148. Упорност-Истрајност
Каква и да е, голема или мала, упорноста најпосле те доведува до некој твој врв. Без неа човек не може да преживее ни ден ни ноќ. Особено кога пречките се од големи поголеми и сè потешко се надминуваат.
Во што било, кон што било, како било и до кога било човек мора да биде истраен. Најпрвин да ја брани својата човештина во надвладувањето на секакви премрежија.
Македонски народни пословици и изреки
Можеш ако мислиш дека можеш.
Секогаш е прерано да се откажеш.
Ти во искушение, јас истраен.
Голема мака на голем чоек.
Прва изгора упорита.
Се преумори од истрајност ко да си сработил најтешка твоја работа.
Минатото постојано го богатиш со своја сегашнина.
Си ја арчиш снагата до премалување, та ја одмораш, та продолжуваш да ја арчиш за арнина.
Во Бога е сиот твој живот, заедно со него ко човек зависен од светот што го менува самиот и му го менуваат други.
Упорно менуваш менувајќи се.
Бог ја благослови истрајноста кога не е лесно. А ништо во животот не е лесно.
Не можеш да растеш ако не вежбаш.
Од бедата ни сила ни истрајност. Сал те учи да бидеш сиромашен.
Во борба меѓу силни и слаби, глупави и паметни секогаш победуваат силни и паметни.
Упорноста за величење, за сожал неразумноста.
Пословици и изреки од народи на светот
Планина ќе помести само оној што на почетокот поместувал каменчиња. (Кинеска)
Не прашувам колку си скокнал, туку колку скокаш. (Кинеска)
Ако го брусиме доволно долго, парчето железо ќе стане игла. (Кинеска)
Парите растат на дрвото на упорноста. (Јапонска)
Да се сака значи да се може. (Француска)
Кај што недостасува сила, ја надоместуваме со волја. (Италијанска)
Не полагај темели, ако не си во состојба да изградиш цела куќа. (Руска)
Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ. (Германска)
Она што се смета за тврдоглавост кога целта е лоша, се толкува како упорност кога е добра. (Романска)
Како некој стар копач на злато, мораш да се помириш со тоа дека треба да ископаш многу песок од кој потоа трпеливо ќе измиеш неколку мали парченца злато. (Индиска)
Латински изреки
Од еден удар дрво не паѓа. (Non uno iuctu arbor cadit.)
Не се соборува секое дрво со прв удар.
Ако не одиш докрај, зошто воопшто одиш?
Непрестаната работа, а не силата и интелигенцијата, е клуч за отклучување на нашите можности.
Брзо ќе го скинете лакот ако биде постојано оптегнат. (Cito rumpes arcum, semper si tensum habueris.)
Во постојаниот труд е надежта. (In konstanti labore spes.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Големи нешта во светот направиле или постигнале луѓе кога се чинело дека нема никаква надеж.
Анонимус
Нe можете да победите човек кој никогаш не се откажува.
Анонимус
Ако ви оди премногу лесно, погледајте подобро, можеби ви оди надолу.
Анонимус
Упорноста е добродетел над сите други добродетелства кои вродуваат со плод!
Анонимус
Биди упорен и успехот ќе дојде.
Анонимус
Инсистирајте да ви се даде и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што инсистира да му се даде, прима; и кој бара, наоѓа; и кој чука, ќе му се отвори.
Библија
Рекле, издумале
Не се плаши од неуспех; ако си паднал и илјада пати, обиди се уште еднаш.
Лао-Це
Треба да се издржи докрај со насмевка на стјуардеса која знае дека на авионот нешто не е в ред.
Иво Андриќ
Не се откажувај пред неуспесите, туку посмело напред стапувај.
Вергилиј
Упорната работа победува сè.
Вергилиј
Секој голем успеј е триумф на упорност.
Артуро Граф
Постојаниот напор ја обликува интелигенцијата.
Ади Шанкара
Капка не длаби камен со сила, туку со често паѓање.
Овидиј
Истрајната добрина ги победува сите лоши намери.
Луциј Анеј Сенека
Не е да не се осмелуваме зашто е тешко, туку е тешко зашто не се осмелуваме.
Луциј Анеј Сенека
Одважниот и дрзок човек може да преземе сè, но не може сè и да заврши.
Наполеон I Бонапарта
Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален. Она што е важно е храброста да се продолжи натаму.
