ДУМА, ОПИТ, УКА 30

Потребно време за читање: 4 минути

30. Бог-Господ

Македонски народни пословици

Лажни солзи Господ не прима.

Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш.

Бог да нè пази од сиромашија и од простотија.

Бог да нè чуа од препраени светци.

Бог да те чуа од домашен арамија.

Бог да те чува од тамавќар и од завислив.

Бог е во срцата на тие што го бараат.

Сам Христос работеше, да ние да не работиме?

Се мачит како Риста. Се мачит како светец.

Ќешке да не се родеше Јуда, одошто го предаде Христа.

Христос воскресна од мртвите, за да `и оживи умрените и да пострами Евреите.

Христос се роди за да нè спасит.

Христос ќе дојди со ангелите и со светците, за да судит живите и умрените.

Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.

Арно Божиќ иди, туку со што ќе не најди?

Божик сос криво магаре иди.

Божиќ (е) тучалник, (а) Велигден џиџи-миџи.

Да живее од Бадни вечер до Божиќ.

На Б`дник петел јадеа, на Божиќ расол.

Пред Божиќ, зад Божиќ, каде да си, дома да си.
Иако било времето добро до декември, околу крајот на месецот, пред Рождество Христово, тогаш бездруго ќе се расипе и ќе имаме зима, а можеби и лута.

Пословици од народите на светот

Разликата помеѓу бог и човек е во тоа што бог господари со незнаењето, а незнаењето господари со човекот. (Индиска)

Што бога го прави среќен? Да види сиромашен ѓавол кој нашол богатство и го враќа назад. (Еврејска)

Кога бог би живеел на земја, луѓето би му ги искршиле прозорците. (Еврејска)

Нема место за бог во оној кој е полн со самиот себе. (Еврејска)

Бог дела создава, а за нив човекот одговара. (Бенгалска)

Подобар е оној бог кому ние му се поклонуваме. (Јапонска)

Ако Бог зартвори една врата, Тој отвора илјада други. (Турска)

Кој се плаши од Бога, не мора да се плаши од никого. (Турска)

И оној што го гонат и оној што гони го призиваат Бога. (Арапска)

Латински изреки

Слава му на Бога на височината и на Земјата мир и помеѓу луѓето добра волја. (Gloria in excelsis Deo et in terra pax hominibus bonae voluntatis.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Ако некој рече: јас го љубам Бога, а го мрази братот свој, лага е; зашто кој не го љуби братот свој, кого го гледа, како може да го љуби Бога кого не го гледа.
Библија

Рекле, издумале

Највисоката манифестација на бога е чистиот дух во чисто тело. Бог е во срцата на оние што го бараат.
Сри Ауробиндо

Две нешта ми велат дека има бог: ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.
Имануел Кант

Бог е во сите луѓе, но не се сите луѓе во бога; оттаму и нивното страдање.
Сри Рамакришна

Кој го бара бога, нема да го најде.
Кој се бара себеси, бог ќе го најде.
Свами Вивекананда

Ако сакаш да го најдеш бога, служи му на човек.
Свами Вивекананда

Вистината-тоа е бог. Кајшто е љубовта, таму е бог. Бог има толку имиња колку што има луѓе.
Мохандас Карамарчанд Махатма Ганди

Кај што е љубов, тука е бог. И кај што е бог, тука е љубов.
Ганди

Бог има толку имиња, колку што има живи луѓе.
Ганди

Кога бог не би постоел на земјата, би требало да се измисли.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Бог е чудесен и страшен збор, настанат од ужасот пред смртта.
Мирослав Крлежа

На бога му се обраќаме само тогаш кога сакаме да постигнеме нешто невозможно. За нешто можно доволни ни се и луѓето.
Албер Ками

Бог е тешко да се спознае, но тоа не значи дека го нема, туку е тоа знак на неговото величество, а на нашата слабост. Бог е како чиста вода која би сакале да ја испиеме; а не можете чиста вода да налеете во валкан сад, па потоа да судите за нејзината чистотија.
Лав Николаевич Толстој

Човекот никогаш не е поблиску до бога отколку кога е во неволја. Користи се со тоа и гледај да не ја пропуштиш таа можност на зближување со него, зашто тоа дава неуништливо добро.
Толстој

Нема ништо трајно кајшто изостанува бог.
Вилјем Шекспир

Не можам да сфатам како човек може да го гледа небото и да вели дека нема бог.
Абрахам Линколн

Најдобар начин да се спознае бог е да се сакаат многу работи.
Винсент Ван Гог

Ние не знаеме дали го сакаме бога, но без сомнение знаеме дали го сакаме својот сосед.
Света Тереза Авилска

Секое новородено дете донесува порака дека бог сè уште не ја изгубил довербата во човекот.
Рабиндранат Тагоре

Бог е единственото суштество кое за да владее нема потреба да постои.
Шарл Бодлер

Љуби го бога, па прави што ти е драго.
Свети Августин

Само будалите и фанатиците се сосем сигурни во своето сфаќање за бог.
Радакришнан

Кога човек ќе сфати дека богот во него е истиот бог во сите суштества, и дека повредувајќи други се повредува самиот себе, тогаш го достигнал највисокиот Пат.
Бхагавад гита

Постојат само два вида на луѓе кои можеме да ги наречеме мудри: првите кои му служат на бога со сето срце зашто го спознале, а вторите кои го бараат со сето срце зашто сè уште не го спознале.
Блез Паскал

Нека не се меша бог, освен ако заплетот е достоен за негово посредство.
Хорациј

Имај храброст за големи жалости на животот и трпение за мали. И кога трудољубиво си ја исполнил својата дневна задача, појди да спиеш во мир. Бог е буден.
Виктор Иго

Бог и гаволот постојано војуваат околу светот. Кој знае кој од нив е вистински господар?
Кристијан Фридрих Хебел

Страстите создаваат чуда: коцкарот е во состојба да не јаде и не спие како некој светец. Мошне е оопасно да се сака бог онака како што коцкарот ја сака својата игра.
Симон Веј

Крајна и вистина цел на секој е духовно и етичко единство на бог и човек.
Алберт Швајцер

Ние не знаеме дали го сакаме бога, но без сомнение знаеме дали го сакаме својот сосед.
Света Тереза

Никогаш не сум можел даго замислам човштвото без Него.
Фјодор Достоевски

Бог е секогаш на страната на големите баталјони.
Наполеон Бонапарта

Човекот е повикан да го продолжи создавањето. Негово дело е осмиот ден на создавањето.
Николај Александрович Берѓаев

Луѓето претендираат да му служат на семожниот бог клој тоа не го бара, а всушност имаат потреба за него сакаат да го користат.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс

Ниеден проблем нема да биде решен додека безгрижно очекуваме само бог да се погрижи за тоа.
Мартин Лутер Кинг

Познат бог веќе не е никаков бог.
Пол Верлен

Лесно да се биде со бог сè дотогаш додека не морате да го браните.
Морис Жобер

Нема смртник кој може да ги види боговите. Смртниот човек ги забележува само даровите небески.
Миларепа, учител на тибетскиот будизам

Leave the first comment