13. Душа
Македонски народни пословици
Душа е помила од богаство.
За брада е мака, а за чешли, колку ти душа сака.
Јас душата си ја давам за пријателот.
Кај што излегуа збор,-душа.
Кој много дава, од много е имање; а кој малку дава, од душа дели.
Кој што си пастри устата, тој си пастри душата.
Кркај, душо, да слушаш.
Лисјето на дрвјата му сет душата.
На чорбаџијата ќефо додека да му дојде, на сиромао душата ќе му искокне.
Ов моме, ов душо, ов брашно, ов страшно.
Парата е за чоека душа.
Прао мери, прао душа да ви излезе.
Сиромасите со душа и чекаат постите.
Трај, душо, за месо до Велигден.
Трпи, душо, да се спасеш.
Блазе си му на трпеливата душа.
Ако ти носит душа, стори.
Ако чоекот е во снага како скот, ама во душата ет како бог.
Болес душа не вади: болнио стануа, здравио умира.
Пословици од народите на светот
Малите тела имаат големи души. (Англиска)
Калливата душа е полоша од калливото тело. (Монголска)
Туѓата душа е како непроодна шума: во неа нема да влезеш. (Руска)
Не суди за човекот според убавината на облеката, туку според убавината на душата. (Руска)
Очите без душа се слепи, ушите без срце се глуви. (Руска)
Ако скршиш рака или нога, можеш да живееш; ако си ја скршиш душата, нема да живееш. (Руска)
Како што во кременот не се гледа огнот, така ни во човекот не се гледа душата. (Руска)
Може да се запознае длабочината на бунарот, но не и длабочината на душата. (Индиска-телугу: јазик, исто така тенуга фелинга, еден од петте дравидски јазици: го говорат 37 милиони луѓе во средниот дел на источен Декан (држави Андра-Прадеш и Мадрас); Телугу народот, исто така Андра, е дравидски народ, вкупно 55 милиони припадници; следбеници на хиндуистичкиот правец на будизмот.)
Она што му се на телото добрите јадења, тоа на душата ѝ се добрите дела. (Балкански народи)
Душата не се мери со лакот. (Холандска; лакот-мера)
Кога шумата гори сите гледаат; кога душата гори никој не забележува. (Бенгалска)
Домисла, гесло, мисла водилка
Душата не живее во телото како во куќа, туку како патник во туѓо пристаниште.
Куран
Каква е користа на човекот ако сиот свет добие душа, а на душата своја ѝ наштети? Или каков поткуп ќе даде човекот за својата душа?
Библија
Душата е сведок на душата, душата е засолниште на душата. Не ја презирај својата душа, тој најголем доказ дека си човек.
Староиндиски запис
Латински изреки
Реков и ја спасив својата душа. (Dixi et salvavi animam meam.)
Рекле, издумале
Говорот е слика на душата.
Цицерон
Железото е потврдо од каменот, каменот е потврд од дрвото, дрвото е потврдо од водата, водата е потврда од воздухот. А она што не може да се допре, што не се гледа и не се слуша, потврдо е од сè на светот. А што е тоа? Тоа е душата во човекот.
Лав Толстој
Блажени се луѓето кои имаат добра душа. Оние што имаат лоша, никогаш не се спокојни.
Питагора
Сите имаат душа; сè е скитачка душа во органскиот свет, подреден на вечните желби и закони.
Питагора
О срце, ако незналецот вели дека со телото ќе исчезне и душата, кажи му: „Цветот ќе угине, ама семето останува“.
Калил Џибран
Вторпат се родив кога мојата душа и моето тело се засакаа.
Калил Џибран
Душата е постара од телото. Душите се раѓаат одново во овој живот.
Платон
Секоја душа е потенцијално божествена.
Свами Вивекананда
Душата се извалкува ако се пие од ист бунар од кој пие и оној што ја предал човечката должност.
Миларепа
Лути сведоци на луѓето им се очите и ушите, доколку имаат необразовани души.
Хераклит
Велат дека во човечкото око има таканаречено сочиво од кое зависи правилниот вид. И во човековата душа требало да се вгради такво сочиво.
Максим Горки
Очите лесно го гледаат она со што е преполна душата.
Иво Андриќ
Човечката душа е како водата; доаѓа од небото, се искачува на небото и оттаму брзо се враќа постојано менувајќи го престојувалиштето.
Јохан Волфганг Гете
Средбата на сродни души е мистично единство.
Анонимус