Винстон Черчил
Најпосле, суштина на сознавањето не е во тоа дали ја губиме играта, туку како губиме, што спознаваме со тоа, на што нè научил поразот и како тоа нè менува. Да се губи на одреден начин значи-да се добива.
Ричард Бах
Генијалност е 1% инспирација и 99% пот.
Томас А. Едисон
Не сум доживеал неуспех. Само сум пронашол 10.000 начини кои не функционираат.
Томас А. Едисон
Оваа порака би им ја дал на младите: немојте да бидете најдобри во одделението. Ако сте најдобри во одделението, не сте во право одделение.
Џејмс Дјуи Вотсон
Никогаш не смеете да се откажете. Победниците никогаш не се откажуваат, а луѓето кои се откажуваат никогаш не победуваат.
Тед Тарнер
Многумина од нас се добри на стартот, но лоши во финишот на што било во што се впуштаме. Дотолку повеќе, луѓето се наклонети да се откажат по првиот знак на пораз. Додека лице кое упорноста ја направил свое животно мото, открива дека поразот конечно ќе се „умори“ и ќе отстапи. Поразот не може да се носи со упорност.
Наполеон Хил
Кога ќе биде испишано последното поглавје на вашиот живот, ќе увидите дека упорноста, или нејзин недостаток, играла голема улога во вашиоте успеси или неуспеси.
Наполеон Хил
Почетната точка за секој напредок е желбата. Имајте го ова постојано во умот. Слабите желби носат слаби резултати, исто како што малиот оган дава малку топлина.
Наполеон Хил
Кога судбината ќе ви донесе лимон, го претворате во лимонада.
Дејл Карнеги
Амбицијата е пат до успех. Упорноста е превозно средство со кој стсасуваш дотаму.
Бил Бредли
Ќе бидам истраен сè додека не успеам. Секогаш ќе направам уште еден чекор. Ако тоа не е можно, ќе направам друг, уште еден. Навистина, чекор по чекор не е премногу тешко. Знам дека малите обиди, повторени, ќе завршат кој било потфат.
Ог Мандино
Талентот е ништо без упорност.
Дин Крафорд
Малку повеќе упорност, малку повеќе труд, и она што се чинело дека е безнадежен неуспех може да стане величествен успех.
Елберт Грин Хабард
Да се остави своја трага на овој свет е тешко. Да е лесно, сите би го правеле тоа. Но не е. Потребно е трпение, посветеност, како куп попатни неуспеси. Вистински тест не е дали ќе го избегнеш тој неуспех, зашто нема. Туку е во тоа дали ќе дозволиш тоа да те повреди или посрамоти и запре, или ќе научиш од тоа, без оглед дали си избрал да истраеш.
Барак Обама
Неуспехот не е секогаш грешка. Некогаш тоа е нешто најдобро што може да се случи соодветно на околностите. Права грешка е да престанеш да се обидуваш.
Бурхус Фредерик Скинер
Истрајноста значи да не се успее 19 пати и да се успее од 20-от обид.
Џули Ендрјус
Ако не можеш да леташ, тогаш трчај. Ако не можеш да трчаш-оди. Ако не можеш да одиш, тогаш ползи. Но, да работиш што било. Само продолжи да се движиш напред.
Мартин Лутер Кинг Јуниор
Сè што можеш да замислиш, можеш и да оствариш.
Пабло Пикасо
Немам идол. Она на што се восхитувам се работа, упорност и способност.
Ајртон Сена
Ако тоа сè уште не сте го нашле, продолжете да го барате. Немојте да се задоволите. Како што е тоа случај со сите нешта на срцето, ќе знаете кога тоа да го пронајдете. Како и во сите сјајни врски, со годините станува сè подобро и подобро.
Стив Џобс
На Бог му е најдраго она дело на кое се истрајува, макар било и мало.
Мухамед
Секој ден однеси кантичка земја на едно место и ќе изградиш планина.
Конфучиј
Ме гонеше мојата преостаната селска упорност и немилосрдно јасната мисла за потребата да се бранам. Морам. Оди напред, после умри.
Меша Селимовиќ
Успехот е резултат на совршенство, напорна работа, учење од неуспесите, предаденост и упорност.
Колин Пауел
Едно од задоволствата на генијот е неговата сила на волјата и упорноста.
Мен Реј
Разликата помеѓу упорноста и тврдоглавоста е дека едната доаѓа од силна волја, а другата од желба.
