во Северџганска калакурница стана најголем срам да си член на мафијашките партии на власт-ДУИ и СДСМ!
И ова:
Штом си член на една од овие партии или на некоја од нивните коалициони партнери, ти по дифолт си мафијаш!

849. Економска војна

На Балканот (не Западен Балкан) се разгорува економска војна меѓу САД, ЕУ и Кина. Засега преку „посреднички“ натурени мафијашки властодршци, како во Северџганска калакурница.

850. Верба

Имам верба единствено во самосвесна, самобитна и слободоумна личност.

851. Пари за поматен ум

Парите не го поматуваат умот. Го поматуваат многу пари.

852. Опитен и лажливец

Опитниот се учи од свои и од туѓи грешки, а лажливецот на свои и на туѓи лаги.

853. Јаден народ

Бедни властодршци живеат и се богатат на грбот на беден народ.

854. Камелеони

Нема поголеми камелеони од силници како „стратешки партнери“ на обессилени.

855. Еден

Еден како ниеден оти е за никаде.

856. Ти

Сакаш кога сакаш несомнено и непорекливо.

857. Силник

Собрал силник изроди и апашишта, та заедно со нив навалил да разнебити мудар исконски народ.

858. Нечовечки

Стар бел дедо самотен и премален, никому на товар, а секој што подалеку од него.

859. Пред последен чекор

На чекор до конечно разнебитување на исконскиот македонски народ и неговата држава?! Можеби, но тој чекор без двојба ќе биде долг, тежок, мачен, крвав. Со многу жртви и саможртви.

860. Како

Како против лицемерие на „стратешки партнер“? Не поинаку, освен со разобличување и срамотење.

861. Каков предводник

Човек-мудра, учена и творечка личност, современа, доблесна и достоинствена.

862. Невреме

Било невреме во вчерашно и денешно време, предвидливо е негово траење утре.

863. Единствен спас

Личен и колективен опстанок единствено со творечки стојности во идентитетските темели.

864. Истовремено

Не може инаку напред, освен со чистење, расчистување и одговорност за сите сторени зла.

865. Бесмислено живуркање

Ништо во сешто за ништо.

866. По многу време

Ние никогаш заедно оти бевме и сме секогаш сами во себе.

867. Тој за туѓи интереси

Тој мисли дека може уште како досега, со свои и против свои за туѓи интереси.