25. Меѓу луѓе и пред нив
Еден е од малкутемина
творци
меѓу луѓе и пред нив
замислен, расположен,
потонат во грижи,
потонат во мисла
што одвај ја зауздува
да не се ракрили
и полета во синевини.
Меѓу луѓе творец жив
секогаш радо расправа
за вчера сосе денес
во негов сон,
секогаш подготвен
да биде трепетен глас
на ветар
што ќе ги ведри и куражи
додека не станат жарови
за огнови на сите страни.
Пред луѓе со свои знаци
како дамна наредени
во писмо
кое чека друго време
откриено, одгатнато,
воспримено или оставено
само да замине
некаде далеку од нив;
за никогаш
да не се усвои како говор
на тишина меѓу ѕвезди.