Потребно време за читање: 5 минути

144. Благородност

Според изразноста и значењето, на благородноста најблиски ѝ се благодушноста, добродушноста и човештината, а блиски ѝ се и милостивоста и доблеста. Таа најмногу се врзува за душата и срцето. Се изразува и потврдува со добар, убав, богат збор, но и со добро, вредно, убаво, долготрајно дело.

Во нашево совремие, како и во многу други пред него, блиски и далечни, благородноста најнапред упатува на моралните својства на човекот, пред сè на неговата непорочност. Да не се заборави и на неговата добронамерност.

Македонски народни пословици и изреки

Еден драм милос (љубов) да има чоеко, одошто ока алт`ни да дават в црква.

Јас душата си ја давам за пријателот.

Дрвјата растат на земјата за доброто на чоештината.

Ашколсун на чоештината што ја има.
       Нема никаква чоештина; или: имал чоештина; на двата збора се вели.

Благородниот човек е бестрашен.

Пословици и изреки од народи на светот

Без познавање на судбината, не може да се стане благороден маж. (Кинеска)

Благородниот човек не очекува измама од никого, а прв забележува дека е измамен. (Арапска)

Благородниот човек се обвинува себеси, а малиот обвинува други. (Турска)

Возвишената уметност му подарува благородност и убавина на животот на душата. (Индиска)

Срамењето не им дава благородноста и човечноста да се истакнуваат пред луѓето. (Романска)

Срца полни со благородност секогаш го победуваат злото. (Руска)

Голем ум и благородна душс без горчина во самотија. (Руска)

Делото го облагородува човевкот. (Француска)

Бестрашноста ја докажува на дело човечката благородност. (Германска)

Латински изреки

Прекумерната благородност во однос на дрскиот човек е нецелисходна. (Contra impudentem stulta est nimia ingenuitas.)

Никогаш не ја поставувај својата безопасност во зависност од благороден човек.  

Благородноста на делата се изразува целосно по нивното завршување.

Страдањето е мерило за благородност за човек кој извршил подлост.

Домисла, гесло, мисла водилка

Раѓањето и смртта се две најблагородни добродетели.
Анонимус

Нема благородност во убиството, туку само цел.
Анонимус

Жени прават подлости, а зборуваат за чест и благородност.
Анонимус

На физичката работа која најпрвин му дава живост и здравје на животот, благородноста ѝ помага најмногу. Со неа таа и се возвраќа.
Анонимус

Рекле, издумале

Не прави добри дела јавно, туку сокриено, зашто благородноста се срами од фалење.
Ал-Хаким ат-Тирмизи

Она што е корисно за човештвото, тоа  е и благородно.
Фојдор Достоевски

Благородниот човек привлекува благородни луѓе и знае како да ги задржи.
Балтазар Грацијан   

Благородниот за непријателот се изразува добро и постапува уште подобро.
Јохан Волфганг Гете

Особина на благородните духови е да не прават ништо половично.
Џорџ Виленд

Најнапред треба да сме привлечни, а потоа благородни.
Николас Шамфор

Богаташот е благороден од суета или страв, а сиромавиот од побожност и честољубие.
Јован Дучиќ

Не се однесувај лошо, не лути се, пројави благородност, бидејќи кога ќе размислиш можеби нема да има време да поправиш сè.
Александар Меккол Смит

Оружјето е инструмент на бедата, а не на благородноста.
Александар Солженицин

Не примајќи, туку давајќи придобиваш благородност.
Антоан де Сент Егзипери

Лесно е да умреш, но да живееш-ти треба благородност!
Анчи Мин

Способноста за оценување и споредување сама по себе зборува за благородност на духот.
Артур Конан Дојл

Навредливата искреност не е благородност, а само грубост.
Брам Стокер

Често не ги разбираме и ги потценуваме подвигот, храброста, благородноста поради фактот дека се извршуваат пред нашите очи.
Владимир Карпов

Мажите со штит на витешка благородност обично кријат малодушност и алчност.
Осаму Дазаи

Крадците имаат благородност, но таа се разликува од онаа на чесните луѓе.
Џек Лондон

Сиромаштијата означува отсуство на средства, а не отсуство на благородност.
Џовани Бокачо

Верувам во благородноста на човековата природа, во големината на силата и во полнотата на милосрдието и радоста.
Џон Раскин

На секој чекор-подлост и благородност, саможртва и исклучителен егоизам, кражба и чесност.
Дмитртиј Лихачев

Благодарноста-знак на благородност на душата.
Езоп

Следниот пат кога ќе видите восхитувачки квалитети во друг човек: благородност, умешност, дарежливост, добронамерност, не завидувајте. Инспирирајте се.
Ерик Бертранд Ларсен

Историјата никогаш не води до тоа личната машкост и индивидуалната благородност да им станат излишни на луѓето.
Жан Жорес

Мешајќи се меѓусебно, овие два квалитета-благородноста и богатството-бледнеат.
Жан-Кристоф Руфен

Разумно е да се дејствува со благородност спрема паднатиот непријател.
Захари Тејлор