Хенри Вард Бичер
Многу е важно да не се откажувате. Дури тогаш можете нешто и да направите.
Стивен Хокинг
15 проценти од успехот може да се припишат на обуката и образованието, додека 85 проценти се должат на однесувањето, упорноста, трудољубовиоста и визијата.
Дејв Ремзи
Јас сум перфекционист. Поставувам толку високи барања кон себеси што сум осуден на постојано незадоволство од себеси.
Дејвид Лоџ
Доколку сакате да постигнете успех на одредено поле, упорноста е една од клучните квалитети.
Џорџ Лукас
Ако постојано додавате малку на мало, тогаш тоа мало на крајот ќе стане големо.
Ирвинг Стоун
Ако постојано ти се налага да гладуваш, неволно ќе се озлoбиш, дури и ако не си змеј.
Станислав Лем
Ако не ги искористите знаењата, а не учите постојано, тие со сигурност ќе исчезнат.
Виталиј Мелентиев
Ако постојано не се среќавам со предизвици што ги надминувам, како да разберам дека сум способен?
Дејвид Грабер
Без упорност и трпение не се живее.
Шимада Соџи
Без упорност не може да има ниту љубов, ниту пријателство, ниту добродетел.
Џозеф Адисон
Без упорност, она што останува е поттик на моментот. Без приспособливост, она што останува може да биде насочено кон деструктивен фанатизам.
Октавија Е. Батлер
Непроценливите работи имаат значење не за постојната вредност, туку затоа што ни нудат траен потсетник за стабилност и упорност.
Барбара Тејлор Бредфорд
Благоразумноста, како и самиот живот, се состои од непрестано движење напред, во постојана потреба да започнеш одново, со трпение.
Маргерит Јурсенар
Во мозокот има постојана бура од електрична активност.
Дејвид Рок
Во сферата на идеите сè зависи од ентузијазмот… во реалниот свет сè почива на упорноста.
Јохан Волфганг Гете
Во толку деликатно и сериозно прашање како што е смислен избор и градење на ваш нов свет, две компоненти се многу важни-упорност и дисциплина.
Наталија Правдина
Вашите мисли се манифестираат во вашиот живот пропорционално на нивната упорност, интензитет и сила.
Пем Грут
Големината не се раѓа од еден успех. Големината се раѓа од истрајноста преку безбројните неуспешни обиди кои ѝ претходеле.
Сајмон Синек
Верноста означува цврсто да се придржуваме до исполнувањето на должноста, да го држиме зборот и да ги исполнуваме своите обврски. Тоа вклучува лојалност, упорност и надежност.
Боб Кафлин
Сепак, нема да стигнеме никаде. Во тоа, пријателе, се состои иронијата на нашето постојано движење.
Кејт Ди Камило
Всушност, повеќето од нас упорноста ја гледаат како изразито некреативен пристап, вид на стратегија на која луѓето со просечни идеи се принудени да се потпрат.
Јона Лерер
Секоја цел нападната со правилни дејствија во правилни количества упорност е остварлива.
Грант Кардон
Во секој човек постои постојана борба помеѓу она што е и она што би требало да биде. Навистина, не секој ја забележува.
Хавиер Бардем
Верувам во постојаната револуција.
Џермејн Грир
Грешката е само последица на неточни проценки, но упорноста во веќе откриената грешка е признак на слаб карактер.
Кристијан Боуви
Да живееш на белиот свет-значи постојано да се бориш и постојано да победуваш.
Николај Пирогов
Да преживееш значи да се потпреш на упорноста; но да се промениш значи да растеш.
Пол Зејн Пилцер
Дијамантите се формираат благодарение на постојан притисок.
Робин Шарма
Добро избалансирана рамнотежа на емоции, разумна гордост и упорност се најважните услови за целосна реализација на талентот.
Наталија Бехтерева
Дрвјата нè учат на трпение, но тревата нè учи на истрајност.
Крег Џонсон
Дрвјата се најголемите и духовно најнапредните растенија на Земјата. Тие се во постојана медитација. Фината енергија е нивниот природен јазик.
Мантак Чиа
Единствената среќа во животот-тоа е постојаното стремење напред.
Емил Зола
На крајот на краиштата, ако верувате во себеси и другите ќе веруваат во вас. Тој бизнис е заразен-опсесија, упорност, трудољубивост, верба, талент.
