ДУМА, ОПИТ, УКА 17

Потребно време за читање: 3 минути

17. Туѓина-Татковина

Македонски народни пословици

Дошло си од туѓина, сакат да му платат киријата.

Лани бев на туѓина, годинаава не сум дома.

Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат.

‘Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.

Туѓина вали-сам не оди.

Туѓина којшто оди, не треба да се боит.

Туѓината е за сиромав бел образ.

Чужиот леб з’би кршит.

Чужџина(та) другему фали (ја), а сам (ти) не оди.

Туѓината, колку и да е пофална и ползотворна, не му е на секого пријатна; таа си има и свои лоши страни.

Куќен арамија е полош од јабанџија.

Пословици од народите на светот

Во туѓина песот седум години не лае. (Еврејска)

На човекот во туѓина најдрага од сè му е татковината. (Арапска)

На мртвите ниту една земја не им е туѓа. (Данска)

Кој се наоѓа во туѓина, мора да носи најубава облека. (Германска)

Туѓината не им верува на солзите. (Руска)

Во туѓа земја ниту пролетта не е убава. (Руска)

Човек кој не ја запознал туѓината, не ја знае вредноста на човекот. (Турска)

Никој не ја сака татковината затоа што е голема, туку затоа што е негова. (Словенечка)

Од родниот крај и враната е угодна. (Корејска)

Без корен ниту пелинот не расте. (Руска)

При враќање во татковината се нема срам. (Татарска)

Човек без татковина е како земја без семе. (Етиопска)

Издвоен од милата тагува седум години; издвоен од татковината тагува цел живот. (Туркестанска)

Латински изреки
Ubi bene, ibi patria. (Кај што е добро, таму е татковината.)

Рекле, издумале

Татковината не живее на геограската карта, туку во срцата на луѓето.
Адам Мицкјевич

На мудриот човек целата земја му е отворена оти татковината на возвишената душа е универзумот.
Демокрит

Луѓето ја отстрануваат совеста и ја поставуваат татковината на нејзино место.
Рабиндранат Тагоре

Да се чувствуваме во светот како дома можем,е само со помош на работа. Кој не работи, тој нема татковина.
Ерих Ауербах

Пепелта на мртвите ја создаде татковината.
Ламартин

Љубовта спрема татковината не знае за туѓи граници
Станислав Јержи Лец

Кога ќе замре љубовта спрема татковината, тогаш и државата мора да умре.
Михајло Пупин

И калта е дел од родната грутка.
Милован Витезовиќ

Татковината не ги сака ни оние кои не се способни за што било, ниту оние кои се способни за сè.
Фредерик Фалукс

Татковино, ти си како здравје.
Иван Цанкар

Не прашувај што ќе стори татковината за тебе. Подобро прашај што можеш ти да сториш за неа.
Џон Ф. Кенеди

И најзаслужниот ѝ должи на татковината повеќе одошто таа нему.
Јакоб Буркхарт

Никогаш немој да се замориш во помагањето на татковината.
Еврипид

Слатко е и чесно да се умре за татковината. Уште послатко е за неа да се живее.
Хорациј

Какви никаквеци би биле кога би го направиле за ссебе она што не би биле подготвени да го направиме за татковината!
Чамило Бенсе Кавур

Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените.
Џорџ Бернард Шо

Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.
За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој. Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек.
Григор Прличев

Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски-ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.
Блаже Конески

Тешко ми е Татковино…кога не сум во тебе, кога те напуштам како да го напуштам Бога. Како да ми бега од над глава десната рака на Ангелот, како уште да траат сите твои востанија… како никогаш да не може да секне крвта на Апостолите, на измачените, крвта на царевите, на Великите, крвта на просветителите, на најумните, крвта на војводите на најмилите, крвта на комитите на најхрабрите, крвта на паднатите на неправедно жигосаните, крвта на неродените, на утре ликвидираните…
Петре М. Андреевски

Leave the first comment