16. Свет
Македонски народни пословици
Како го знајш светов? (прашале некого)-Како срцево мое (одговорил тој).
Значи секој се труди за другого според себеси.
Светов ет аџаип.
Светов ет за чудење.
Свето е мердивен: едни се качуат, а други слеват.
Свето море чорба од риба да се сторит, пак за вас не ќе останит.
Светот е лажовен.
Светот неќат приказни, ами сакаат пари.
Свет се плени, баба се чешла.
Дури те честат светот, чести се и ти.
За свето кој плачи, без очи ќе си останит.
Пословици од народите на светот
Овој свет личи на предворје на идниот свет: уреди се во предворјето за да влезеш во салонот. (Еврејска)
Светот му припаѓа на оној које ќе му се наметне. (Еврејска)
Среќата на следниот век се гради во овој. (Кинеска)
Светот е широк и длабок: кој не знае да плива во него, ќе се удави. (Италијанска)
Светот е како прозорец: секој приоѓа, разгледува и оди. (Ерменска)
Правдата избега од светот зашто никој не сакаше да ја прими во својата куќа. (Малтешка)
Светот не е рај, но не е ни пекол. (Српска)
Секој нов свет е препис на претходен. (Грчка)
Многумина би сакале да го сфатат светот, а го гледаат низ клучалка. (Германска)
Домисла, гесло, мисла водилка
Светот почива на четири потпичари: на учење на мудриот, на добродетелта на храбриот, на неправичноста на големиот и на молитвите на непорочниот. (Суфистичка искра)
Дојди, погледни го овој свет. Тој е како бојосана кралска кочија на која будалите ѝ се предаваат. Мудрите не се заробени во кочијата.
Дамапада
Рекле, издумале
Светот е сцена на која секој игра своја улога.
Вилјем Шекспир
Светот е голема сцена: доаѓаш, одигруваш, одиш.
Клаудијанус Клаудиј
Светот е како змија: нејзиниот допир е нежен, но каснувањето смртоносно.
Рабиндранат Тагоре
Ние овој свет го читаме наопаку, а потоа се жалиме дека не го разбираме.
Рабиндранат Тагоре
Има онолку светови колку што можат да се сместат во главата.
Станислав Јержи Лец
Светот никогаш не им простува на оние што ништо не згрешиле.
Станислав Јержи Лец
Не мислам дека светот кога било би можел да биде совршено добар, но сум сигурен дека би можел и би морал да биде далеку подобар.
Јозеф Чапек
Оној што го прекорува светот, од светот ќе биде прекорен.
Ридвард Киплинг
Светот во најголем дел е составен од луди и никаквеци.
Ридвард Киплинг
Понекогаш малцинството е во право; мнозинството секогаш греши.
Ридвард Киплинг
Светот секое утро станува сè подобар, а навечер сè полош.
Лафает Роналд Хубард
Светот е сè пологичен и сè полуд.
Ханс Хабе
Светот не е ниту паметен, ниту правичен, но својата глупост и неправдата ги искупува со својата непоправлива сентименталност.
Алдоус Хаксли
Ни добар, ни лош не е светот; човекот исто така.
Фридрих Вилхелм Ниче
Кога светот би постоел само поради нас, би морало да ни биде срам колку сме за него недостојни.
Душан Радовиќ
Светот не се лечи со пекол, доколку сака да се лечи, туку со тоа што ќе ѝ се отвори прозорецот на светлината која ќе му го покаже патот.
Џорџ Елиот
Да се разбере светот и да се сака, тоа се две нешта кои не е лесно да се усогласат.
Лорд Џорџ Сарил Халифакс
Неволјата со светот е во тоа што глупавите се самосвесни, а паметните сомничави.
Бернард Расел
Светот е огледало кое секому му ја враќа неговата сопствена слика.
Вилјем Мејкпис Чакереј
Светот, единствен од сè, не е создаден од никој од боговите, ниту од некој од луѓето, туку бил, е и ќе биде. Вечно живее огнот кој според одредени закони се пали и според одредени закони се гасне.
Хераклит
Светот овој е тиранин на тиранинот, камо ли на душа благородна.
Петар Петровиќ Његош
Живееме во најдобриот можен свет, зашто немаме друг избор.
Милован Витезовиќ
Оној што мисли дека може да најде во себе сила за да се одрекне од сиот свет, многу се лаже; оној што мисли дека светот не може без него, се лаже уште повеќе.
Ла Рошфуко
Светот е огледало кое секому му ја враќа неговата сопствена слика.
Вилјем Мејкпис Текереј