Марија Метлицкаја
Една од предностите на староста: не треба постојано да брзате негде.
Розамонд Пилчер
Животот е игра во која правилата постојано се менуваат. Не победува тој што ги следи правилата, туку тој што ги прекршува.
Александар Белов
Животот е постојана серија на можности. Ако не посегнеме по нештата, ако не го искористиме она што ни доаѓа, тогаш не можеме да бидеме во хармонија со основната природа на животот.
Денг Минг-Дао
За да се оствари голема мечта, првото барање е голем капацитет да мечтаеш; второто е упорност.
Цезар Чавез
За среќа, животот сака постојано да го менува редоследот на нештата, давајќи му можност на секој да го следи неговиот напредок, да живее во него.
Ким Туј
За среќа, упорноста е најсилна замена за талентот.
Стив Мартин
Запомни: најглавната работа во семејниот живот не е среќата, туку одржливата истрајност.
Алесандро Барико
Почнувам да ја доведувам во прашање истрајноста на вашиот морален компас.
Кристофер Мур
Златото брзо се размножува само ако постојано работи.
Џорџ Клејсон
И во автосугестија, како и во сè друго, се неопходни трпение и упорност.
Емил Куе
Уметникот е секогаш континуирано ангажиран со две нешта. Тој постојано размислува за смртта и постојано создава живот.
Борис Пастернак
Уметноста е нужно убавина, полнота, совршенство, хармонија, благодат, елеганција, пропорционалност. Непрекината промена со упорност.
Анатолиј Ефрос
Уметноста на љубовта е во голема мера уметност на упорноста.
Алберт Елис
Клучот на успехот е желбата. А таа постојано гори во мене.
Ал Пачино
Кога решив дека не можам да продолжам, се принудив да продолжам. Мојот успех се заснова на упорност, а не на среќа.
Есте Лаудер
Кога следниот чекор е нејасен, најдобриот начин да се разбере е да се преземе акција. Постојаното движење е клучот за исполнувањето.
Скот Белски
Кој не може да свети со постојаноста на сонцето, може барем да свети како метеор.
Хенрик Сјенкевич
Колку е глупаво постојано да мислиш за продолжување на животот! Животот е добар само кога му се насладуваме.
Густав Флобер
Колку може да биде шуплив и безвреден животот кога се заснова на лажно верување во континуитет и постојаност.
Согјал Ринпоче
Бродовите побрзаа напред, водени од постојан таинствен ветер кој се чини дека имаше некоја загадочна цел.
Јоханес Јенсен
Ѕидовите на тврдината, рацете и духот треба постојано да се проверуваат.
Вадим Панов
Курсот на зборовите, како и курсот на парите, е објект на постојани промени.
Гилберт Адаир
Среќата е еднаква на диверзификација плус упорност.
Џејмс Алтучер
Недостигот на мотивација не е еднаков на неуспех, ниту е постојана слабост.
Лили Синг
Љубовта е активност; ако сакам, јас сум во состојба на постојан активен интерес за саканиот човек.
Ерих Фром
Љубовта е истрајност до крај.
Лопе де Вега
Сонувајте големи соништа и следете ги тие соништа со храброст, оптимизам и упорност. Ангажирај се да го направиш светот подобро место.
Пат Вилијамс
Мечтата е многу кревко нешто, но никој не сака да биде близу до постојаното потсетување на неа.
Харлан Кобан
Може ли некој да го оцени совршенството ако е постојано?
Џулија Квин
Можете да станете учен само со натприродно трпение, натприродна истрајност и сеопфатна љубов кон работата.
Георгиј Гуревич
Мозокот на старецот е како стар коњ: за одржување на работоспособноста му е нужно постојано вежбање.
Хенри Адамс
Мотивацијата работи одвреме навреме-но секогаш можете да сметате на упорност, издржливост и трудољубивост.
Даниел Милман
На светот нема ништо попостојано од непостојаноста.
Џонатан Свифт
На шест години сакав да бидам Колумбо, на седум-Наполеон, а потоа моите барања постојано растеа. Сега сакам да сум Салвадор Дали.
Салвадор Дали
Најголемиот непријател на вистината често не е лагата-намерна, измислена и нечесна-туку митот-упорен, убедлив и нереален.
Стив Бери
Напред, постојано напред кон неизвесноста.