„Саможртвата“, рече Силви, „е збор што на масовното убиство му дава нијанса на благородност“.
Кејт Аткинсон

Постапките е најдобро да се прават кога има кој да ја цени нивната благородност.
Кир Буличев

Нема благородништво, нема и радост да се живее според правилата.
Клифорд Сајмак

Вулгарен е ставот кој се занимава исклучиво со пресметки на успехот и се засновува на слепило за благородноста на напорот.
Лео Штраус

Нештата кои благородноста никогаш не би можеле да ги разберат се достатно очајни.
Лорејн Хит

Таа имаше премногу благородност за да може да верува во отсуството на благородност кај оние што ги сакаше.
Маргарет Мичел

Нешто многу убаво им се случува на луѓето кога светот ќе им се распадне: смирение, благородност, повисок интелект се појавува токму во моментот кога нашите колена удираат во подот.
Маријам Вилијамсон

Навредливата искреност не е благородност, а само грубост.
Марија Корели

Во смртта воопшто има малку благородност.
Марк Чаран Њутн

Умеењето да се смееш на себеси е знак на благородност.
Михаил Јосифович Велер

Добродетелта е првиот знак на благородност.
Молиер

Жртвата треба да биде не средство за да станеш благороден, туку знак на духовна благородност.
Морис Метерлинк

Секоја промена е закана за стабилноста. Цивилизацијата нема апсолутно никаква потреба од благородност или херојство. Благородноста, херојството се само симптоми на политичка несоодветност.
Олдос Хаксли

Благородноста на чувствата не е секогаш придружена со благородност на манири.
Оноре де Балзак

Ако беа кучиња, ќе ме подушкаат и ќе се оддалечат, но луѓето немаат таква вродена благородност.
Робин Хоб

Одбивањето да убиваш е знак на морална благородност што заслужува почит.
Роже Мартен ди Гар

Трудот-ова е вистинската титула на вистинска благородност! Тој е моќ и радост за човекот-творец.
Ромен Ролан

Вистинска благородност е да минуваш низ целиот свој живот со мудри чекори, кои доаѓаат од твоето срце.
Роза Монтеро

Вистинската благородност често се состои од ненаметливост.
Радјард Киплинг

Твојата беда е во тоа што имаш комплекс на благородност.
Сара Вотерс

Во очите на поетите, несреќата е вистинска благородност.
Штефан Цвајг

Што всушност е благородноста? Тоа е да се трудиш да страдаш за другите, а не мрзеливо да ги натераш другите да страдаат за себе.
Томас Карлајл

Среќата не е во секое задоволство, туку само во чесноста и благородноста. Со него, како највисоко добро, нашата природа води кон добродетелта.
Томас Мор

Без сомнение, тоа е она што ме привлече, романтиката и благородноста.
Фил Колинс

Во политиката нема благородност.
Хантер Томпсон

Во смртен свет сè е променливо. Сепак, сè во животот има свои причини-богатство и благородност, успех и неуспех.
Као Ксуекинг

Дарежливоста и благородноста меѓу адвокатите се сметаат за знак на слабост.
Ирвин Шо

Пред сè, треба да се научиме одново да веруваме во можноста за благородност на духот во себе.
Јуџин О`Нил

Спрема жените се великодушни и внимателни само благородните луѓе, а жените ги понижуваат и злоставуваат само оние што се лоши и со ниска нарав.
Мухамед

Благородниот човек привлекува благородни луѓе и знае како ќе ги задржи.
Јохан Волфганг Гете

Благородноста ретко е резултат на храброст; храброста е уште поретко резултат на благородност.
Франтишек Сланина

Благородниот човек е подготвен на помирување, но не се понижува. Безочниот се понижува, но не е подготвен на помирување.
Конфучиј

Благородниот маж размислува за правилниот пат и не размислува за храната. Може да работи во поле и да биде гладен. Може да се посвети на подучување-и да прима великодушни награди. Но благородниот маж се грижи за праведниот пат и не се грижи за сиромаштијата.
Конфучиј

Благородниот маж е свесен за својата супериорност, но ја избегнува конкуренцијата. Се согласува со сите, но со никој не се договара.
Конфучиј

Благородниот маж не настојува да јаде докрај и да живее богато. Брза во работата, но се двоуми во говорите. Во комуникацијата со честити луѓе се поправа.
Конфучиј

Благородниот маж ја цени должноста над сè. Благородниот човек надарен со храброст, но не знае за должност, може да се впушти во грабеж.
Конфучиј

Благородниот маж поднесува неволи. И нискиот човек во невола се растворува.
Конфучиј

Секој може да стане благороден маж. Само треба да одлучите тоа да станете.
Конфучиј

Нема промена само со највисока мудрост и најмала глупост.
Конфучиј

Пред човекот постоја три пата до разумот: патот на рефлексија е најблагороден; патот на имитација е најлесен; патот на личното искуство е најтежок пат.
Конфучиј

Пред благородниот маж се прават три грешки: да се разговара со него кога зборовите не допираат до него е непромисленост; да не се зборува кога зборовите би допреле до него е тајна; а да се зборува без посматрање на изразот на неговото лице е слепило.
Конфучиј