ДУМА, ОПИТ, УКА, 1

Потребно време за читање: 2 минути

1. Добро

Македонски народни пословици и изреки

Барај го доброто и купи го скапо.

Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само.

Барај го доброто и по земи и по небо.

Барај го доброто, оти поскапо е од златото.

Дал ти Господ две добра: едно за дење, друго за ноќе.
Смешен одговор од искрен пријател на тој што ќе рече: добро утро.

Добро веднаш не иди, а лошо иди.

Доброто го познаа и ѕверо.

Доброто добро донаса.

Доброто се скоро заборава.

И ние знаеме доброто, ама сме скудни у реброто.

Којшто чини добро, не ќе најдит лошо.

Колку зборој (сме рекле), толку добра (да дајт бог).
Благословување при пиење вино и ракија.

Напрај добро и в море врли го.

Напрај добро и на душмано.

Не лежат две добра на једно место (или: на једна перница).

Нема добриње без трудење.

Сите добра на едно место не и даат Господ.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 29

Пословици од народите на светот

Доброто прави го со мерка, а злото никако. (Индиска)

Бегај од доброто, ќе се спасиш од злото. (Турска)

Доброто се претвора во подобро, а подоброто во зло. (Француска)

Вратата зад која е скриено доброто тешко се отвора, а вратата зад која е скриено злото тешко се затвора. (Кинеска)

Да се научиш на добро потребни се три години; да се научиш на зло, доволно е едно утро. (Кинеска)

Со добро на добро може секој да возврати, а на зло да му се возврати со добро може само вистински човек. (Курдистанска)

Доброто што на грбот носи зло не е добро. (Германска)

Ако ми сакаш добро- стори ми го во моите црни денови. (Осетинска)

За да се прават добри дела, никогаш не недостасува време. (Руска)

Доброто зрно останува, а плевелот ветер го однесува. (Словачка)

Оној што сака добро личи на оној што прави добро. (Арапска)

Побрзај да направиш добро кога можеш, зашто секогаш не ќе можеш. (Арапска)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 72

Секое чесно добро капе полека, нечсното изобилно притекува; но мало и праведно е подобро одошто големо а зло. (Арапска)

Рекле, издумале

Она најдоброто не доаѓа само- доаѓа во друштво на сѐ.
Вилјем Шекспир

Оној што сака да прави добро, ќе почука на врата.
Рабиндранат Тагоре

Кој чини добро, од него уште повеќе добра се очекуваат.
Иво Андриќ

Кој ќе се одлучи да прави добро, не треба да очекува дека поради тоа ќе му ги тргаат камењата од патот, туку мора да биде подготвен уште некој камен да му навалат на грб
Д-р Алберт Швајцер

Малкумина се оние што умеат да прават добро; за зло е секој вешт.
Балатазар а Моралес Грацијан

Големото не е секогаш и добро, а доброто е секогаш и големо.
Јакоб Боневи

Најдобар начин да се чини добро е цврстата одлука да се сузбива злото.
Чезаре Канти

Големо зло е да не правиш добро.
Жан Жак Русо

Не сакам да влезам во историјата. Доволно ми е да го завршам животот со убедување дека никому не сум му нанел зло.
Виторио Де Сика

Ако на твојот пријател си му сторил мала неправда, таа неправда во твоите очи нека изгледа голема и исправи ја. Ако на твојот пријател си му сторил големо добро, тоа во твоите очи нека изгледа мало. Ако тој тебе ти сторил мало добро, во твоите очи тоа нека изгледа големо, а големото зло нека ти изгледа мало.
Роберт Натан

 

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 23

 

Leave the first comment