Бернард Вербер
Не можеш постојано да живееш во страв. Понекогаш е нужно да поверуваш и да ризикуваш.
Бернард Вербер
Напнатоста не е недостаток на совршенство, туку постојан стремеж кон него и непрестано обновувани обиди да се задржиме на него.
Даниел Глатауер
Нашето мото треба да продолжи да биде истрајност. И на крајот верувам дека Семоќниот ќе ги круниса нашите напори со успех.
Вилијам Вилберфорс
Нашите нивоа на желба, трпение, упорност и самодоверба на крајот играат многу поголема улога за успехот отколку чистите расудувања.
Кармин Гало
Не можете да имате авантури без ризик. Не можете да имате големи нешта, ако постојано се плашите од загуба.
Лиз Бразвел
Не можете да очекувате светот да изгледа светол ако постојано носите темни очила.
Томас Стернс Елиот
Не можете да постигнете совршенство, но можете да поверувате во асимптота по која постојано се движите напред.
Пол Каланити
Не можете да купите здравје, можете да го заработите само со сопствена упорност.
Пол Брег
Не можете да лажирате напор; талентот е голем, но истрајноста е неопходна.
Ејми Блум
Не ги ограничувајте вашите предизвици; оспорувајте ги вашите граници. Секој ден треба да се стремиме кон постојано и бескрајно усовршување.
Ентони Робинс
Незнаењето не е лоша вера. Но, упорноста во незнаењето е.
Џоана Рас
Неопходен е постојан напор на умот за да се избегне изобилството кое природно го нуди животот.
Стјуарт Вајлд
Очигледно, потребно е постојано да бараме нешто ново додека животот продолжува.
Вирџинија Вулф
Неизвесниот и сомнителен ум води до свежи визии за светот и можност за нови и постојано променливи реалности.
Мајкл Шермер
Ние-тоест нашиот живот и нашата душа се наоѓаат во процес на постојано распаѓање и пресоздавање.
Ричард Фланаган
Ние постојано се самоуништуваме и повторно се создаваме, едноставно некои го прават тоа поизразито од другите.
Мајкл Шенон
Кај девојките не успева ниту прекумерното уживање, ниту претераната упорност-нека тргнат по средниот пат.
Ватсајана Маланага
Ништо не дава повеќе слобода од постојаното потценување од другите.
Скот Линч
Нема ништо потрајно од промената.
Карл Бјорн
Обично луѓето се плашат да прашаат, а кога ќе одлучат им недостига упорност. Ова е голема грешка.
Марк Фишер
Сакам страшни експерименти. Јас самиот постојано ги правам.
Чарлс Дарвин
Спротивната страна на амбицијата е постојано чувство на незадоволство од вашите достигнувања.
Мајк Викинг
Општествениот живот-тоа е постојана битка.
Емануел Муние
Има и предности во упорноста.
Филип Пулман
Основната причина зошто човекот прави грешки се крие во постојаната борба на чувствата со разумот.
Блез Паскал
Одвратно е да ја сфатиш оваа постојана зависност од некого или нешто.
Коџи Сузуки
Ставот, хуморот и акцијата (упорноста) ќе ги разбијат стравовите и отфрлањето. Стравот од неуспех не постои ако верувате дека не постои.
Џефри Гитомер
Понекогаш вие ризикувате да ја преминете тенката граница меѓу шармантната упорност и неподносливата тврдоглавост.
Рансом Ригс
Постојаната револуција е невозможна, исто како постојаната хирургија.
Исак Сингер
Нашата постојана адреса е утре.
Маршал Меклуан
Постојаниот стремеж кон нешто е вграден во нашата природа.
Ричард Бренсон
Постојаниот напор на почетокот ја создава зачуваната енергија на крајот.
Волтер Багеот
Упорност-најинвентивен начин да се создаде глупак.
Ентони Шафтсбери
Упорноста со текот на времето станува доверба.
Сатја Надела
Упорноста гарантира дека резултатите се неизбежни.
Парамаханса Јогананда
Упорноста е една од последните вредности што останале во овој безумен свет.
Алексеј Пехов
Упорноста е инает со цел.
Рич Девос
Истрајноста е клучот за постигнување и одржување на инерцијата.
Дарен Харди
Упорноста е критична компонента на успехот.
Дарен Харди
Истрајноста е најпотребната од добродотелествата.
Андре Жид
Истрајноста е постојан сон на љубовта.
