ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 369-392

Потребно време за читање: 2 минути

369. Трага

Секој зад себе остава трага. Разликата на една од други е во големината, широчината и длабината.

370. Процес со интерес

Со интерес ту напред ту назад, а најмногу вртење во круг.

371. На виделина

Од мрачнина на виделина и зломисла и злонамера пред злодело. Во одбрана на сè добро.

372. Независен

Ни со едни исти, ни со други. Макар сам.

373. Па што

Незнаен творец на знајно дело. Дека непризнаен.

374. За мајтап

Не е за жалење оној со кого секој се мајтапи. За срамење е.

375. Никој во што било

Без своја љубов за себе не си никој во што било.

376. Погано

Погани властољупци, погани политиканти на власт, погани платеници за туѓи погани цели.

377. Велик

Мртов, а жив во народ со дух, мудрост и дело.

378. Должност

Актуелната северномакедонска власт е должна веднаш да му одговори на македонскиот народ:
Дали се согласува да ги внесе во Уставот Бугарите како државотворен народ (како што јасно и недвосмислено бараат тие)?

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 58-62

379. Во празнотија

Најмачно е да си долго во празнотија. Во неа сè ти е бесцелно и бесмислено.

380. Би

Би се радувал да покажеш барем малку почит спрема моето грандиозно мислечко и книжевно творештво.

381. Ете

Како можам вака катаден? Ете можам. Не знам до кога.

382. Стар

Слушам и се чудам:
„Пуштете го нека пишува и збори. Нема друга работа. Дребникав старец“.

383. Поздрав

Бидете здрави и живи вие, мои другари и пријатели!

384. Изгора

Изгоро моја, колку почесто те сонам, толку си ми помила и подрага.

385. Ти

Ти не знаеш што значи нецивилизиран човек. Ти си простак, недоветен, безобразен и дрзок силник.

386. Ни најмало гајле

Народот ништо не ви верува, а вам баш не ви е гајле!

387. Трагично

Стар бел дедо:
Кога би ми се дала можност, и јас би се иселил од оваа држава на мафија!

388. Многу скоро

Како што тргнале мафијашкиве изроди на власт и нивните „стратешки партнери“ со планското форсирање на иселувањето (најмногу на Македонците-без шанса „еден убав ден“ да се вратат во својата исконска земја), многу скоро ќе нема жив човек во Северџганијава. Освен во Скопје!
И така, Северџганија ќе биде „заменета“ со Република Скопје! Како „неутрална зона“ меѓу Санстефанска Голема Бугарија и Призренска Голема Албанија.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 841-867

389. Моето дело

Единствено е моето дело зашто го создавам без престан.

390. Ова срце

Срце големо, срце широко, срце кршливо.

391. Владеењето на мафијата

Секоја мафија владее бесрамно и безочно. Или за неа така владеат платеници и лигуши.

392. Помирен

Ќе отидам во неврат, а нема да видам бел ден за моето дело.