Лук де Клапиер Вовенарг
Упорноста е единствена ментална моќ; сила која е од суштествено значење за борбата против бруталната сила на повторените отфрлања и многу други пречки кои чекаат и се дел од победата во светот кој брзо се движи, постојано менувајќи го светот.
Боб Проктор
Истрајноста на дејствувањето доаѓа од истрајноста на визијата.
Стив Павлина
Упорноста на убедувањата не е повод за извинувања.
Ден Абнет
Упорноста се исплати.
Џефри Дин Морган
Упорноста треба да биде спокојна, а не да плаче.
Сергеј Јаров
Повикувањето на секој човек на духовна активност е постојаното пребарување на вистината и смислата на животот.
Антон Павлович Чехов
Проблемите кои остануваат упорно нерешливи секогаш треба да бидат сомнителни како прашања поставени на погрешен начин.
Алан Вотс
Промените се единственото постојано нешто во овој живот.
Џеки Чен
Промената треба да се случува постојано, независно дали ја очекуваме или не, и не можете да бидете изненадени од промена освен ако не ја очекувате и не ја барате.
Спенсер Џонсон
Простувањето изискува интелигенција, дисциплина, имагинација и упорност, како и посебна психолошка сила, нешто што спортистите го нарекуваат ментална цврстина, а воините храброст.
Едвард Халовел
Разликата меѓу оние кои постигнале успех и оние кои не успевале обично не е во талентот, туку во упорноста!
Адам Џ. Џексон
Реалноста, иако непокорна, на крајот наликува на нашите мечти ако мечтаеме доволно упорно.
Роза Монтеро
Ретко се знае дали упорноста е благородна или глупава додека не биде предоцна.
Едвард Сент Обин
Само ако го измешате знаењето со однесувањето, карактерот, упорноста, визијата, трудољубивоста и екстремните нивоа на работа, ќе ви го создаде вашето високо образование.
Дејв Ремзи
Само една задача од нив бара постојан инает-опстанок.
Жанин Каминс
Само преку внимателна ментална подготовка можеме постојано да донесуваме мудри одлуки.
Џим Рон
Страдањето ги симболизира бескрајните можности за усовршување, истрајното откривање на радоста.
Рабиндранат Тагоре
Една форма на упорност е секојдневната дисциплина да се обидуваме да ги правиме работите подобро отколку што сме правеле вчера.
Анџела Дакворт
Оваа комбинација на страст и упорност ги направи луѓето со посебни високи постигања. Со еден збор, имаа храброст.
Анџела Дакворт
Она што ќе го постигнеме во маратонот на животот зависи исклучително многу од нашата храброст-нашата страст и упорност за долгорочни цели.
Анџела Дакворт
Истрајноста на напорите на долг рок е сè.
Анџела Дакворт
Талентот во комбинација со упорноста ви овозможува да ги усовршите своите вештини-а вештините ви дозволуваат да го постигнете вашиот сон.
Барбара Шер
Трпението и упорноста се апсолутно задолжителни додека се стремите кон кетоза.
Ерик Вестман
Упорноста во лошото не означува истрајност. Во мојот регион тоа се нарекува глупост или упорност.
Фернандо Рохас
Успехот е поврзан со длабокото разбирање на она што човек сака да го постигне со помош на истрајност, ред, волја, исполнување на должностите дадени на себеси и ослободување од противречности и пороци.
Џон Бејнс
Успехот изискува упорност, способност да не се откажуваш пред неуспехот. Верувам дека оптимистичкиот стил на објаснување е клучот за упорноста.
Мартин Селигман
Успехот не е отсуство на неуспех; тоа е упорност преку неуспех.
Ајша Тајлер
Успехот се постигнува со постојан труд и постојано внимание. Ние треба да се бориме за тоа, да не се двоумиме ниту за момент и да не се повлечеме ни чекор.
Вилијам Џенингс Брајан
Успехот ги придружува оние кои веднаш почнуваат да ги извршуваат најважните работи, кои негувале упорност и решителност да работат на нив до победничкиот крај.
Брајан Трејси
Често чувството на среќа зависи од упорноста со која некој не сака да биде измамен.
Ноел Калеф
На човек му е потребна истрајност во сè, дури и во лошо.
Елена Михалкова
Човек кој расте добивајќи премногу чести награди нема да има упорност бидејќи ќе се откаже кога наградите ќе исчезнат.
По Бронсон